фудбал

Тонали се спогоди со обвинителството во скандалот со обложување

Во Италија актуелен е скандалот со обложување, а најмногу се пишува за Сандро Тонали на кого му се заканува најсериозна казна.

Екс-фудбалерот на Милан призна дека се обложувал на натпревари на кои учествувал. Италијанецот заедно со својот адвокатски тим максимално соработува во истрагата, па обвинителите наводно се одложиле за побагла казна.

Претходно се пишуваше дека Тонали ќе биде суспендиран најмалку една година, но сега се прават напори за помала казна. Тонали како и да е нема да игра фудбал до крајот на сезона, меѓутоа од Њукасл сакаат да го имаат на располагање за почетокот на следната сезона.

Тонали покрај соработката во истрага прифатил и да има медицински надзор при неговото лечење од зависност и сето тоа ќе биде организирано во специјални установи. Претходно Николо Фаџоли од Јувентус доби суспензија од седум месеци и шест месеци лекување од зависност.


Роналдо откри уште колку ќе игра пред заминување во пензија

Кристијано Роналдо во разговор со новинарите ги откри своите планови за иднинатата. Роналдо кажа дека планира да игра во исто темпо и оваа сезона, а потоа ќе размисли дали ќе остане на теренот.

„Навивачите ме прават среќен и јас им возвраќам. Ќе играм и оваа сезона во вакво темпо, а потоа ќе размислам дали моето тело може да го издржи напорот“, изјави Роналдо

Португалецот игра за Ал Наср од јануари 2023 година, а по 12 натпревари сезонава постигна 12 гола и шест асистенции.


Ајакс го смени тренерот, Морис Стејн отпуштен по само единаесет натпревари

Ајакс реши да му врачи отказ на тренерот, Морис Стејн, кој пристигна во клубот пред само четири месеци.

Меѓутоа, Ајакс е во една од најголемите резултатски кризи во својата историја и се наоѓа на долниот дел на табелата.

Стејн ја напушта клупата на Ајакс по само 11 натпревари. Оствари само две победи, со четири нерешени и пет порази.


Михтарјан сака нов договор во Интер

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хенрих Мкхтарјан го коментираше договорот со клубот кој му истекува на крајот од актуелната сезона.

„Се чувствувам добро во клубот. Давам се од себе за да им помогнам на моите соиграчи. Работам на теренот а мојот агент се грижи за останатото. Никогаш не сум бил одбранбен играч но, правам се што е можно за да помогнам и во нападот и во одбраната“, вели играчот на Интер.


Де Брујне во јуни заминува од Сити?

Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.

Де Брујне на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Сити размислува дали да му понуди продолжување на соработката. Причина за тоа се честите повреди на 32-годишниот Белгиец, кој ќе пропушти голем дел од актуелната сезона поради повреда.

Отсуството на Де Брујне се чуствува во играта на тимот, но Белгиецот ќе мора да прифати помала плата доколку сака да остане на „Етихад“.

Во спротивно ќе биде продаден и „граѓаните“ ќе потрошат значителна сума за негова замена.


Џовани Реина се сели во Дортмунд во Милано

Милан работи на трансферот на младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џовани Реина.

Реина има само 20 години и со своите настапи во Борусија го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој веќе има 20 настапи за репрезентацијата на САД и според многумина ќе биде идна ѕвезда на светскиот фудбал.

Реина сака да ја напушти Бирусија Дортмуд, а Милан ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на „Сан Сиро“ уште во јануари.

Главен „виновник“ за трансферот може да биде Кристијан Пулишиќ кој го убедува својот сонародник да му се придружи на „Сан Сиро“.


Турските гиганти го сакаат Џејдон Санчо

Џејдон Санчо влезе во конфликт со менаџерот Ерик Тен Хаг во месец септември, а оттогаш воопшто не е во комбинација за настапите на Манчестер Јунајтед и покрај проблемите кои клубот ги имаше кога е во прашање играчкиот кадар.

Офанзивецот одби да се извини за својот став искажан на социјалните мрежи и веќе подолго време е во „аут“, поточно во овој момент нема иднина на „Олд Трафорд“.

Веќе неколку клубови го меркаат и ќе пробаат да го обезбедат неговиот потпис во зимскиот преоден рок, поточно на листата се тимови како Борусија Дортмунд, Јувентус, се споменува и Барселона, а според „Скај Спорт“ во трката се вклучиле и неименувани турски клубови.

Најреална опција за Санчо е да заврши на позајмица во некој од заинтересираните екипи со тоа што останува да видиме кој ќе биде најбрз, најконретен во обидот да ги добие неговите услуги.


Дел Пјеро ја отвори вратата за враќање во Јувентус

Алесандро Дел Пјеро скоро две децении го носеше дресот на италијанскиот великан Јувентус, период во кој одигра важен дел од многу големи успеси, но и воедно не го остави истиот и кога му беше најтешко, поточно кога беше испратен во Серија Б.

Јувентус е клубот на неговиот живот и дефинитивно тим во кој сака да добие улога, да работи и помогне истито да се врати на победнички патеки.

„За време на моето патување, низ сите години кога споделивме толку многу радости, како и најтемниот момент од Серија Б, изградив посебна врска со Јувентус. Не само затоа што навивам за клубот, туку затоа што деветнаесет години се навистина долго време. Луѓето ме прашуваат: „Зошто не се враќаш во Јуве?“ Јас одговарам дека не треба да се враќам затоа што никогаш не сум заминал. Кога поминувате многу време и многу искуства во заедница, корените остануваат во земја.

Добро, не работам таму денес, тоа не е важно – можеби работите ќе се променат во иднина, кој знае? – но никогаш нема да се чувствувам далеку. Таму е важен дел од моето срце. И секогаш ќе биде. Секогаш останувам дел од клубот“, порача италијанскате легенда.


Митома на радарот на Клоп и Ливерпул

Ливерпул планира да го засили тимот во јануари со цел да ја нападне титулата во Премиерлигата.

Најголема желба на Клоп е ѕвездата на Брајтон и јапонски репрезентативец, Каору Митома. Скаутите на Ливерпул веќе подолго време го следат 26-годишниот Јапонец, кој оваа сезона блеска во Премиер лигата.

Митома го продолжи договорот до 2027 година, па Ливерпул ќе мора добро да го одврзе кесето ако сака да го доведе на „Енфилд“.

Притоа, за Јапонецот силен интерес покажуваат Барселона и Манчестер Јунајтед, па Клоп ќе мора да ја победи конкуренцијата.


Барела: Новинарите во Италија се кловнови

Последните 20 денови во Италија беа крајно турбулентни, бидејки беше откриен голем скандал со играчи кои ги поврзуваа со обложување на натпревари од италијанските првенства.

Дел од нив настрадаа, а за оние за кои се уште не е докажана вина, е и Николо Барела од Интер. Тој веќе најави дека ќе започне судски процес против одредени медиуми во Италија, со цел да докаже дека е невин и дека против него се води гнасна кампања.

Тој на социјалната мрежа Инстаграм објави дека ќе влезево судски спор со весникот Ла Верита, кој тврди дека Барела е поврзан со останатите во обложувачки скандал.

„Очекував да бидат посериозни од „Ла Верита“. Вие сте кловнови, молчев долг период и гледав што се пишува за мене. Никогаш не сум се обложувал во спортски обложувалници. Се грижам за моето семејство и ќе го заштитам од вакви приказни. Започнувам правна постапка против вас“, најави Барела.

Долга и широка ќе биде оваа приказна, се додека не се отплетка и не се разјаснат сите имиња кои се вметнати во скандалот.