фудбал

Артета сака уште еден шампион во Арсенал, Гундоган опција за „топџиите“

Арсенал сака на лето значително да го засили тимот, откако оваа сезона не успеа да стигне до титулата.

„Топџиите“ во текот на целата сезона беа лидери, но на крајот има пад на формата и ја загубија титулата.

Артета сака да го засили средниот ред, а со оглед на потешкотиите да дојде до Даклан Рајс од Вест Хем сега ќе се насочи кон други цели.

Тренерот на Арсенал ќе се обиде да го добие потписот на Илкај Гундоган кој има договор со Манчестер сити до крајот на сезоната.

За Германецот интерес покажува Барселона, но „топџиите“ се спремни да ја победат конкуренцијата со побогата понуда.


Италијанските клубови го сакаат Ансу Фату од следната сезона

Ансу Фати после уште една слаба сезона најверојатно ќе ја напушти Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Агентот на Фати, Жорж Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе почнал да му бара нов клуб.

На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка. Најсилен интерес за талентот покажуваат италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер.

„Калчомеркато“ пренсува дека најконкретен е интересот на Милан, кој е спремен да понуди 35 милиони евра за потписот на Фати.


Артур се враќа во Јуве по само 13 минути во Ливерпул

Јирген Клоп потврди дека „црвените“ нема да го откупат Артур Мело, кој е на позајмица од Јувентус.

Бразилецот одигра еден меч за „црвените“, односно само 13 минути во мечот од Лигата на шампионите против Наполи на гости. Артур не се покажа како добро засилување, па поради тоа ќе се врати во Јувентус после истекот на позајмицата.

„Му посакувам се најдобро. Неговиот професионализам и неговите способности се подобро познати на секој кој соработувал со него“, изјави Клоп.

За Артур нема повеќе место ниту во Јувентус, па на лето сигурно ќе си бара нов клуб.


Доживотна забрана за навивачот кој на расна основа го навредуваше Винициус

Челниците на фудбалскот клуб Валенсија, го идентификуваа навивачот кој на расна основа го навредуваше фудбалерот на Реал Мадрид Винициус Жуниор.

Од Валенсија соопштуваат дека на навивачот му изрекле доживотна забрана за доаѓање на стадионот „Местаља“ и следење на натпреварите на клубот. Од клубот потврдија дека соработуваат со локалната полиција која беше од голема помош што побрзо да се пронајде престапникот.

Бразилецот Винициус изрази големо разочарување од расистичките навреди кои се упатени кон него и побара од Ла Лига да преземе порадикални чекори кон спречување на ваквите појави.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека поради ваквите настани фудбалерот ќе побара заминување од Реал Мадрид и напуштање на Шпанија.


Касемиро го носи Нејмар на „Олд Трафорд“

Раководството на ПСЖ одлучи да го стави Нејмар на трансфер листа, а најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.

Тој е најскап фудбалер во историјата, но никогаш во целост не ги опрадва очекувањата во Париз. Притоа, „светците“ сакаат да се ослободат од неговата висока плата.

Откако навивачите отворено го нападнаа, сега и самиот Нејмар е спремен да го напушти клубот, а Касемиро го убедува да се пресели на Олд Трафорд.

Манчестер Јунајтед започнал првични преговори околу трасферот, а клучна улога би требало да одигра токму Касемиро.


Австралија и Индонезија ќе бидат јунските спаринг партнери на светскиот шампион

Светскиот шампион Аргентина објави дека ќе игра против Австралија пријателски натпревар во Пекинг на 15 јуни. Четири дена подоцна – на 19 јуни „гаучосите“ ќе гостуваат во Џакарта кај Индонезија.

Евентуалното присуство на Лионел Меси најверојатно ќе предизвика вистински хаос за билети кај кинеските и индонезиските навивачи. Тој ќе ја посети Кина за прв пат од 2017 година. Капитенот на Аргентина за првпат таму гостуваше во 2005 година, кога Барселона тренираше во Азија. Во 2010 година, Меси и Барселона го победија Пекинг Гуан со 3-0 во контролен натпревар.

