фудбал

Премиерлигашите застанаа во редот на Виртц

Екипите од Премиер лигата, Њукасл, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, ќе конкурираат за потписот на големиот талент на Баер Леверкузен, Флоријан Виртц.

Покрај англиските екипи, за младиот фудбалер е заинтересирана и Барселона но, Каталонците тешко дека ќе издвојат 70 милиони евра за 20-годишниот репрезентативец  на Германија.

Виртц во сезонава одигра десет средби со ефект од три гола и четири асистенции.


Грунвуд ставен на трансфер листа, заминува од Манчестер оваа зима

Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед ќе бара 25 милиони евра за потписот на Мејсон Гринвуд кој сезонава ја игра како позајмен во шпанскиот состав Хетафе.

Тој беше принуден да го напушти стадионот – „Олд Трафорд“ поради бурните реакции околу неговото апсење за наводен напад врз неговата девојка.

Иако судењето подоцна беше прекинато откако госпоѓата ја повлече жалбата, „црвените ѓаволи“ го одалечија од тимот.


Касемиро го чека кратка пауза, ќе прескокне неколку натпревари

Манчестер Јунајтед објави дека играчот од средниот ред Касемиро останал во татковината за да се опорави од ситната повреда заработена на квалификацискиот меч со Уругвај за СП.

Тоа значи дека стандардниот првотимец нема да игра на викенд-дуелот со Шефилд Јунајтед во рамките на Премиер-лигата. 31-годишниот Бразилец ќе се врати во клупската база во почетокот на наредната работна недела.  

Касемиро нема да му биде на располагање на Тен Хаг и на мечот со Копенхаген во Лигата на шампионите бидејќи заработи црвен картон на средбата со Галатасарај.


Џејмс уште не заздравел од повредата, ќе паузира уште неколку недели

Фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс, полека се опоравува од повредата но, нема да игра на мечот со Барнли закажан во текот на викендот, најави тренерот на „сините“, Маурицио Покетино.  

Тоа значи дека Мело Густо и Марк Кукурела се единствените што ќе конкурираат за позицијата на десен бек.

Аргентинскиот тренер не сака да ризикува со повредата на Џејмс и затоа ќе мора да бара друга опција за страничниот дел во одбраната.


Брахам Диаз сака да се врати во Милан

Брахим Диаз после три сезони поминати во Милан ова лето се врати во Реал Мадрид и требаше да биде големо засилување.

Диаз блескаше во дресот на „росонерите“, па Реал одлучи да го врати како замена за Асенсио ова лето.

Меѓутоа, Диаз не се вклопува во системот на игра на Анчелоти и добива мала минутажа, па може експресно да го напушти „кралскиот“ клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е спремен да го пушти уште во јануари, а најголема желба на Диаз е да се врати во Милан.


Ал Хилал ќе добие висока оштета за повредата на Нејмар

ФИФА ќе му исплати солидна компензација на саудискиот клуб Ал Хилал, бидејќи Нејмар се повреди на репрезентативен меч од квалификациите за СП 2026, ФИФА ќе мора да исплати отштета кон неговиот клуб, а таа, според познавачите на приликите, нема да биде воопшто мала.

Според Essentially Sports, ФИФА ќе исплати дарежлива отштета која може да достигне и осум милиони. Условот за компензација е пауза од најмалку 28 дена, а во случајот на Нејмар тој ќе паузира и до 6 месеци.

ФИФА ја покрива штетата најмногу за една година, а износот на обештетувањето достигнува 20.548 евра за еден ден пауза“, велат експертите.


Шпанецот Фабиан Руиз пред враќање во Серија А

Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, но не се снајде баш најдобро во ПСЖ, па сака да ја промени средината.

Руиз веќе втора сезона е најчесто на клупата за резерви, а силен интерес за него покажува Јувентус. „Старата дама“ е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе го замени Погба, па на Руиз му нуди место во стартниот тим.


Нејмар: Ова е најлошиот момент во мојата кариера

Нејмар заработи повреда на натпреварот кој го одигра за Бразил во квалификациите за Светското првенство, поради што најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Во судиското надополнување на првиот дел падна на тревникот и побара помош. Тој беше изнесен надвор од теренот на носилки, а тестовите открија повреда на предните вкрстени лигаменти и менискусот. Прогнозите укажуваат на принудна пауза од шест до девет месеци, што значи дека Нејмар најверојатно ќе ја пропушти Копа Америка и уште една шанса да постигне голем резултат со Бразил.

Од 2010 година, откако е репрезентативец на Бразил, го освои само Купот на конфедерации во 2013 година, а пред две години неговиот тим го загуби финалето на Копа Америка од Аргентина.

Од неодамна е и играч на Ал Хилал. Клубот од Саудиска Арабија му плати на Пари Сен Жермен 100 милиони евра за да ја доведе една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, а на Нејмар му вети 320 милиони за двегодишна соработка. Под знак прашалник е кога навивачите на клубот повторно ќе го видат во дресот.

Тешката повреда и новата пауза ја коментираше на социјалните мрежи. „Ова е тажен момент, најлош во мојот живот. Знам дека сум силен, но овој пат ќе ми треба уште поголема поддршка од моите пријатели и семејството. Не е лесно да се помине повреда и операција и само четири месеци по закрепнувањето. Се надевам на Бог и оставам се во негови раце. Благодарам за поддршката и пораките за поддршка“, напиша тој.


Жоао Невес е најнова желба на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е насочен кон купување на 19-годишниот одбранбен играч за врска на Бенфика, Жоао Невес.

Според изворот, „црвените ѓаволи“ планираат да влезат во преговори со тимот од Лисабон пред летото во 2024 година.

Невес сезонава одигра 11 натпревари за Бенфика во сите конкуренци. Договорот на играчот со португалскиот клуб е до крајот на јуни во 2028 година.


Анчелоти: Коцкањето е зависност

Италијанскиот фудбалски тренер , Карло Анчелоти, ги коментираше наводите за нелегално обложување на Сандро Тонали и Николо Фаџоли.

„Тоа беше сериозна грешка, на тие играчи им треба третман. Од научна гледна точка, зависноста од коцкање е болест. Во исто време, верувам дека тоа е вина на поединечни луѓе а не на целиот италијански фудбал – тоа би било претерување“, вели Анчелоти.