фудбал

Левандовски:Прашајте го клубот дали сака да ме задржи

Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја коментираше својата ситуација во клубот. Постојано се шпекулира за неговата иднина во Баерн, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезонава.

Напаѓачот потврди дека треба да се водат разговори за обновување на неговиот договор, а тоа не му е лесно.

„Знам дека наскоро ќе имаме состанок, но засега нема ништо посебно. Гледам што се случува, не ми е лесно. Прашајте го клубот дали сака да ме задржи“, изјави Левандовски по победата од 3:1 над Борусија Дортмунд, со која Баерн ја освои 10-та последователна титула во Бундеслигата.


Де Јонг од Барселона е првата желба на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.

Според информациите кои беа објавени, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на 24-годишниот холандски фудбалер. Де Јонг е на списокот на трансфер цели на Манчестер Јунајтед за летниот прозорец. Познато е дека на Де Јонг му се допаѓа во Барселона, но играчот може да замине во Манчестер Јунајтед за повторно да се обедини со тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, кој ќе ги води „црвените ѓаволи“ од новата сезона.

Да потсетиме дека Де Јонг се пресели во Барселона од Ајакс во 2019 година. Холандскиот играч за врска оваа сезона одигра 27 натпревари во Примера, постигнувајќи три гола и асистенции.


Рангник: Голот на Џака беше нерегуларен

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник по поразот од Арсенал со 3-1 изјави дека неговиот тим покажал напредок, но дека крајниот резултат во Лондон е разочарувачки.

Тоа беше важен дуел за позицијата која води во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ се се подалеку од елитата, моментално се шести на табелата со 54 бодови и шест помалку од четвртопласираниот Арсенал.

„Мислам дека имавме одлично враќање во натпреварот по раниот гол, имавме неколку одлични шанси во првото и второто полувреме, можевме да постигнеме уште еден гол“, изјави Рангник и додаде:

„Најслаба точка ни беше одбраната, реакциите во нашиот шеснаесетник. Имавме и три многу несреќни ВАР одлуки. За мене третиот гол на Арсенал беше очигледен офсајд. Не сме многу среќни поради одлуките на ВАР технологијата денес“, потенцира германскиот тренер.


Постигнат договор, Модриќ во Реал и следната сезона

Лука Модриќ во наредните денови ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид. Модриќ иако има 36 години игра уште една фантастична сезона, па има понуди на маса, но негова желба е да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.

Реал му понуди продолжување на договорот на уште една сезона, а двете страни немаа проблем да постигнат договор.

Хрватот во наредните денови ќе стави потпис на договор до јуни 2023 година и најверојатно ќе ја заврши кариерата на „Сантиаго Бернабеу“.


Погба пресекол, заминува од „Олд трафорд“ ова лето

Пол Погба нема да остане во Манчестер Јунајтед. На Французинот му истекува договорот и се очекува на лето да го напушти „Олд Трафорд“, а претстојната разделба ја потврди и менаџерот на тимот Ралф Рангник.

„Во моментов ситуацијата е таква што Погба нема да го продолжи договорот. Веројатно нема да биде тука следната сезона“, изјави Рангник.

Германскиот стручњак изјави и дека Погба сигурно ќе го пропушти дербито со Арсенал и нема да биде изненадување доколку не учествува на ниту еден натпревар до крајот на кампањата.

29-годишниот Французин беше купен за 100 милиони евра од Јувентус во 2016 година, но не ги оправда големите очекувања. Оваа сезона често го мачат повреди, забележувајќи само 20 натпревари и еден гол во Премиер лигата.


Арсенал со интерес за Жезус од Сити

Според  англискиот спортски портал Атлетик, напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус, би можел да заврши во екипата на Арсенал.

Спортскиот директор на тимот од Лондон, Бразилецот Еду,во последните месеци е во контакт со претставници на својот сонародник и според информациите има напредок во преговорите меѓу страните.

Сезонава Габриел Жезус има 23 натпревари и 3 гола во дресот на Манчестер Сити.


Бејл од Мадрид се сели во Американската МЛС

Американскиот весник „Вашингтон пост“ пишува дека фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл може да ја продолжи кариерата во американскиот клуб Ди Си Јунајтед, и ќе настапува во МЛС лигата.

Велшанецот веќе бил во преговори со клубот кој е подготвен да го направи најплатениот играч во својата историја.

Оваа сезона Бејл настапи на само 7 натпревари за Реал Мадрид, а неговиот договор со кралскиот клуб истекува на крајот од сезоната.


Клоп: Ако Евертон испадне, ќе ми недостасува нашето ривалство

Уште еден во низата тешки натпревари е пред Ливерпул, а Клоп одржа прес-конференција пред неделниот дуел со Евертон. „Мерсисајд дербито“ е секогаш „Мерсисајд дерби“ без оглед на позицијата на табелата. Првото прашање на прес-конференција од новинарите за Клоп беше за потврдата од Манчестер Јунајтед дека Ерик Тен Хаг ќе биде нивни тренер од наредната сезона.

„Тие веројатно знаат што сакаат. Од кога сум тука ги имаме двата клуба од овој град во лигата, обично цела недела пред овие натпревари се зборува само за тоа. Навистина ќе ми недостасува Евертон ако испадне. Тоа е едно одлично дерби и убаво е кога се игра“, изјави Клоп.


Започнуваат преговорите помеѓу Мбапе и Реал Мадрид

Шпанскиот весник „Марка“, пренесува дека напаѓачот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе следната недела ќе отпатува во Шпанија на разговори со Реал Мадрид.

Според весникот, француската ѕвезда ќе пристигне во Мадрид со целото семејство и ќе се сретне со раководството на Реал.

Мбапе има договор со ПСЖ до 30 јуни 2022 година и се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Клубот од „Паркот на принцовите“ му нуди нов договор со плата од 50 милиони евра.

Оваа сезона Мбапе има 30 натпревари за ПСЖ во Лига 1 со постигнати 22 гола и 14 асистенции.


Икарди го завршува престојот во ПСЖ

Престојот на Мауро Икарди во Париз Сен Жермен е при крај. Францускиот клуб и напаѓачот речиси сигурно се разделуваат летово. Според информациите од Париз, Аргентинецот веќе бил информиран од раководството дека може да бара нов тим.

Икарди најверојатно ќе се врати во Италија. За 29-годишниот Аргентинец заинтересирани се Милан и Јувентус. Проблем може да биде високата плата на напаѓачот.

Сезонава Икарди има 24 натпревари и само 4 гола во Лига 1. Неговиот договор со ПСЖ истекува во 2024 година.