Веста за контролата брзо стана најпопуларна на кинеските социјални медиуми, а барањата за влезници се очекува да бидат над стотина илјади.


Марчињак ќе го суди финалето на Лигата на шампионите во Истанбул

УЕФА ги објави судиите за финалето на европскиот клупски турнир оваа сезона. Полскиот судија Шимон Марчињак се очекува да го суди финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер на 10 јуни. Полјаци ќе бидат помошници на судијата, како и одговорни за ВАР, а четврти судија ќе биде Иштван Ковач од Романија.

Ова е уште едно големо признание за судијата Марчињак, кој го водеше и финалето на СП 2022 помеѓу Аргентина и Франција (3:3), а пред неколку дена беше главен судија на реваншот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид (4:0).

Англичанецот Ентони Тејлор ќе го суди финалето на Лига Европа меѓу Севиља и Рома на 31 мај, а судискиот тим е целосно од Островот. Шпанецот Карлос Дел Серо Гранде и неговите помошници од Шпанија ќе го преземат финалето на Конференциската лига меѓу Фиорентина и Вест Хем на 7 јуни.


Левандовски го кани Кимих во Барселона

Mинатото лето Роберт Левандовски го напушти Баерн Минхен и се пресели во Барселона, а сега шпанските медиуми пишуваат дека би можел да му зададе нов удар на неговиот поранешен клуб.

Од претходно е познато дека Барселона е заинтересирана за Џошуа Кимих, а сега Левандовски јавно го повика талентираниот играч на баварците да му се придружи во Минхен.

„Сакам да му кажам на Кимих дека за него трансфер во Барселона би бил одлична работа. Атмосферата тука е одлична, станува збор за два големи клуба, меѓутоа тука во Барса се е поинаку“, изјави полскиот напаѓач. Кимих со Баерн има договор до 2025 година и според најавите Барселона е спремна за неговите услуги да издвои 50 милиони евра.


Овен верува во новиот Челзи на Почетино

Идната сезона со доаѓањето на Маурисио Почетино, за очекување ќе биде да се подобрат резултатите и позицијата на табелата на Челзи.

Поранешниот ас од Премиерлигата, Мајкл Овен, се обиде да прогнозира каде ќе заврши Челзи идната сезона со Покетино како тренер.

„Најважно во тој клуб ќе биде тренерот да ги избрка играчите на кои не смета. Неверојатни беа одлуките на Челси, потрошија 600 милиони фунти, а тие се дното од табелата, односно во вториот дел, тоа е смешно. Новиот тренер ќе мора да донесе вистински одлуки и добри играчи, па верувам дека Челзи ќе се врати на врвот од табелата идната сезона“, порача Мајкл Овен.

Според првичните најави пред крајот на сезоната, за очекување е да бидат ослободени повеќе од десетина фудбалери од актуелните.


Ди Марија заминува од Јувентус по само една сезона

Aнхел Ди Марија на крајот на сезоната би можел да го напушти Јувентус по истекот на договорот.

Аргентинскиот офанзивец неколку недели наназад изјавуваше дека нема проблем да остане во Торино и дека му е убаво во Јувентус, но со Италијанците тврдат дека ситуацијата се променила со елиминацијата од Севиља во полуфиналето од Лигата на Европа.

Наводно, во Јувентус не се задоволни од играта на Ди Марија и покрај тоа што во текот на сезоната токму тој беше еден од најдобрите фудбалери на тимот. Ди Марија во Јувентус пристигна бесплатно од ПСЖ, а оваа сезона одигра 37 натпревари и оствари учинок од осум голови и седум асистенции во сите натпреварување.

Сепак според последните информации кои ги објави Фабрицио Романо заминувањето на Ди Марија изгледа како реална опција во овој момент.