фудбал

Тимоти Веа се повреди, го чекаат неколку недели пауза

Фудбалерот на Јувентус, Тимоти Веа, има повреда на мускулот на ногата и ќе паузира подолг период.

Американскиот репрезентативец ќе ги пропушти претстојните натпревари на „Старата дама“ против Фиорентина и Каљари. Лекарите се надеваат дека Веа ќе биде подготвен за дербито против Интер закажано на 26 ноември.

23-годишниот играч пристигна во Торино во изминатото лето од францускиот состав Лил.


Симеоне ќе ја намали платата за да добие нов договор во Мадрид

Диего Симеоне постигна договор со Атлетико Мадрид за нов тригодишен договор, објавија шпанските медиуми.

Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, му донесе многу успеси на „јорганџиите“, па клубот сакаше да го задржи и во наредните три години. Симеоне откако седна на клупата буквално го препороди Атлетико освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони.

Иако се шпекулираше дека во последните две сезони дошло до презаситување и дека Симеоне е спремен да ја промени средината после 12 сезони, сепак веднаш го прифати новиот договор.

Симеоне се согласил драстично да му биде намалена платата, дури за 45% и ќе остане во Атлетико до 2027 година.


Рома го нуди Абрахам за да го откупи Лукаку

Ромелу Лукаку ова лето пристигна во Рома на позајмица од Челзи, а Рома има план како да го задржи за постојано.

Имено, Рома е спремна да го понуди Абрахам во Челзи,а за возврат да го откупи целосно договорот на Лукаку. Абрахам пристигна токму од Челзи пред две години и во Рома доживеа целосна афирмација, но оваа сезона е повреден.

Англичанецот сака да ја промени средината, а Челзи нема ништо против да го врати во своите редови.

Поради тоа можна е трампа, така што Абрахам ќе се врати во Челзи, а Рома ќе го добие Лукаку во своја сопственост.


Жиру ќе добие нов договор со Милан

Италијанскиот Милан планира да го продолжи договорот на францускиот напаѓач Оливие Жиру. Ова го објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи.

Според Шира, раководството на италијанскиот клуб планира да му понуди на Жиру договор со важност до 2025. Исто така објавено е дека францускиот репрезентативец веќе добил две многу поволни понуди од клубови од Саудиска Арабија и Американската МЛС за следната сезона.

37-годишниот Жиру игра за Милан од почетокот на 2021/2022 сезона, а неговиот сегашен договор со клубот ќе трае до лето на 2024. Во тековната сезона, тој учествуваше во 12 натпревари, во кои постигна шест гола и три асистенции. Според интернет порталот Трансфермаркт пазарната вредност на Французинот е 4 милиони евра.


Ван Шип е нов тренер на разнишаниот Ајакс

Холандскиот гигант Ајакс кој е во голема резултатска криза го именуваше Џон ван Шип како привремен тренер на Ајакс. Поранешниот играч на Ајакс, потпишува договор со клубот во кој ќе работи од 30 октомври 2023 до 30 јуни 2025.

Ван Шип и Ајакс се договорија тој да го води тимот кој се наоѓа на последното место на табелата во шампионатот на Холандија.

Ван Шип е роден на 30 декември 1963, а играше во првиот тим на Ајакс, од 1981 година до 1992 година, по што замина во италијанскиот клуб Џенова.

По неговата активна кариера во фудбалот, тој бил тренер на млади и помошник тренер во Амстердам од 1997 до 2001 година. По една сезона како тренер на Твенте, тој се вратил во клубот како тренер на Јонг Ajax (2002-2004). Во летото 2004 година, беше назначен за помошник тренер на холандскиот национален тим.

Во 2008 година Ван Шип направи уште еден камбек во Ајакс, овој пат во улога на асистент тренер на првиот тим. Во меѓувреме 2017 се вратил во Холандија да работи како тренер Цволе, а подоцна од 2019 до 2021 тој работел како тренер на репрезентацијата на Грција.


Рубиалес казнет со тригодишна суспензија

Меѓународната Фудбалска Федерација (ФИФА) го суспендираше поранешниот претседател на шпанската Фудбалска Федерација Луис Рубиалес на три години. Причината за казната е скандалозниот бакнеж на шпанска фудбалерка на Светското Првенство за жени.

