Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Интер и италијански репрезентативец, Алесандро Бастони. Бастони веќе неколку сезони е столб на одбраната на „нероаѕурите“ и неодамна го продолжи договорот до 2028 година. Меѓутоа, Челзи му нуди двојно повисока плата и е спремен да испрати богата понуда до „нероаѕурите“ на лето. Интер не сака да го продаде дефанзивецот, но е во тешка финансиска ситуација и доколку пристигне богата понуда сигурно ќе размисли.
Гираси може да замине од Штутгарт за 17,5 милиони евра
Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е најпријатно изнеадување сезона во германската Бундеслига, напаѓачот постигна 14 голови и во овој момент е најдобриот стрелец во топ пет првенства. Летово Баерн Минхен го доведе Хари Кејн во трансфер вреден 100 милиони евра и се очекуваше англискиот голгетер да биде на врвот во оваа категорија, но Гираси игра фантастично. 27-годишниот напаѓач постигна 14 гола и во овој моемнт освен што прв стрелец во Бундеслигата, тој е и во топ 5 стрелци во Европа. По ваквиот настап очекувано е за него повеќе клубови да покажуваат интерес. Според информациите на „Скај Германија“ тој во својот договор има откупна клазула од 17.5 милиони евра. Таа сума е двојно помалку од неговата вредност на „Трансфермаркт“, па сигурно дека Штутгарт ќе има проблем да го задржи.
Чудните методи на Гросо – ги заклучил фудбалерите на Лион во соблекувалната
Девет одиграни натпревари, без ниту една победа, со три нерешени и шест порази е резултатот што го постигнаа фудбалерите на Лион на почетокот од францускиот шампионат. Клубот е далеку од славните денови на почетокот на векот кога од сезоната 2001/2002 г. до 2007/2008 година. освои седум титули во лигата. Во тимот владее очај, а тренерот Фабио Гросо бара начин како да ја сврти ситуацијата.
Француските медиуми го истакнуваат неговиот гнев и драстичниот потег што го презеде вчера за да открие кој според него прави немири и пушта информации во јавноста дека не треба. Ова го откри поранешниот играч на ПСЖ и поранешен француски репрезентативец Жером Ротен.
Тој тврди дека играч на Лион, кој не сакал да биде именуван, му рекол дека Гросо е „еден од најлошите тренери што постојат“ и дека „ги одделил играчите еден од друг“. Италијанскиот стручњак, кој освои само еден бод на четири натпревари со овој тим, после тоа реши да преземе драстични мерки. Гросо се заклучил заедно со играчите во соблекувалната на почетокот на тренингот и во полчасовна потрага по „кртот“ во тимот инсистирал да излезе и да признае што направил.
Лаутаро Мартинез последна желба на „кралевите“
Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде
доведување на врвен напаѓач.
После заминувањето на Бензема Реал остана без врвен напаѓач, а
најголема желба за нова „деветка“ е Лаутаро Мартинез. Лаутаро
неодамна потпиша договор до 2026 година, па Интер сигурно нема
лесно да ја пушти својата ѕвезда, но Реал е спремен да понуди повеќе
од 100 милиони евра.
Килијан Мбапе останува цел број еден за нападот на Реал Мадрид, но
Аргентинецот треба да пристигне заедно со Французинот.
Премиерлигашите го сакаат Димарко од Интер
Челзи и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за италијанскиот репрезентативец и играч на Интер, Федерико Димарко.
25-годишниот Димарко игра одлично во дресот на Интер и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. Премиерлигашите го следат подолго време и сакаат да го доведат во своите редови, но тоа нема да биде воопшто лесно.
Интер не сака ниту да почне преговори за сума помала од 50 милиони евра и ќе се обиде да го задржи Димарко.
Меѓутоа, „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и доколку прстигне богата понуда се спремни да го продадат.
Познат судијата за саботното „Ел Класико“ во Барселона
Судиската комисија при Ла Лига донесе одлука кој ќе ја дели правдата на Ел Класико. Довербата ја доби Хозе Марија Санчез Мартинез ќе биде назначен главен судија за натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид на 28 октомври. Ова на Радио Марка го соопшти поранешниот судија Павел Фернандез.
Претходно, Санчез Мартинез шест пати беше назначен за главен судија на Ел Класико, на овие натпревари екипите извојуваа по три победи.
Жоан Лапорта беше незадоволен од работата на овој судија на мечот против Реал Мадрид во октомври 2022 година. Тогаш претседателот на Барселона влезе во судиската соба за да добие објаснување за недосудениот пенал во корист на Барселона и досудениот пенал од 11 метри за Реал. Тој натпревар заврши со победа на Реал со резултат 3-1.
Тонали се спогоди со обвинителството во скандалот со обложување
Во Италија актуелен е скандалот со обложување, а најмногу се пишува за Сандро Тонали на кого му се заканува најсериозна казна.
Екс-фудбалерот на Милан призна дека се обложувал на натпревари на кои учествувал. Италијанецот заедно со својот адвокатски тим максимално соработува во истрагата, па обвинителите наводно се одложиле за побагла казна.
Претходно се пишуваше дека Тонали ќе биде суспендиран најмалку една година, но сега се прават напори за помала казна. Тонали како и да е нема да игра фудбал до крајот на сезона, меѓутоа од Њукасл сакаат да го имаат на располагање за почетокот на следната сезона.
Тонали покрај соработката во истрага прифатил и да има медицински надзор при неговото лечење од зависност и сето тоа ќе биде организирано во специјални установи. Претходно Николо Фаџоли од Јувентус доби суспензија од седум месеци и шест месеци лекување од зависност.
Роналдо откри уште колку ќе игра пред заминување во пензија
Кристијано Роналдо во разговор со новинарите ги откри своите планови за иднинатата. Роналдо кажа дека планира да игра во исто темпо и оваа сезона, а потоа ќе размисли дали ќе остане на теренот.
„Навивачите ме прават среќен и јас им возвраќам. Ќе играм и оваа сезона во вакво темпо, а потоа ќе размислам дали моето тело може да го издржи напорот“, изјави Роналдо
Португалецот игра за Ал Наср од јануари 2023 година, а по 12 натпревари сезонава постигна 12 гола и шест асистенции.
Ајакс го смени тренерот, Морис Стејн отпуштен по само единаесет натпревари
Ајакс реши да му врачи отказ на тренерот, Морис Стејн, кој пристигна во клубот пред само четири месеци.
Меѓутоа, Ајакс е во една од најголемите резултатски кризи во својата историја и се наоѓа на долниот дел на табелата.
Стејн ја напушта клупата на Ајакс по само 11 натпревари. Оствари само две победи, со четири нерешени и пет порази.
Михтарјан сака нов договор во Интер
Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хенрих Мкхтарјан го коментираше договорот со клубот кој му истекува на крајот од актуелната сезона.
„Се чувствувам добро во клубот. Давам се од себе за да им помогнам на моите соиграчи. Работам на теренот а мојот агент се грижи за останатото. Никогаш не сум бил одбранбен играч но, правам се што е можно за да помогнам и во нападот и во одбраната“, вели играчот на Интер.