фудбал

Рафиња: „Што е следно? Нов договор“

„Да се ​​размислува за достигнување врвот во фудбалот без Барселона е нелогично. Искрено, сега многу уживам. Не го очекував тоа ни во моите соништа. Не можам да замислам Барселона без Рафиња“. 

После неговите неверојатни бројки оваа сезона, Рафиња беше поврзан со заминување од Барселона. Клубовите од Премиер Лигата ја следат неговата ситуација, но тој сега јасно изјави дека нема желба да си замине. 

28-годишниот бразилец стана клучна фигура во тимот на Ханси Флик и веќе сака да го продолжи своето време во клубот. Со оглед на тоа што неговиот сегашен договор е до јуни 2027 година, веќе се зборува за нов. На прашањето што следува во неговата иднина со Барселона, Рафиња со насмевка одговори: „Обновување“. 

Рафиња е во одлична форма оваа сезона и продолжува да работи напорно. „Се обидувам да го дадам најдоброто од себе секој ден. Мислам дека ми оди добро и сакам да го задржам ова ниво“, изјави тој. 


Мбапе постави голгетерски рекорд за Реал Мадрид

Килијан Мбапе ги постигна единствените голови во поразот на Реал Мадрид со 3-4 од Барселона во неделата. Со хет-трик на Ел Класико, Французинот го постигна својот 39-ти гол за Лос Бланкос во сите натпреварувања оваа сезона.  
 
Ова достигнување во неговата прва година во шпанската престолнина значи дека Мбапе сега е највисокиот стрелец за Реал Мадрид во неговата дебитантска сезона. Надминувајќи го рекордот поставен од Иван Заморано во 1992/93 година, кој постигна 37 голови. Французинот веќе започна да се појавува во историските книги на Реал Мадрид. 

Рекордот на Заморано стоеше 32 години. Ниту најдобриот стрелец во клубската историја, Кристиано Роналдо, не можеше да го престигне Чилеанецот на листата на стрелци. Мбапе, кој беше критикуван на почетокот од сезоната, го стори тоа и има уште три натпревари да ја зголеми бројката. 

Мбапе води и на трката на Пичичи во Ла Лига; 26-годишниот играч има 27 гола во шпанската лига, два повеќе од Роберт Левандовски. Иако Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната без трофеј, сепак може да се гордее со сезоната на Французинот. 


Вандерсон од Монако е замената за Трент на „Енфилд роуд“

Иако се шпекулира со недели наназад дека Џереми Фримпонг е првата опција за Ливерпул, во игра е и десниот бек на Монако – Вандерсон.

Медиумите во Бразил тврдат дека за нивниот репрезентативец сериозно е заинтересиран Арне Слот, откако беше потврдено дека Трент Александер-Арнолд заминува во Реал Мадрид.

Вандерсон одамна е на мета на Барселона, бидејќи го обожава спортскиот директор Деко, но Каталонците долго време не се во финансиска состојба за позицијата десен бек.

Вандерсон е проценет на 30 милиони евра, има 23 години и договор до летото 2028 година. Тој во Монако пристигна од бразилскиот Гремио, во зимата 2022 година и ова лето би можел да ја смени средината.


Рајс: Ливерпул ја заслужи титулата, но жалам за нашите испуштени шанси

Арсенал игра многу солидна сезона, но на крајот нема да има нов трофеј во својата витрина.

Што се однесува до Премиер лигата, работите веќе оддамна се јасни – Ливерпул и математички го обезбеди својот 20-ти трофеј како шампион на Англија.

Фокусот на „Топчиите“ оваа сезона не беше на домашните купови, а во Лигата на шампионите имаа респектабилен пат.

И на тој начин оваа сезона „Топчиите“ останаа без трофеј, а Declan Рајс ги отвори чувствата пред англиските медиуми поради таа тема.

„Многу ме боли и мачно ми е. Многу, многу ми е важен трофејот од Премиер лигата. Ова е спортот кој го сакам и во кој сакам да успеам. Да се освои трофеј со Арсенал би било одлично, но имам уште 4-5 години договор да го оствариме тоа. Верувам дека ќе успееме.

Ако имаш победнички менталитет, многу тешко е тоа да се прифати. Од друга страна, Ливерпул оваа година го заслужи сето тоа и не сум тип кој бара оправдувања“, додаде тој.


Арсенал спреми 70 милиони за Словенецот Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот Бенџамин Шешко од Лајпциг.

