фудбал

Бурнмаут се врати во англиската Премиер лига

Тимот на Бурнмаут и официјално се врати во англиската Премиер лига. Популарните „Цреши“ промоцијата ја обезбедија со победата над директниот конкурент Нотингем Форест со резултат 1:0 во 45. коло на Чемпионшип.

Бурнмаут освои 85 бодови и го обезбеди второто место во конечниот пласман на табелата. Нотингем останува на 3. место со и ќе игра во плеј-офот за влез во елитната англиска лига.

Буррнмаут се враќа во Премиер лигата по само една сезона во Чемпионшип. Тие ќе му се придружат на Фулам, кој исто така се врати во елитата откако ја обезбеди шампионската титула.


Салах: Го посакувам Реал Мадрид во финалето на ЛШ

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах не го криеше задоволството од пласманот во финалето на Лигата на шампионите, после елиминацијата на Виљареал. 

Својот противник за финалето, екипата на Ливерпул ќе го добие после полуфиналниот реванш помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Салах со нетрпение очекува можен реванш против Реал Мадрид, од кого загубија во финалето во 2018 година.

“Ако треба да бидам искрен, го сакам Реал Мадрид. Сити е многу тежок противник, игравме со нив неколку пати оваа сезона. Но лично јас го претпочитам Реал бидејќи го загубивме финалето од нив и се надевам дека ќе добиеме реванш”. изјави Салах за англиските медиуми.


Унаи Емери: Немавме одговор за одличниот Ливерпул во второто полувреме

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, упати пофалби кон својот тим за одличниот настап во првото полувреме од полуфиналниот дуел во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Виљареал до полувремето имаше водство од 2:0, но во вториот дел гостите од Ливерпул одиграа одлично и направија целосен пресврт за победа од 2:3.

„Планот беше да се контролира топката и да се изврши притисок врз Ливерпул на нивната половина. Првиот дел се одвиваше според планираното сценарио, се израмнивме со резултатот од првиот дуел и имавме шанса да го елиминираме противникот.Во вториот дел немавме одговор за навистина исклучителната игра на Ливерпул. Не успеавме да го направиме последниот чекор кон финалето, но сме на добар пат“, потенцира тренерот на „жолтата подморница“, Емери.


Руските клубови нема да играат во евро-куповите и следната сезона

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, објави дека воведе мерка санкции за Фудбалскиот сојуз на Русија за следната сезона 2022-2023.

Репрезентацијата на Русија нема да учествува во Лигата на нации и ќе се смета дека го зазела последното место во Б лигата.

Клубовите нема да можат да играат во европските натпреварувања, а оваа одлука важи и за машките и за женските екипи. Исто така, под санкции се и сите младински селекции на Русија, како и футсал репрезентацијата.

УЕФА ја отфрли и кандидатурата на Русија за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2028 и 2032 година.


Падна договор: Перишиќ во Интер до 2024 година

Интер ќе го продолжи договорот со хрватскиот играч за врска Иван Перишиќ до 2024 година, објавија дел од медиумите во Милано. Според нив, играчот ќе заработува 5 милиони евра годишно во клубот од Милано.

33-годишниот Иван Перишиќ за италијанскиот тим настапува од 2015 година, откако се пресели од германски Волфсбург. Вкупно за Интер, хрватскиот играч за врска постигна 52 гола на 250 натпревари во сите натпреварувања и даде 48 асистенции.

Договорот меѓу Перишиќ и Интер истекува на крајот од оваа сезона. Пазарната вредност на фудбалерот според порталот Трансфермаркт е 10 милиони евра. Од 2019 до 2020 година хрватскиот играч за врска играше како позајмен во Баерн Минхен.


Добри вести за Гвардиола, Вокер повторно тренира со екипата

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, ги продолжи тренинзите со тимот еден ден пред реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. 

Вокер беше надвор од теренот после натпреварот со Атлетико Мадрид пред три недели кога заработи повреда на скочниот зглоб. 

Тренерот Гвардиола се надева дека фубалерот ќе може да учествува на натпреварот со Реал.


Милнер добива нов договор на „Енфилд“

Ливерпул планира да му понуди нов договор на Џејмс Милнер. Раководството на англискиот клуб ќе започне преговори со искусниот играч за врска веднаш по завршувањето на сезоната.

36-годишниот фудбалер е во плановите на менаџерот Јирген Клоп за наредниот шампионат. Актуелниот договор на играчот од средниот ред истекува на крајот од првенството.

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејмс Милнер, потпиша за Ливерпул во 2015 година. Тој во сезонава одигра 22 натпревара.


Дресот на Меси во кој го постигна својот 500-ти гол продаден за над 400 илјади евра

Весникот „Марка“ ја пренесува веста дека фудбалскиот дрес на Лионел Меси, кој го носеше кога го постигна својот 500-ти гол во кариерата, е продаден на аукција за неверојатни 427.680 евра.

Аргентинската супер ѕвезда голот број 500 го постигна на 23 април 2017 година, во победата со 3:2 над најголемиот свој ривал, Реал Мадрид.


Јуве сонува трансфер на Мохамед Салах

Јувентус се обидува да го ангажира напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах во летниот преоден рок.

Според изворот, Бјанконерите се обидуваат значително да ја засилат својата офанзивна линија ова лето по лошата сезона под водство на Масимилијано Алегри. Еден од кандидатите е Египетскиот интернационалец Мохамед Салах.

Претходно беше објавено дека Салах се уште не се согласил да го продолжи договорот со Ливерпул, кој истекува во 2023 година. Така, Ливерпул може да се обиде да го продаде во следниот преоден рок за да не го напушти клубот со слободен трансфер.

Мохамед Салах одигра 32 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи 22 гола и 13 асистенции. Нема информации која би била цената која е подготвен да ја плати Јувентус за Мохамед Салах.


Храдецки останува во Баер Леверкузен

Баер Леверкузен сака да го продолжи договорот со финскиот голман Лукас Храдецки.

Според изворот, клубот и играчот веќе започнале преговори. 31-годишниот Храдецки е во Баер Леверкузен од 2018 година која дојде од Ајнтрахт Франкфурт. Лукас Храдецки оваа сезона има одиграно 40 натпревари за германскиот клуб во сите натпреварувања.

Во овој период прими 50 гола. Исто така 11 пати неговата мрежа остана недопрена. Дресот на репрезентацијата на Финска го носел на 75 официјални натпревари.