фудбал

Пад на македонската репрезентација на ФИФА ранкинг листата

Поразите од Украина и Англија ја спуштија нашата фудбалска репрезентација на 68 место на новата ранг листа на ФИФА.

Тоа значи дека неуспешните квалификациски мечеви ни донесоа пад за три позиции во однос на претходното рангирање.

Аргентина останува лидер на листата пред Франција и Бразил. Во Топ 10 уште влегуваат и Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.


Камавинга доби нов договор, останува до 2028 година на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид во овој период работи на продолжување на договорите на своите фудбалери, а сега на ред дојде Едуард Камвинга.

Според најавите, Французинот ќе потпише договор со важност до 2028 година. Се открива и откупната клазула во него која наводно ќе изнесува една милијарда.

Ваква клазула се најавуваше и во договорот на Винисиус Жуниор, па јасно е дека Реал на Камвинга гледа како на еден од своите најважни фудбалери за во иднина.

Покрај откупната клазула Камвинга ќе има и поголема плата од сегашната. Во Мадрид пристигна од Рен пред две години и веќе одигра 63 натпревари за „кралевите“.


Тата Мартино именуван за нов тренер на Интер Мајами

Херардо Тата Мартино е новиот шеф на стручниот штаб на Интер Мајами, соопшти американскиот клуб.

„Многу сме среќни што Мартино го презеде Мајами. Веруваме дека тој е тренер кој одговара на нашите амбиции. Оптимисти сме дека можеме да постигнеме многу заедно“, изјави еден од сопствениците на Мајами, Хорхе Мас за официјалниот сајт на клубот.

Тој додаде дека очекува Интер да се бори за трофеи во МЛС лигата.

„Тато е многу почитувана личност во нашиот спорт. Неговите резултати зборуваат сами за себе. Ние сме уверени дека неговите достигнувања во играта и искуството како главен тренер ќе го инспирираат нашиот тим. Знаеме дека Мартино ќе има големо влијание на и надвор од теренот“, рече Ко-сопственикот на Интер Дејвид Бекам.

Интер е на последното место во поредокот на МЛС Источната конференција со само 15 бодови. Следниот натпревар клубот од Мајами го игра на 2 јули на домашен терен против Остин.


Клоп спремен за голема ѕвезда: Ливерпул ќе испрати понуда за Осимен

Ливерпул е заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. „Црвените“  на барање на менаџерот, Јирген Клоп, сакаат да го ангажираат  24-годишниот Нигериец.

Црномурестиот напаѓач кој имаше блескава сезона и ја освои наградата за најдобар стрелец во Серија А се наоѓа на списокот за трансфери на Манчестер Јунајтед, Челзи, Њукасл, Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.  

Познато е дека Наполи за неговиот потпис бара големи 180 милиони евра.


Ако не го доведе Мбапе, Реал ќе испрати понуда за Лаутаро

Лаутаро Мартинез, може да добие понуда да замине во Реал Мадрид доколку шпанскиот тим не успее да го ангажира Килијан Мбапе од ПСЖ, најавија дел од медиумите.  

Аргентинецот има договор со Интер до летото 2026 година што значи дека откупната клаузула ќе биде многу висока.

Напаѓачот пристигна кај „нероаѕурите“ во 2018 година од Расинг Клуб за 25 милиони евра.


Рамос очајно сака да се врати во Сев

Фановите на Севилја не сакаат да го гледаат Серхио Рамос во нивниот состав, тврдат денеска медиумите во Шпанија.

Според радио Кадена СЕР, искусниот стопер кој го напушти летово ПСЖ има намера да се врати во матичниот клуб од кој во 2005 година направи трансфер во Реал Мадрид.

37-годишниот Шпанец е слободен агент што значи дека Севилја може да го ангажира без обештетување.


Мурињо казнет, нема да ја води Рома во првите две кола на Серија А

Италијанската фудбалска федерација му изрече десетдневна суспензија на Жозе Мурињо поради навреда на судијата Даниеле на мечот со Монца одигран на 3 мај.

Тоа значи дека тренерот на Рома нема да седи на клупата на стартот на новата сезона. Португалскиот тренер ќе треба да плати и казна од 50.000 евра.

Пред извесен период и УЕФА го казни „специјалниот“ со четири натпревари поради вербални навреди упатени кон судијата Ентони Тејлор по поразот од Севилја во финалето во Лига Европа.


Несторовски пред враќање во Палермо?

Во изминатите денови низ италијанските медиуми се пишува за иднината на македонскиот напаѓач, Илија Несторовски.

Несторовски во финишот од сезоната добиваше поголема минутажа во Удинезе, но откако тимот го обезбеди опстанок, па последните натпревари беа искористени како тест да се види на кого тимот има намера да смета во новата сезона. Како што стојат работите, Нестор не го поминал „тестот“ и не ги задоволил очекувањата на раководството на клубот од Удине. Сега од Палермо стигна потврда дека преговараат да го вратат во своите редови.

„Преговараме со Несторовски“, објави „Џиорнале ди Сицилија“.

Несторовски најдобрите денови од својата кариера ги помина во Палермо каде што остави длабока трага, а си замина откако клубот поради финансиски проблем беше исфрлен во најинзок ранг, сега полека се враќа и се натпреварува во Серија Б.

Засега информациите се дека Палермо на Несторовски му нуди договор на една година, додека македонскиот напаѓач бара двегодишен договор. Претходно се пишуваше дека АПОЕЛ е заинтересиран за Нестор, меѓутоа во овој момент клубот од Сицилија е фаворит.


Наградниот фонд за женскиот Мундијал значително зголемен

Наградниот фонд на претстојното Светско првенство за жени ќе изнесува 100 милиони евра, што е за 300% повеќе од наградниот фонд на последното Светско првенство 2019 година. Тоа го пренесува „Мундо Депортиво“ повикувајќи се на ФИФА.

ФИФА одлучи дел од парите директно да ги додели на учесниците на Мундијалот, а не на федерациите. Секој играч кој ќе учествува на Светското првенство загарантирано ќе добие 27.000 евра. Сите членови на победничкиот тим ќе добијат загарантирана исплата од 247.000 евра. Сепак, наградниот фонд на Светското првенство за жени, зголемен за 300%, и понатаму е четири пати помал од износот на машкиот турнир, кој, според изворот, изнесувал околу 400 милиони евра (СП 2022).

Светското првенство за жени ќе се одржи од 20 јули до 20 август во Австралија и Нов Зеланд. Актуелен победник на турнирот е тимот на САД.


Барса спремна да го чека Брозовиќ, но мора да продаде неколку фудбалери

Барселона во наредните денови има намера да продаде играчи за најмалку 17 милиони евра за да му плати на Интер за играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ. Тренерот Чави сака лично да го види фудбалерот во својот тим. Ова го пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио на својата веб-страница.

Претходно беше објавено дека Барселона нема финансиски капацитет да реализира каков било трансфер, а тимот нема дополнителни средства во фондот за плати. За да потпише со нови играчи, клубот ќе мора да се раздели со постоечките играчи. Брозовиќ е најевтината алтернатива како замена за Серхио Бускетс, кој ќе може да се покаже на високо ниво.

Брозовиќ (30) за Интер игра од 2015 година. Претходно беше објавено дека тој е блиску до преселба во клубот од Саудиска Арабија, Ал-Наср.