Овој 21-годишен напаѓач привлече големо внимание на неколку гиганти, а на Островот го нарекуваат „новиот Халанд“.

Минатото лето Шешко реши да остане во Лајпциг, но сега е спремен за чекор напред во кариерата и сака трансфер во Премиер лигата.

Арсенал веќе почнал преговори со неговиот агент, но проблем може да биде Лајпциг кој бара 70 милиони евра за неговиот потпис.


Војчех Шчесни ќе добие нов договор во Барселона

Голманот Војчех Шчесни, кој се реактивираше на теренот во дресот на Барселона, може да остане и понатаму во шпанскиот фудбалски состав иако има договор само за една сезона.

Тој беше ангажиран како замена за повредениот Марк Тер Штеген но, очигледно ги доби симпатиите на тренерот, Ханси Флик.

„Тој е одличен голман и тоа е причината зошто е наш број еден во моментов. Клубот го знае мојот став. Јас сум среќен со него, секогаш е позитивен и мирен и тоа значи многу за екипата“, рече Флик.


Наполи ги сака Де Брујне и Дарвин Нуњез за следната сезона

Екипата на Наполи планира да обезбеди квалитетни засилувања за новата сезона во која ќе настапува во Лигата на шампионите.

Деновиве се појави информација дека италијанскиот тим ќе се обиде да дојде до потписот на Кевин Де Брујне, кој дефинитивно во текот на летото ќе го напушти Манчестер Сити. Денеска пак, медиумите најавуваат дека Наполи сака да го купи и играчот на Ливерпул, Дарвин Нуњес.

Се очекува Уругваецот да го напушти стадионот – „Енфилд“ бидејќи не е задоволен од минутажата што ја добива.


Хамбург го слави враќањето на ХСВ во Бундеслигата по седум години

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.

Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.

Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.

Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.


Барса пак го победи Реал и е на чекор до освојување на Примера

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот е 4-3.

Со оваа победа Ханси Флик се доближи со нова шампинска титула односно “триплет” по веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Куп на кралот.

Во секој од натпреварите Барселона го победи Реал, а вкупно оваа сезона ги доби сите четири пресметки против “кралскиот клуб”.

Публиката го оцени тукушто завршениот натпревар како еден од најдобрите меѓу ривалите.

Почетокот најавуваше целосно спротивен исход, откако Реал по 14 минути водеше со високи 2-0, со два гола на Килијан Мбапе.

Во 3. минута беше досуден пенал над Французинот, кој сам го реализираше за водство на гостите. Веќе во 14. минута нов шок за Барса и целосна тишина на стадионот, кога Мбапе избега зад грбот на високо поставената одбрана на ривалот и лесно го совлада Шчењи.

Веќе во 19. минута Ерик Гарсија после корнерот од левата страна го намали водството на 1-2. Се чекаше изеднадување до 32. минута кога Ламин Јамал за три минути донесе пресврт со два маестрални гола. Посебно извонредна беше мајсторијата на Јамал, во негов стил, но и онаа на Рафња кој од својата позиција после пресингот доведе до 3:2.

Истиот играч во 45. минута изврши притисок на Лукас Васкес, му ја зњсњ топката, одигра дупли пас со Феран Торе, и ефектно ја смести топката во мрежата за 4-2. Нокаутот на Реал, не го спаси ни Мбапе кој во второто полувреме, во 70. минута ја намали разликата на 4-3.

Имаше поништени голови на двете страни, но и промашени зицери, пред сè на Реал во 89. и 90. минута.


Консеисао би можел сепак да остане во Милан

Во еден момент беше отпишан. Кога на почетокот на февруари против Лацио врза три последователни порази во Серија А, постоеше прашање дали Сержо Консеисао воопшто ќе го дочека крајот на сезоната на клупата на Милан.

Сепак, како што се ближи крајот на натпреварувачката година, така и шпекулациите за кандидатите кои би можеле да го наследат се потивни, додека можноста Португалецот да остане на Сан Сиро, изгледа дека се зголемува.

„Имаме целосна доверба во него, концентрирани сме да видиме како ќе се одвива оваа сезона, тој добро работи со тимот и веруваме во него“, изјави извршниот директор на „Росонерите“, Џорџо Фурлани по победата над Болоња.

Милан во среда против Болоња во финалето на Купот на Италија ќе има можност да обезбеди пласман во Лигата на Европа. Меѓутоа, извршниот директор на италијанскиот клуб не крие дека и во случај на освојување на втор трофеј сезоната би била неуспешна бидејќи „Росонерите“ нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона.