фудбал

Тодибо се сели во Премиер лигата, три понуди на маса за Французинот

Манчестер Јунајтед, Њукасл и Ливерпул покажуваат силен интерес за дефанзивецот на Ница, Жан Клер Тобидо, пренесува Фабрицио Романо.

Скаути на трите клубови ќе го следат настапот на Тобидо против Рен, а веќе спремаат понуда за трансфер од 45 милиони евра.

23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.

Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Се очекува на лето готово сигурно да направи трансфер во Премиер лигата, а останува да видиме во кој клуб.


Кастањ од Лестер се сели во Арсенал

Тимоти Кастањ ќе добие понуда во текот на летото да се пресели во Лондон во редовите на Арсенал.

27-годишниот фудбалер по дефиниција е десен бек но, може успешно да игра и во средината на одбраната па дури и на десната странична позиција. Тој за Белгија има реализирано 31 меч и постигнато два гола.

„Лисиците“ се во тешка ситуација на табелата и доколку испадната од Премиер-лигата, се претпоставува дека повеќето играчи ќе бидат ставени на трансфер пазарот.


Во Интер се предомислија, Инзаги добива нов договор

Симоне Инзаги веројатно ќе остане на клупата на Интер, најави за италијанските медиуми првиот оперативец во клубот, Бепе Марота. 

„Верувам дека останува. Не бевме толку добри во Серија „А“ но , Наполи одигра одлична сезона. Се друго е позитивно“, вели Марота.

„Нероаѕурите“ го освоија Супер Купот на Италија, имаат шанса да се борат за пехарот во Купот а обезбедија и одличен резултат со Милан во првата средба од полуфиналето во Лигата на шампионите.


Заврши сезоната за Зинченко и Салиба

Стандардните дефанзивци на фудбалскиот состав Арсенал, Вилијам Салиба и Олександер Зинченко, ќе го пропуштат финишот на сезоната во Премиер-лигата.

Тоа ќе биде голем удар за тренерот, Микел Артета кој нема соодветни замени и ќе мора да прави различни комбинации во дефанзивната линија.

„Топчиите“ во трката заостануваат еден бод за лидерот Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.


Рафаел Леао добива нов договор на „Сан Сиро“

оа што се очекуваше се случи. Рафаел Леао го продолжи договорот со Милан со далеку подобри услови.

Фудбалерот ќе остане на „Сан Сиро“ до јуни во 2028 година и ќе добива плата од пет милиони евра. Секако ќе има и одредени бонуси. Во невиот договор е вметната и клаузула за предвремено заминување во висина од 175 милиони евра.

23-годишниот напаѓач беше купен од францускиот Лил во 2019 година за сума од 35 милиони евра.


Клуб од Саудиска Арабија му нуди висока плата на Лорис

Голманот на Тотенхем, Уго Лорис, добил понуда да замине во Саудиска Арабија. Французинот, кој игра 11 години кај Спарси, веројатно ќе го напушти клубот во текот на летото.

Според „Тајмс“, екипа од Саудиска Арабија му понудила три пати повеќе од неговата сегашна 100.000 фунти неделно.

Лорис кој се рехабилитира од повреда нема да игра до крајот на сезоната. Тотенхем интензивно се обидува да му пронајде замена.


Чурлинов: По повредата не сум истиот фудбалер

Дарко Чурлинов сезонава не се наигра во Барнли, а најголема причина за тоа е повредата поради која беше подолго време надвор од терените.

Во изјава за германските медиуми, Чурлинов истакна дека за него ова било тешка сезона.

„Не беше лесно, ја скинав тетивата на тренинг, а потоа ништо не одеше според планираното. Ми треба време да бидам на потребното ниво. Летната сезона ќе ја искористам да се вратам во на нивото на кое бев пред повредата“.

Низ медиумите се шпекулира негово можно враќање во Шалке.

„Во Шалке поминав фантастичен период и за мене најважно е да уживам во фудбалот. Ако сакаат да се вратам ќе донесам одлука. Претходно секако ќе се консултирам со менаџерската агенција и семејството“, изјави Чурлинов.


Челзи нема да жали средства да го откупи Жоао Феликс

Жоао Феликс се пресели во Челзи, каде ќе игра на позајмица до крајот на сезоната. Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.

Челзи сака да го откупи 23-годишниот фудбалер и наскоро ќе седне на преговарачка маса со Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ за откуп бараат 100 милиони евра, а Челзи ќе се обиде да ја намали таа сума така што во трансферот ќе ги вклучи Обамејамг и Кукуреља.

Кукуреља минатото лето пристигна во Челзи за 62 милиони фунти, но не се вклопи најдобро во тимот, а Атлетико покажува интерес за него.


Чуамени пред преселба во Ливерпул?

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Аурелијан Чуамени на крајот од сезоната можно е да го напушти шпанското првенство и да се пресели во Премиер лигата.

Според информациите кои ги наведуваат медиумите, Чуамени наводно тешко се носел со фактот дека тој не избори место во стартната постава на Реал и посакува промена на средината. Реал Мадрид веќе се договори за ангажман на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, и воедно ги продолжи договорите со Лука Модриќ и Тони Крос. Ова дополнително ја отежнува шансата на Чуамени да има повеќе минути во првиот тим предводен од тренерот Анчелоти.

Оваа ситуација со Чуамени будно ја следат од вицешампионот на Англија, Ливерпул, од каде веќе планираат испраќање на понуда за ангажман на францускиот фудбалер.

23-годишниот Чуамени е член на Реал од минатата година кога пристигна од Монако. Неговиот актуелен договор со „кралскиот клуб“ е со важност до 2028.година.


Андре Онана е прва желба на Јунајтед за наследник на Де Геа

Давид де Геа најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето, па „црвените ѓаволи“ ја почнаа потрагата по нов голман.

Актуелниот договор на Де Геа истекува на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека Шпанецот има 32 години, раководството се обидува да го убеди да прифати помала плата. „Атлетик“ пренесува дека Де Геа ја одбил понудата која му ја доставило раководството, па Јунајтед нема намера да му достави нова и ќе му дозволи да си замине.

Прва желба за негов наследник е голманот на Интер, Андре Онана, кој игра одлична сезона во Серија А.

Интер е спремен да го продаде бидејќи има финансиски проблеми, а Онана минатото лето пристигна без обештетување, па тоа ќе биде чиста заработка за „нероаѕурите“.