фудбал

Де Брујне го крена гласот против натрупаниот календар на ФИФА и УЕФА

Ѕвездата на Манчестер Сити и Белгија, Кевин де Брајне вели дека ФИФА повеќе ја интересираат парите отколку гласот на фудбалерите и смета дека згуснатиот календар ќе се одрази врз здравјето на фудбалерите.

Во светот на фудбалот се вртат многу пари, но секогаш се бара можност за екстра профит, па така ФИФА реши да го промени форматот на Светското клупско првенство, кое во иднина ќе брои дури 32 екипи, а првиот турнир ќе се одржи во САД во периодот од 15. јуни до 13. јули.

„Вистинскиот проблем ќе излезе на виделина следното лето, по Светското клупско првенство“ – вели Кевин де Брајне.

„Ќе има само три недели помеѓу финалето на Светското клупско првенство и првиот натпревар во Премиерлигата. Па ќе имаме само три недели да одмориме и да се подготвиме за нови 80 натпревари. Можеби оваа сезона ќе помине добро, но следната сигурно ќе биде проблематична. Проблем е тоа што УЕФА и ФИФА постјано додаваат нови натпревари на календарот. Ние го кренавме гласот но не е пронајдено решение. Се чини дека парите се погласни отколку гласот на фудбалерите“.

Во јуни месец, Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери (ФИФПро) поднесе тужба против ФИФА поради згуснатиот распоред и хаосот кој ќе се креира со новиот формат на Светското клупско првенство.


Даци се врати во Белгија и потпиша за Деинзе

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе.

Во редовите на овој клуб Даци пристигнува од Вестерло. Станува збор за клуб кој се натпреварува во вториот ранг натпреварување во оваа зема.

Договорот кој го потпиша Даци со Деинзе е на една година со можност за продолжување на уште една. Во Белгија македонскиот фудбалер е веќе трета сезона, претходно беше дел од Коњаспор, минатата година настапуваше на позајмица во Беверен.


Менди го тужи својот поранешен клуб

Бенџамин Менди и Манчестер Сити ќе се сретнат на суд откако фудбалерот го тужеше својот поранешен клуб.

Според „Скај спорт“, Сити треба да се појави на суд во октомври.

Менди го тужи клубот за кој играше минатата година за неисплатени плати кои изнесуваат неколку милиони фунти.

За ваквите прашања во Велика Британија е надлежен судот за вработување, па таму фудбалерот поднел тужба според која бара да му се вратат парите кои, како што наведе, не му биле исплатени.

Тој рече дека останал без пари откако бил обвинет за силување и сексуален напад во 2021 година. 


Милан размислува да го врати Алегри на клупата

Масимилијано Алегри би можел да се врати на тренерската работа и тоа тренер на Милан, објави италијанскиот „Тутоспорт“.

Росонерите имаат многу лош почеток на сезоната и освоија само два бода по првите три кола, па притисокот врз тренерот Пауло Фонсека се зголемува.

Управата на клубот ја потврди довербата во тренерот, но доколку работите не се сменат, тогаш ќе размислуваат за замена, а најголем фаворит за позицијата е токму 57-годишниот Алегри кој предходно го водеше Јувентус од Торино.


Баерн подготвува нов договор за Нојер

Баерн Минхен има за цел да го продолжи договорот со својот голман Мануел Нојер до летото 2026 година, пренесуваат германските медиуми.

Актуелниот договор на поранешниот капитен на Германија е до крајот на актуелната сезона. Баварците, сепак, ќе мора брзо да дејствуваат бидејќи клубови од Саудиска Арабија и американската МЛС се заинтересирани за можноста да го привлечат легендарниот голман, подготвувајќи атрактивни понуди за голманот.

Останува нејасно дали Нојер е подготвен да ја продолжи кариерата на „Алијанц Арена“ или ќе го напушти Баерн во потрага по нова авантура во странство на крајот од кариерата.

Нојер игра за Баварците од летото 2011 година, кога беше купен од Шалке 04 за 30 милиони евра и оттогаш забележа 524 настапи за клубот.


Пиоли пред промоција за тренер на Ал Наср

Според последните информации, Стефано Пиоли ќе се пресели во Саудиска Арабија на кормилото на Ал Наср.

Ал Наср успеа да го убеди Пиоли да седне на клупата и во него гледаат перфектен избор за проектот кој го планираат и му понудиле тригодишен договор.

Пиоли е без клуб откако на крајот на сезоната се раздели со Милан, но се уште е на платен список на „росонерите“.

На клупата на Ал Наср, Пиоли ќе го наследи Луис Кастро, кој е пред отказ.


Халанд преговара за нов договор со Сити

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд наскоро треба да седне на преговори со Манчестер Сити во врска со евентуалното продолжување на соработката.

Неговиот актуелен договор со Сити е со важност до 2027 година и за неделна плата од 375 илјади фунти, но со разните бонуси, неговите примања се далеку повисоки.

Во Сити немаат дилема дека сакаат да го задржат многу подолго, само што Халанд изгледа нема намера таму да остане до крајот на кариерата.


Коринтијанс е новиот клуб на Депај

Холандскиот фудбалски репрезентативец Мемфис Депај од оваа сезона ќе игра во Бразил и ќе настапи за екипата на Коринтијанс.

Во Коринтијанс доаѓа како слободен играч и потпиша двегодишен договор. Ова ќе биде шести клуб за Депај во неговата професионална кариера, по ПСВ, Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид.


УЕФА изрече парична казна за Рома

Eкипата на Рома ќе мора да плати казна од два милиони евра на УЕФА поради прекршување на правилата за финансискиот фер-плеј.

По завршената анализата на клубовите кои учествуваа во евро-куповите минатата сезона и беа под условна казна да не си дозволат ново прекршување.

Покрај Рома под закана беа Милан, Интер, ПСЖ, Монако, Бешикташ, Трабзон и Антверпен, но тие поминаа без казни.

Во случајот на Рома имаше мало прекршување, па така не следеше суспензија туку само парична казна.

Казни заработија уште и Астон Вила (60.000 евра) и Олимпик Марсеј (20.000 евра) поради задоцнето поднесување документации за финансиското работење.


Бруно Лаж се врати на клупата на Бенфика

Португалецот Бруно Лаж е назначен за нов тренер на Бенфика. Ова за него ќе биде втор мандат на клупата на „орлите“, бидејќи претходно беше на истата позиција пред пет години.

Во тој период имаше одлични резултати. Успеа да ја освои титулата и беше прогласен за најдобар тренер во сезоната. Лаж остана во Бенфика до летото 2020 година, кога замина на клупата на Вулверхемптон, каде што остана само една сезона. Последен клуб кој го тренираше беше Ботафого во Бразил.