фудбал

Алаба го пропушта реваншот со Манчестер Сити

Тренерот Карло Анчелоти објави дека дефанзивецот на Реал Мадрид Давид Алаба нема да игра на реваншот против Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„За жал, тој нема да може да се опорави за овој натпревар“, изјави  на прес- конференција тренерот Анчелоти.

Фудбалерот од Австрија беше под знак прашалник и за првиот меч кој се одигра во Манчестер, на кој успеа да стартува, но беше заменет во текот на средбата.


Италијанските гиганти профитираат од промените во Челзи

Продажбата на Челзи сигурно ќе предизвика огромни промени во самиот клуб, не само надвор од теренот, туку и внатре во него.

Новинари блиски до клубот наведуваат дека и челниците на спортскиот сектор размислуваат за продажба на голем број играчи за да го стабилизираат клубот, а тоа го привлече вниманието на многу европски клубови. Се издвојуваат оние од Италија.

Ромелу Лукаку се поврзува со Интер и Милан, репрезентативецот на Италија, Жоргињо би можел да ги засили Јувентус, Милан или Лацио, кој е заинтересиран и за Рубен Лофтус-Чик и Кепа Аризабалага.

Наполи и Милан го сакаат Хаким Зијеч, засега непознати клубови од Апенините размислуваат за Маркос Алонсо и Тимо Вернер, но постојат сите шанси да ги чекаат новите сопственици кои најверојатно ќе бидат отворени за преговори за статусот на многу играчи.

Познато е и дека Италијанците често купуваат „на попуст“, па ќе видиме колку ќе бидат „дарежливи“ новите челници на Челзи …


Бензема го израмни историскиот рекорд на Хуго Санчез

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема го израмни голгетерскиот рекорд на поранешниот мексикански напаѓач Хуго Санчез во една сезона, објави статистичката служба Опта на својот Твитер профил.

Оваа сезона, францускиот напаѓач постигна 40 гола за Реал Мадрид во сите натпреварувања, што го прави петтиот играч во историјата на клубот кој некогаш ја достигнал оваа бројка. Покрај Бензема, на оваа листа се и поранешните играчи на „кралскиот клуб“ Кристијано Роналдо , Алфредо ди Стефано , Ференц Пушкаш и Хуго Санчез, кои исто така постигна 40 гола во сезоната 1989/1990.

Со оглед на тоа што Реал Мадрид има уште неколку натпревари оваа сезона, Карим Бензема ги има сите предуслови да ја надмине мексиканската легенда Хуго Санчез. Договорот на Бензема со Реал Мадрид е до 30 јуни 2023 година. Французинот веќе 11 години игра за мадридскиот клуб.


Киеза ќе биде откупен, Јуве ќе плати уште 40 милиони евра

Јувентус ќе го откупи договорот на Федерико Киеза кој настапува од 2020 како позајмен од Фиорентина. Договорот меѓу двата клупа е вреден 40 милиони евра.

Сумата треба да биде исплатена во рок од три години но, може да се зголеми за уште десет милиони доколку се постигнат одредени услови. „Старата дама“  плати 10 милиони за позајмица на Киеза.

Одличниот напаѓач во наредната сезона ќе го носи дресот со бројот 10 кој сега го има Паоло Дибала. Познато е дека Аргентинецот на лето ќе го напушти Торино.


Чави го сака Рубен Невес во Барса

Барселона е заинтересирана за играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невес.

Изворот вели дека играчот сака да го напушти клубот следното лето. Главни претенденти за Рубен Невес се Манчестер Јунајтед и лондонски Арсенал, но самиот Португалец сонува да игра за Барселона, што би можело да го поедностави процесот на неговиот трансфер во каталонскиот клуб.

Во корист на Шпанците игра и фактот што менаџерот на Невес е португалскиот агент Жорж Мендеш, кој има добри односи со раководството на Каталонците.

Вулверхемптон сака 120 милиони евра за играчот од средниот ред. Рубен Невес (25 години) оваа сезона одигра 29 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи четири гола и две асистенции.


Меси има ужасна реализација сезонава, најлоша во петте најсилни лиги

На Лионел Меси не му оди во ПСЖ, Аргентинецот е далеку од формата во која посакуваа и очекуваа да биде навивачите на клубот од Париз. И бројките покажуваат дека Меси далеку под своето ниво.

Имено, според познатата страница за статистичко истражување „Whoscored“ Меси е најлошиот реализатор на шанси во Европа. Во предвид биле земени 165 играчи во петте најсилни првенства и тоа фудбалери кои имале најмалку двоцифрен број на шанси.

Реализацијата на Меси била најслаба со само 8.3 од шансите кои ги имал да постигне гол за ПСЖ. Во редовите на ПСЖ Меси дојде минатото лето после финансиските проблеми во Барселона, а на 22 натпревари подели 13 асистенции и постигна пет гола во Лигата на шампионите.

ПСЖ ја освои и титулата во францускот опрвенство, но главната цел на клубот беше пехарот во Лигата на шампионите кој повторно остана недостижен.


Перишиќ го продолжува договорот со Интер

Медиумите од Италија пренесуваат дека еден најискусните фудбалери на Интер, Иван Перишиќ, ќе потпише нов договор со клубот.

Хрватскиот репрезентативец ќе ја продолжи соработката со Интер до 2024 година,и ќе добива по 5 милиони евра по сезона.

Перишиќ има одлична сезона во која има постигнато 7 гола на 32 натпревари во Серија А. Член е на  Интер од 2015 година за кого има одиграно 250 натпревари. Неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната.


Матеус го искритикува Баерн за пристапот пред дуелот со Мајнц 05

Екипата на Баерн беше критикувана во Германија откако по поразот од Мајнц во Бундеслигата, фудбалерите заминаа на два дена на така наречен тим-билдинг на шпанскиот остров Ибица.

Баварците ја обезбедија десеттата последователна титула во шампионатот а патувањето имаше за цел да го „обедини тимот“, изјави спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ.

Тоа не му се допадна на светскиот шампион од 1990 година, Лотар Матеус.  

„Тоа не требаше да се дозволи, особено по таков натпревар“, беа дел од зборовите на Матеус.


Каљари го отпушти тренерот Мацари

Екипата на Каљари, на три кола пред крајот на сезоната во Серија А го отпушти тренерот Валтер Мацари. 

Тимот се наоѓа на 17. место од табелата и има порази на седум од последните осум натпревари во лигата, со што се најде на само три бода од испаѓање.

60-годишниот Мацари беше назначен за тренер минатиот септември.


Фулам е шампион на англискиот Чемпионшип

Тимот на Фулам е освојувач на шампионската титула во англискиот чемпионшип. Екипата од Лондон во натпревар од 45.коло, на домашен терен го совлада Лутон со 7:0. 

Фулам веќе имаа обезбедено враќање во Премиер лигата, а сега ја освоија и титулата на еден меч пред крајот на првенството.

Напаѓачот Александар Митровиќ постигна два гола против Лутон. Србинот има постигнато 43 гола оваа сезона, што е рекорд од основањето на лигата.