фудбал

Сари споменува оставка по лошите резултати на Лацио

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, по вчерашниот пораз на теренот на Салернитана, најави, дека размислува за заминување од Рим.

Неговиот тим го има дури десетто место на табелата со само 17 бодови што претставува најслаб почеток на сезоната во последниве десет години.

„Во наредните денови ќе размислам за ситуацијата и ако најдам докази дека јас сум виновен за тоа што се случува, прв ќе разговарам со претседателот и ќе си поднесам оставка“, изјави Сари пред мечот со Селтик во Лигата на шампионите.


Барса ќе го стави Рафиња на трансфер-листа

Рафиња минатото лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.

Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа. Со заминувањето на Дембеле, Рафиња требаше да биде стартер на десната крилна позиција, но не ги оправда очекувањата.

Барселона со неговата продажба сака да обезбеди средства за купување на квалитетен играч за врска во јануари, поради повредата на Гави.

Најсилен интерес за Рафиња покажува Њукасл, кој е спремен да понуди 50 милиони евра.


Анчелоти: Посебно ми се допаѓаат Чаби Алонсо и Тиаго Мота

Карло Анчелоти повторно зборуваше за својата иднина, но и за еден од главните кандидати за негов наследник.

Анчелоти нагласи дека ќе го чека Флорентино Перез и Реал Мадрид до последна секунда за продолжување на договорот, но нема да има никаков проблем доколку биде заменет од Чаби Алонсо.

„Не мислам на иднината. Мислам на ова што се случува сега. Јас ќе го чекам Реал Мадрид до последниот ден, до последната секунда. Чаби беше сензационален како играч, а сега е импресивен и како тренер. Ги има сите предиспозции за да биде перфектен тренер. Многу ми се допаѓа како работи, тој и Тиаго Мота се двајцата млади тренери кои најмногу ми се допаѓаат. Нивните методи се добри и Чаби е профил на тренер кој би бил одличен за Реал Мадрид. Добро познава се што се случува во клубот, а истовремено е многу сакан од сите“, изјави Анчелоти.


Дани Алвеш ризикува затворска казна од девет години

Започна судскиот спор во кој бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е обвинет за сексуален напад, криминална категорија која вклучува силување во Шпанија.

Поранешниот бразилски репрезентативец и ѕвезда на трофејната генерација на Барселона се соочува со обвинение за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона на 31 декември 2022 година. Судењето го чека во затвор, каде што е од јануари, а доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од шест до 12 години.

Во овој случај обвинителството пред судењето побара Алвеш да добие казна затвор од девет години.

Судењето се уште не е започнато, ниту е познат датумот кога ќе започне.

Алвеш ја менуваше својата приказна неколку пати, дури во една верзија рече дека никогаш не ја сретнал жртвата.


Конте навести подготвеност да се врати во Јуве

Антонио Конте е без ангажман откако си замина од Тотенхем и не брза да се врати на тренерската работа.

Конте во меѓувреме одби неколку понуди, а сега не ја исклучува можноста да се врати во Јувентус.

„Секогаш има две страни во секоја врска. Секако дека постои шанса да бидеме заедно, односот со Јувентус секогаш ми бил како да сме во брак. Најважна работа е да имаме еднакви размислувања, слични идеи и сфаќања Во моментов, се уште уживам во слободното време кое го имам, уживам во времето минато со семејството. Ако се појави нешто важно зад аголот, нешто што вистински ќе ме мотивира, секако дека ќе се вратам на фудбалот“, изјави изјави Конте.


Кварацхелија на пат за Премиер лигата, Челзи спрема супер-понуда

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното Скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажува Челзи. Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот, но понудата од Челзи сигурно ќе го натера на размислување.

Имено, Челзи е спремен да испрати понуда која со бонуси ќе достигне до 100 милиони евра.

Оваа сезона не оди добро за Наполи, па и самиот фудбалер сака да се пресели во Премиер лигата.


Конзорциум од Саудиска Арабија го купува Олимпик Марсеј

Откако минатата година го купија англискиот Њукасл Јунајтед богатите корпорации од Саудиска Арабија продолжуваат со преземање и на други славни европски клубови.

Познатиот француски новинар, Давид Бергер, објави дека саудиски конзорциум многу наскоро ќе го преземе гигантот Олимпик Марсеј и веднаш ќе бидат вложени двеста милиони евра за нови засилувања! Оваа вест дојде како „бомба“ во европските медиуми, а се претпоставува дека целата работа е веќе завршена и Саудијците добиваат клуб кој е далеку пославен во светски рамки од англискиот премиерлигаш.

Постојат и шпекулации дека тренер на новиот Марсеј би требало да биде славниот Зинедин Зидан но уште нема никаква потврда од било кој извор.

„Работите се пред самиот крај, мислам дека многу наскоро ќе биде официјално објавено новото раководство на Олимпик. Целата зделка треба да биде заклучена во јануари, по што веднаш ќе следат активности на трансфер-пазарот. Сумата што ќе биде исплатена за купувања на клубот ќе изнесува 400 милиони евра“, напиша новинарот Бергер.


Бепе Марота доби нов договор во Интер

Генералниот директор на Интер, Бепе Марота стави потпис на нов договор и ќе остане во клубод до 2027 година.

Марота со голем успех работеше во Јуветус, а откако пристигне во Интер миланскиот гигант се врати на врвот на италијанскиот фудбал. Тој е најважнит оперативец во клубот и „архитект“ на тимот кој минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампиони.

Како резултат на тоа раководството му понуди нов договор и Марота ќе остане во клубот до 2027 година.


Пеп: Ќе останам во Сити и да нè исфрлат од Премиер лигата


Екитике од ПСЖ на листата на желби на Интер

Интер во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот и е заинтересиран за младиот напаѓач на ПСЖ, Хуго Екитике. Арнаутовиќ е повреден, Санчез е на залез на кариера, па Инзаги сака да го засили тимот со нов напаѓач.

Екитике пристигна во ПСЖ како голем талент, но оваа сезона воопшто не добива шанса кај Луис Енрике и клубот му ја отвори излезната врата.

Интер сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по напаѓач, па веќе стапиле во контакт со агентот на Французинот.

„Нероаѕурите“ го сакаат напаѓачот на позајмица со право на откуп, а ПСЖ е спремен да ја прифати таквата понуда.