фудбал

Стефан Савиќ е подготвен за дуел со Роналдо

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ изјави дека не се плаши од дуел со ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо во првиот осминафинален натпревар меѓу двата тима кој се игра во среда.

„Детално се подготвуваме за натпреварот. Свесни сме за нивните добри страни, имаат многу брзи играчи и квалитетни напаѓачи. Знаеме како ќе играат и подготвени сме за тоа“, изјави Стефан Савиќ за шпанските медиуми.

31-годишниот Црногорец, вели дека не е загрижен од соочувањето со Роналдо кој во кариерата има постигнато 25 гола против Атлетико Мадрид.


Тухел застана во заштита на Тухел по лошиот настап против Кристал Палас

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, изјави дека ќе направи се што е можно за да го заштити напаѓачот, Ромелу Лукаку, кој има слаби партии во континуитет и добива критики од сите страни.

„Мора да се справиме со ситуацијата. Статистиката покажува одредени работи. Сега тој е во центарот на вниманието и ние ќе го заштитиме. Џејмс и Чилвел беа повредени кога беа во врвна форма. Нивната игра е многу значајна за Лукаку поради неговата брзина и прецизност“, вели тренерот на „сините“.


Бернардо Силва „сонува“ да заигра за Реал Мадрид

Играчот на Манчестер Сити, Бернардо Силва „сонува“ да заигра за Реал Мадрид во текот на својата кариера. Шпекулациите околу можноста за преселба на Португалецот во Мадрид се зголемуваат со оглед на иднината на Лука Модриќ во клубот.

 Тренерот на Сити,Пеп Гвардиола, минатото лето потврди дека Силва побарал да си замине од клубот, но сепак тоа не се случи и оттогаш тој  игра во неверојатна форма за својот тим.

Силва досега има 10 гола и три асистенции на 34 натпревари во сите натпреварувања за Манчестер Сити, меѓутоа според некои медиуми тој сеуште се надева на летен трансфер во „Кралскиот клуб“, каде би бил идеална замена за Лука Модриќ, кој има 36 години и полека ќе мора да го препушти своето место во тимот.


Обамејанг влезе во историјата: Прв фудбалер со хет-трик во четири од петте најсилни лиги

Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг постави уникатно достигнување. Тој на натпреварот од 25. коло на шампионатот во Шпанија против Валенсија (4-1) постига три гола. Ова се негови први погодоци за каталонскиот тим по заминувањето од Арсенал.

Така, напаѓачот од Габон стана првиот играч во 21 век кој постигнал хет-трик во француската Лига 1, германската Бундеслига, англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига.

Додека беше во Франција, Обамејанг играше за Дижон, Лил, Монако и Сент Етјен, во Германија за Борусија Дортмунд, во Англија за Арсенал.


Интер се договори со Брозовиќ

Скај Италија објавува дека шампионот на Серија А, Интер, се договори со Марсело Брозовиќ околу продолжување на неговиот договор на уште четири години, со што ќе остане во клубот до 2026 година.

Со новиот договор Хрватот ќе заработува 6 милиони евра по сезона, а официјална објава за соработката се очекува во наредните 24 часа. 

29-годишниот Брозовиќ во дресот на Интер е веќе шест години, а пристигна од Динамо Загреб за 18 милиони евра.


Алегри: Влаховиќ дебитира, не треба да ставаме дополнителен притисок врз него

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека напаѓачот, Душан Влаховиќ, не смее да биде под притисок бидејќи не постигна гол на градското дерби со Торино.

„Натпреварот со Торино беше тежок. Во текот на сезоната има натпревари кога не можете да реализирате шанси. Утре Влаховиќ ќе дебитира во Лигата на шампионите и не можеме да ставиме притисок врз него“, вели Алегри.

Српскиот напаѓач ќе дебитира во дресот на „старата дама“ во елитата на Европа. Италијанците за противник ќе го имаат шпанскиот тим Вилјареал.


Емери: Јувентус е фаворит, но можеме да го победиме

Екипата на Виљареал вечерва на домашен терен го игра својот прв натпревар од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите против Јувентус.

Иако во моментов, двете екипи располагаат со скоро изедначено силни тимови, сепак од таборот на „жолтата подморница“, фаворитската улога на натпреварот му ја препуштаат на „бјанконерите“ од Торино. Меѓутоа тренерот на Виљареал, Унаи Емери истакнува дека можат и знаат како да стигнат до победата.

„Мора да уживате додека настапувате во ЛШ. Тимот на Јувентус е фаворит на средбата, но ние покажавме дека можеме да се надигруваме со било која екипа, и заслужено стигнавме до осминафиналето. Суштината на успехот е напорната работа “,потенцира Емери.


Јуве спремен да го доведе Де Јонг од Барселона

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат италијанските медиуми.

„Старата дама“ на лето сака да го засили средниот ред и најголема желба е токму Холанѓанецот, па веќе почнале да работат на негов трансфер во Торино.

Де Јонг во Барселона пристигна летото 2019 година за сума од 86 милиони евра. Во последно време многу често се поврзува со заминување и нема да биде чудо ако на крајот на сезоната го напушти „Камп Ноу“.

Френки Де Јонг е помеѓу фудбалерите кои Барселона ги стави на трансфер листата со цел да се подобри финансиската ситуација во клубот. Сумата која Барселона сака да ја добие од продажбата на Де Јонг е околу 75 милиони евра.


Маунт ќе биде подготвен за финалето на Лига Купот против Ливерпул

Мејсон Маунт, веројатно ќе се појави на неделното финале со Ливерпул во Лига Купот на Англија откако полека ја санирал повредата.

Натпреварот на стадионот –„Вембли“ е закажан за 27 февруари. Англискиот репрезентативец заработи повреда на скочниот зглоб во првото полувреме од финалето на Светското клупско првенство против Палмеирас.

Тој иако денеска учествуваше на тренингот на Челзи, сигурно ќе го пропушти утрешниот прв меч со Лил во 1/ 8 финалето во Лигата на шампионите.


Хуан Мата е играчот од кого Бруно Фернандеш научил најмногу

Бруно Фернандеш го потенцира соиграчот од Манчестер Јунајтед со кого најмногу се дружел и од кого научил најмногу.

Португалецот истакна дека Хуан Мата е фудбалерот кој го смета за најдобар пријател во клубот. Бруно во последниве две години научил доста работи од 34 годишниот Шпанец.

„Како најдобар пријател во Јунајтед би го посочил Хуан Мата, бидејќи тој ме прави подобар играч и човек како на теренот така и надвор од него“, истакнува Фернандеш.