фудбал

Буфон: Интер е фаворит за Скудетото

Голманската легенда, Џанлуиџи Буфон го сподели своето размислување околу трката за титулата во италијанскиот шампионат.

„Гледаме дека првенството е многу изедначено, и дека не постои тим кој доминира. На почетокот на сезоната се чинеше дека тоа треба да биде Интер, но тимот имаше пад. По победата над Јувентус, ми се чини дека „нероазурите“ повторно се фаворити за Скудетото“, изјави Буфон за италијанските медиуми.

Милан е на врвот на табелата од Серија А со 71 бод, Интер е втор со 69 но и со натпревар помалку од градскиот ривал, а Наполи е трет со 66 бода.


Роналдо погоди од слободен удар по скоро две години

На натпреварот од 33. коло од англиската Премиер лига меѓу Манчестер Јунајтед – Норвич (3-2), напаѓачот на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо постигна хет-трик.

Португалецот еден од головите што ги постигна беше од слободен удар. Ова беше прв гол од слободен удар за Роналдо по враќањето во Манчестер Јунајтед. По мечот стана јасно дека последен пат напаѓачот успеаа да постигне гол од оваа позиција во јули 2020 година, кога беше играч на Јувентус.

Тогаш Роналдо постигна гол во натпреварот од 30. коло од италијанската Серија А од сезоната 2019/2020 со Торино (4-1).

Роналдо е во Манчестер Јунајтед од август 2021 година. Португалецот оваа сезона има 25 настапи во Премиер лигата, постигна 15 гола и имаше три асистенции.


Еден Аргентинец заминува, друга доаѓа: Де Пол наместо Дибала во Јуве

Јувентус е во потрага по наследник на Пауло Дибала, кој на крајот на сезоната ќе го напушти клубот како слободен агент. Една од најголемите желби е Родриго Де Пол, кој минатото лето се пресели во Атлетико Мадрид за 35 милиони евра.

Меѓутоа Аргентинецот не се снајде баш најдобро во Мадрид, нема голема минутажа и би можел на крајот на сезоната да се врати во Серија А.

Де Пол е отворен да се врати во Серија А бидејќи не е задоволен во Атлетико Мадрид, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со неговиот агент.


Мирчевски стрелец во победата на Бачка Тапола против Чукарички

Maкедонскиот интернационалец кој во јануарскиот преоден рок направи трансфер во Бачка Топола постигна гол во српската Суперлига против Чукарички.

Поранешниот напаѓач на Академија Пандев ја искористи шансата во која за првпат играше како стартер и го отвори резултатот после нешто повеќе од половина час игра. Голот на Мирчевски беше и единствен во првото полувреме додека во второто беа постигнати уште четири.

Победата тимот на Мирчевски ја обезбеди со гол во 93. минута за 2-3. Мирчевски на теренот ги помина сите 90 минути. Треба да се спомене и дека Мирчевски својот деби гол во новиот дрес го постигна токму на теренот на Чукарички пред нешто повеќе од еден месец.


Марсијал: Се сомневам дека ќе останам во Севиља следната сезона

Антони Марсијал призна дека неговиот постојан престој во Севиља ќе биде доста тежок. Французинот моментално настапува на „Рамон Санчез Писхуан“ како позајмен од Манчестер Јунајтед. Шпанците имаат опција да ги откупат неговите права, но не е баш сигурно дали ќе ја искористат.

