фудбал

Емери: Овај Ливерпул е најдобриот досега

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, изјави дека изненадувачките победи над Јувентус и Баерн Минхен ќе бидат неважни пред гостувањето во Ливерпул на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Во претходните две елиминациски кола „жолтата подморница“ успеа да елиминира два европски фудбалски гиганти. но според Емери, елементот на изненадување на неговиот тим не може да постои и на „Енфилд. 

„Во Ливерпул се свесни дека сме во одлична форма во Европа бидејќи елиминиравме две големи екипи. Знаат дека нема да им биде лесно, но ќе бидат фаворити и тоа е нормално. Сепак, очекувам да ни пристапат со должна почит“, изјави Емери.

„Гледам како се развива Ливерпул. Овој Ливерпул со кој се среќаваме е најдобар досега. Вистина е дека се соочуваат со потешкотии против тимови кои сакаат да се бранат, но тие се подготвени за ваков стил на игра. Знам колку е тешко да се игра на Енфилд бидејќи бев тренер на Арсенал. Тоа е поради тимскиот идентитет што Јирген Клоп успеа да го изгради“, додава Емери.


Клоп: Мојот Ливерпул нема да го потцени Виљареал

Фудбалерите на Ливерпул го играат првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против екипата на Виљареал. Менаџерот Јирген Клоп вели дека неговиот тим нема да ги потцени шпанскиот тим, особено не по нивните настапи на дуелите со Јувентус и на Баерн Минхен.

„Можеби имаше мала предност за Виљареал кога Јуве и Баерн ги потценија, но тоа нема да се случи со нас. И тие сакаат финале, но тоа е важно и за нас. Тие се седми во Ла лига, а по победата над Баерн, играа со Билбао и Унаи направи 11 замени, така што е јасно дека Ла лига е конкурентна. Унаи покажа дека има план за секој резултат и добро ги анализиравме. Импресивни се. Унаи е менаџер кој внимава на секој детаљ, што знае да реагира“, вели Клоп.


Димитриевски во идеалниот тим на европските најсилни лиги

Столе Димитриевски бранеше одлично во натпреварот против Барселона во шпанската Ла Лига, настапот на Димитриевски не помина незабележано и од светските медиуми.

Имено, „365 scores“ го смести Димитриевски во тимот на колото составен од играчи од најдобрите пет првенства во Европа. Покрај Димитриевски место во тимот доби и неговиот соиграч Катена, а во тимот има имиња како Жесус од Сити, Робертсон од Ливерпул, Чалханоглу од Интер.

Димитриевски ќе потсетиме беше одличен против Барселона и во првата пресметка на овие два тима, Рајо и тогаш победи, Димитриевски се истакна со одбранет пенал на Мемфис Депај.


Малдини: Ако Милан го освои Скудетото, тоа ќе биде огромен успех

Легендата на Милан и сегашен спортски директор, Паоло Малдини изјави дека отсекогаш верувал во амбициите на клубот за освојување на шампионската титула. „Тоа би бил неверојатен резултат“, изјави Малдини по победата од 2-1 над Лацио во Серија А.

Тимот на Милан е лидер во првенството со 74 бода, два повеќе од вториот Интер, кој има и натпревар помалку.

„Многу сум горд на тимот, стручниот штаб и сите останати. Нашата цел е да се претставуваме добро што е можно подолго. Навистина целиме високо. На почетокот на сезоната никој не очекуваше дека ќе одиме толку далеку, но тоа мора да го користиме како мотивација во иднина“, изјави Малдини за клубскиот ТВ канал.

 Милан веќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.


Рекорд на Бензема по бројот на настапи за Реал Мадрид

Напаѓачот Карим Бензема сезонава достигна уште едно историско достигнување играјќи во врвна форма за екипата на Реал.

Французинот беше стартер на гостувањето кај Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите и стана првиот странски играч со 600 натпревари за „кралскиот клуб“.

Вкупно 8 играчи имаат 600 или повеќе натпревари со тимот на Реал Мадрид. Лидер во рангирањето е Раул со 741 натпревар.


Наполи бара 50 милиони евра за Фабиан Руиз

Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз. 25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Фабиан Руиз на лето влегува во последната година од договорот, па поради тоа Наполи е спремен да слушне понуди.

Најсилен интерес за него покажува Реал Мадрид, бидејќи Анчелоти одлично го познава Шпанецот и верува дека ќе биде долгорочна замена за Модриќ.

Наполи за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која Реал Мадрид е спремен да ја плати.


Иско го избрал новиот клуб, ќе му се придружи на Пелегрини во Бетис

Шпанските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско кариерата ќе ја продолжи во Бетис. Договорот на Иско со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната и тој како слободен агент имаше понуди од многу клубови ширум Европа.

Меѓутоа, Иско се одлучил кариерата да ја продолжи во Бетис и постигнал комплетен договор со клубот од Севиља.

Бетис пред неколку дена го освои Купот на Шпанија, а се уште има шанси да избори пласман во Лигата на шампионите.


Белоти бира меѓу трите понуди кои ги има на маса

Андреа Белоти на крајот од сезоната го напушта Торино, а на маса веќе добил неколку добри понуди. Неговиот договор со „биковите“ истекува во јуни, а тој нема да потпише нов и сигурно е дека ќе си замине како слободен играч.

Новинарот Руди Галети тврди дека Италијанецот е на мета на Севиља, Вест Хем и Аталанта, но дека има мали шанси да остане во Серија А.

Белоти има 28 години, а некогаш беше на мета на Арсенал. Торино бараше над 60 милиони евра за голгетерот, а сега ќе остане практично без ништо.


Европските гиганти со интерес за Ријад Марез

Барселона и Јувентус покажуваат голем интерес за фудбалерот на Манчестер Сити Ријад Марез.

Според информациите од медиумите, и челниците на ПСЖ сакаат да го доведат Марез во своите редови. Сити би можел да го продаде 31-годишниот играч од средниот ред за да ослободи доволно финансии за ангажманот на ѕвездата од Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Договорот на Марез со шампионот на Англија важи до 30 јуни 2023 година.

Марез оваа сезона на 25 настапи за Сити во Премиер лигата, постигна 11 гола.


Баерн Минхен заинтересиран за Алер од Ајакс

Германскиот весник Билд пренесува дека екипата на Баерн Минхен е заинтересирана за доведување на напаѓачот од Ајакс, Себастијан Алер.

Според изворот, претставници на клубот од Минхен веќе стапиле во контакт со менаџерите на 27-годишниот фудбалер. 

Поранешниот играч на Вест Хем игра во одлична форма сезонава и е прва опција за замена на Роберт Левандовски.

Вредноста на трансферот би била околу 40 милиони евра, а фудбалерот посакува плата од 10 милиони евра годишно.