фудбал

Гендузи повреден се врати од настапите за француската селекција

Фудбалерот на Лацио, Матео Гендузи, нема да игра на мечот со Јувентус закажан во текот на викендот во новото коло во Серија А.

Иако медицинските прегледи во Рим покажа дека репрезентативецот на Франција нема фрактура на малиот палец на десната нога, тој ќе го прескокне дуелот со „старата дама“.  

Неговото место во стартната постава ќе го заземе интернационалецот од Уругвај, Матиас Весино.


Сао Паоло и Палмеирас лицитираат за Касемиро

Дефанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Касемиро, влегува на радарот на Сао Паоло и Палмеирас но, двата клуба од Бразил, не можат да ја покријат неговата висока плата, велат последните информации од Англија.

Касемиро заработува преку 400.000 евра неделно кај „црвените ѓаволи“ а раководството на англискиот клуб нема ништо против да го ослободи од обврските.

Бразилецот кој има договор до 2026 година на трансфер-пазарот има вредност од околу 13 милиони евра.


Ортега ќе добие нов договор во Сити

Стефан Ортега кој е златна резерва во екипата на Манчестер Сити вели дека му се допаѓа во Англија и дека нема намера да ја менува средината.

Германскиот голман кој беше купен од Арминија Билефелд во 2022 година, се надева дека Алисон ќе си замине од клубот и дека тој ќе застане меѓу стативите. Такво нешто неодамна најави и менаџерот, Пеп Гвардиола, откако беше откриено дека Бразилецот имал понуди од Саудиска Арабија.  

Манчестер Сити во почетокот на јуни објави дека Ортега доби нов договор до 2026 година.


Мекени ќе го скокне Лацио, но ќе биде во комбинација за Штутгарт

Американскиот репрезентативец во Јувентус, Вестон Мекени, ќе го пропушти саботниот натпревар на домашен терен против Лацио во рамките на осмото коло во Серија А.

26-годишниот играч од средниот ред има полесна повреда и затоа ќе му биде достапен на тренерот, Тиаго Мота, за мечот со Штутгарт во Лигата на шампионите закажан за 22 октомври.

Според најавите од таборот на „старата дама“, брзоногиот играч превентивно ќе го пропушти натпреварот со „римските орли“.


Црвена Звезда го продава Максимовиќ за 15 милиони ерва?

Андрија Максимовиќ со само 17 години е стандарден репрезентативец на Црвена Звезда, а во саботата го запиша и своето деби за репрезентацијата на Србија.

Поради неговата возраст многумина го споредуваат со Ламин Јамал со кого се иста генерација.

Сега германскиот новинар на „Скај Спорт“ ,Флоријан Петернберг тврди дека неколку гиганти веќе ги следат неговите настапи. Најконкретна наводно била Борусија Дортмунд која на Звезда според информациите е спремна да и плати 15 милиони евра.

Во случај ваквите најави да се остварат Максимовиќ би станал најскап фудбалер во историјата на српскиот клуб. Рекордот засега го држи Горан Дурлиќ за кого Црвена Звезда заработи 13 милиони евра со продажбата во Сарагоза во 2001 година.

Помеѓу најскапо платените играчи на Звезда е и Дарко Панчев со сумата од 12 милиони евра за преселба во Интер. Одлично заработи српскиот клуб и кога Дејан Станковиќ премина во Лацио во 1998 година (12.4 милиони евра).


Витиња фаворит за наследник на Модриќ

Лука Модриќ на крајот од актуелната сезона ќе го напушти Реал Мадрид, а Флорентино Перез веќе размислува за негова замена.

Познато е дека негова најголема желба е Флоријан Вирц, но исто така и Баерн Минхен го следи неговиот потпист, се споменува и Ливерпул, па сигурно тоа нема да биде лесна „операција“. Шпанските медиуми пренесуваат дека во игра за ново име во редовите на Реал Мадрид Витиња од Пари Сен Жермен.

Португалецот се покажа како големо и вистинско засилување за избраниците на Луис Енрике, кои нема така лесно да се откажат од него, особено не поради Реал Мадрид. Витиња има 24 години, се проценува на над 50 милиони евра, но сигурно ПСЖ ќе бара и повеќе.

За разлика од Вирц, Витиња е повеќе централен отколку офанзивен играч за врска и сигурно би бил вистинската замена за Модриќ според неговиот профил.

Засега планот останува веројатно Вирц, меѓутоа останува да се види како се ќе заврши.


Лапорта крои стратегија да го доведе Халанд

Ерлинг Халанд e голема желба Лапорта која можеби и ќе стане реалност, но не порано од наредната година.

Каталонските медиуми пишуваат за деталниот план на Жоан Лапорта, кој почнал да работи на трансферот на Ерлинг Халанд, но тој би се реализирал најверојатно дури следната година или во 2026 година кога клубот финансиски ќе се стабилизира.

Договорот на Халанд има важност до 2027 година и клубот му понуди нов, но Норвежанецот ќе потпише само доколку има откупна клаузула од 100 милиони евра.

За Каталонците Халанд ќе биде приоритет, а се надеваат да го финансираат трансферот со тоа што ќе го продадат името на новиот стадион.


Барселона должи 2,5 милијарди евра

Поранешниот кандидат за прв човек на Барселона, Виктор Фонт е на мислење дека Жоан Лапорта лаже за финансиската состојба на клубот.

Фонт јавно го критикуваше актуелното раководство на Барселона, велејќи дека тие не можат да го водат клубот и дека поднесуваат лажни извештаи.

„Лапорта е ист како Бартомеу. Не може да се снајде и дава лажни извештаи. Очигледно не мамат. Во последните четири години потрошивме 1,041 милијарди евра повеќе отколку што заработивме. Очигледно, таквото трошење е делумно наследство на Бартомеу по однос на платите и другите околности. Нашите приходи се многу пониски отколку во времето на Бартомеу. Лапорта собира кредити. Имавме долг од 1,15 милијарди, а сега веќе е 1,3 милијарди. Ако се земе предвид „Еспаи Барса“, веќе должиме 2,484 милијарди. Го прекршуваме законот затоа што нашите долгови се повеќе од двојно повеќе од нашиот буџет“, обвини Фонт.


МЛС лигата најреална опција за иднината на Погба

Фудбалерот, Пол Погба, ќе го раскине договорот со Јувентус во наредните денови по што ќе може да се активира во друг клуб, најавуваат денеска медиумите во Италија.

Играчот на Јуве ќе мора до март во 2025 година да биде надвор од терените поради суспензијата за допинг а челниците на тимот најавија дека не сакаат да му го продолжат договорот.

Според одредени шпекулации, за потписот на Погба е заинтерсиран тимот на Лос Анџелес од САД.


Поведена постапка против Бенфика за наместени натпревари

Португалското правосудство официјално поднесе тужба против фудбалскиот клуб Бенфика од Лисабон за корупцијата направена во периодот од 2016 до 2019 година, со цел да местат натпревари во нивна корист.

„Ќе се браниме од овие неосновани обвинувања. Бенфика и нејзините адвокати детално ќе ги анализираат обвинувањата за кои бевме информирани денеска“, се вели во соопштението на клубот.

Бенфика додаде дека сомнежите се однесуваат на „делата што му се припишуваат на нејзиниот поранешен претседател и поранешен советник“. Главен обвинет во најавениот судски процес е Луис Филипе Виеира, кој раководеше со клубот 18 години, до неговото апсење во јули 2021 година, во друг случај поврзан со измама.