Луис Рубиалес беше фатен во сексистички скандал по церемонијата за доделување на медалите за победниците за жени на Светското Првенство.

Рубиалес ја зграпчи главата и страсно ја бакна фудбалерката Хермосо во усните. Како резултат на тоа, Рубиалес ја загуби својата позиција и стана обвинет во кривична постапка.


Невил: Гвардиол се претвори во Малдини

Во дербито од десеттото коло во Премиер лигата, Манчестер Сити на „Олд Трафорд“ го победи градскиот ривал Јунајтед со 0-3.

Херој на натпреварот беше Ерлинг Халанд кој постигна два гола и му асистираше на Фил Фоден за третиот гол на натпреварот во 80. минута. Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол ги одигра сите 90 минути за англискиот шампион на позицијата лев бек.

По натпреварот, играта на Гвардиола ја коментираше Гери Невил, истакнат англиски аналитичар и поранешен капитен на Манчестер Јунајтед. Невил беше воодушевен од тоа како Гвардиол ја одигра својата улога и кратко заклучи: „Гвардиол се претвори во Малдини. Тој е посебен играч, скапоцен камен“.

Паоло Малдини е еден од најдобрите дефанзивни играчи на сите времиња, кој играше за Милан од 1984 до 2009 година и од 1988 до 2002 година за репрезентацијата на Италија.

Малдини играше на позициите стопер и лев бек и беше доминантна фигура на теренот во текот на целата кариера.


Лудиот просек на Халанд: Гол на секои 64 минути во Премиер лихата

На напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд му се потребни 64 минути да постигне гол на натпреварите во англиската Премиер Лига. Норвешката ѕвезда постигнува гол на секоја 64 минута поминати на теренот, а со тоа е најдобар според овој индикатор меѓу играчите кои играле најмалку 40 натпревари.

Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах исто така е во топ 5 според овој показател. Египетскиот фудбалер постигнува гол на секоја 93 минута, речиси попловина час повеќе од Халанд. Поранешниот фудбалер на Арсенал и Франција, напаѓачот Тиери Анри и поранешен напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро се на втората и третата позиција (86 минути). Салах е на четвртото место, а потоа следува Робин Ван Перси (102 минути).

Да се потсетиме дека Ерлинг Халанд, исто така, влезе во првите пет играчи на Манчестер Сити кој на градското дерби на само три средби има ефект од осум поени (гол плус асистенција).


Се повреди Дани Олмо, РБ Лајпциг подолго ќе мора без Шпанецот

Германскиот тим РБ Лајпциг ќе биде без Дани Олмо неколку недели поради изместување на рамото, соопштија од клубот.

Играчот од средниот ред ја заработи повредата во 70. минута од саботниот натпревар против Келн, кој Лајпциг го доби со 6:-0. Шпанецот влезе како резерва само седум минути претходно. „Лекарските прегледи покажуваат дека Олмо нема скршеница, но ќе биде надвор од теренот неколку недели“, се вели во соопштението на германскиот клуб. 25-годишниот Олмо се врати во составот на РБ Лајпциг по речиси еден месец неиграње поради повреда на коленото.

„Навистина е тешко за мене и за самиот играч. Би било фантастично да го имаме во следните натпревари. Играчите кои ја прават разликата мора да бидат здрави”, изјави тренерот на РБ Лајпциг, Марко Розе.

РБ Лајпциг е на петтото место на табелата во Бундеслигата со 18 бодови.


Зубименди од Реал Сосиедад се сели на „Емирати“

Арсенал многу го засили тимот во летниот преоден рок и оваа сезона сигурно ќе биде еден од главните конкуренти за титулата во Премиер лигата.

Меѓутоа, тренерот Артета сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок и се очекува да испрати понуда од 60 милиони евра за Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Арсенал сака да создаде моќен среден ред со Деклан Рајс и Зубименди, кои би биле од големо значење и за иднината на тимот.

Зубименди е голема желба на Барселона и Манчестер Јунајтед, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и работи на трансферот.

Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но англиските медиуми пишуваат дека понудата од 60 милиони тешко ќе можат да ја одбијат.