„Веќе се чувствувам добро. Успеав да се опоравам од повредата која бараше многу време за одмор, но сега се чувствувам многу подобро. Бев многу внимателен со опоравувањето за да можам што побрзо да се вратам на терените. Моја цел е да го покажам најдоброто до крајот на сезоната. Дојдов овде да ја вратам радоста кон фудбалот откако долго време не играв редовно. Знам дека можам многу повеќе од тоа што го покажувам, но прво дојде повредата, па ми требаше време е да се прилагодам на новиот тим, на новиот град, имав проблеми и со јазичната бариера. Ми се чини дека ќе биде многу тешко да останам постојано во Севиља. Сепак, во моментов не размислувам за тоа. Дојдов со мислата дека ќе бидам тука шест месеци, а потоа ќе се вратам во Манчестер Јунајтед. Среќен сум што имам можност да играм за нов клуб, за голем клуб како Севиља и повторно да бидам на теренот. Ако успееме да завршиме во топ 4, тогаш сме ја постигнале целта. Ова ќе ги израдува навивачите, а јас ќе бидам среќен што помогнав“, додаде Французинот.


Семејството Рикетс се повлече од интересот за купување на Челзи

Конзорциумот предводен од сопствениците на Чикаго Кубс, семејството Рикетс, се повлече од борбата за купување на англискиот фудбалски клуб Челси, соопшти американското семејство. „Станува сè појасно дека некои прашања не можат да се решат со оглед на необичната динамика на процесот на продажба. Му се восхитуваме на Челси и неговите навивачи и им посакуваме успех на новите сопственици“, се вели во соопштението.

Одлуката беше објавена по истекот на рокот за поднесување понуди за премиерлигашот, кој го продава санкционираниот руски сопственик Роман Абрамович. Понудата беше предводена од претседателот на Кубс, Том Рикетс.

Изненадното повлекување на семејството Рикетс остави три понуди: сопственикот на ЛА Доџерс, Тод Боули, поранешниот претседател на Ливерпул, Мартин Бротон и косопственикот на Бостон Селтикс, Стив Палука како кандидати за „сините“.


Калвин Филипс посакува да остане во Лидс

Ѕвездата на Лидс Јунајтед, Калвин Филипс се надева дека ќе добие нов договор за да остане во клубот и во иднина, и покрај интересот од Манчестер Јунајтед. 

26-годишниот англиски репрезентативец има уште само две години од актуелниот договор со клубот.

Се очекува раководството на Лидс Јунајтед да му понуди сериозно зголемување на платата за Филипс да ги одбие понудите од заинтересираните клубови.


Ако Кејн замине, Тотенхем ќе го доведе Лукаку

Хари Кејн на лето би можел да го напушти Тотенхем, па клубот веќе почна да бара замена. „Граѓаните“ во текот на летото испратија неколку богати понуди за Кејн, но не успеаа да најдат заеднички јазик со Тотенхем.

Клубовите од Манчестер и на лето ќе се обидат да го донесат Кејн во своите редови и се спремни да понудат 100 милиони фунти, а самиот голгетер инсистира да направи трансфер.

„Спарси“ веќе имаат најдено замена и сумата која ќе ја добијат од Кејн ќе ја потрошат на доведување на Лукаку.




Барселона го обнови интересот за Стерлинг

Медиумите од Англија пишуваат дека раководството на Барселона го обнови интересот за фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.

Се очекува во летниот период да се случат сериозни играчки промени во тимот на „граѓаните“ кои најмногу ќе се однесуваат на дел од офанзивните играчи на англискиот шампион.

Барселона имаше интерес за Стерлинг уште во 2015 година, кога тој беше дел од Ливерпул, меѓутоа тогаш напаѓачот реши да се пресели во Сити.


Бергвијн од Тотенхем оди во Манчестер Јунајтед?

Идниот нов тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг размислува да го доведе играчот на Тотенхем, Стивен Бергвијн кога и официјално ќе ја преземе функцијата на Олд Трафорд во текот на летото, пишува „Дејли мејл“. Играчот беше блиску до трансфер во Ајакс во јануари, каде Тен Хаг е тренер во моментов.

 24-годишниот Холанѓанец добива се помали шанси за настап во Тотенхем, посебно после доаѓањето на Дејан Кулушевски во тимот кој е прв избор на тренерот Конте.

Големи се шансите Бергвијн да го напушти клубот ова лето а цената за негов трансфер ќе изнесува околу 20 милиони фунти