фудбал

Јуве спремен да жртвува една сезона во европ-куповите

Јувентус оваа сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.

Со тоа Јувентус избори пласман во Конферециската лига, но УЕФА отвори истрага за целиот случај и сега клубот може да биде исфрлен од европските натпреварувања. Според „Газета дело Спорт“, УЕФА ќе го суспендира Јувентус од европските натпреварувања најмалку на една година.

Поради тоа раководството на „бјанконерите“ започнало преговори со челните луѓе на УЕФА за „спогодба“ да ја прифати суспензијата без жалба, но таа да важи за наредната сезона па Јувентус да се откаже од играње во Конференциската лига.

Реално Јувентус не е заинтересиран за играње во Коференциската лига, а стравува дека казната ако биде изречена после септември ќе важи за сезоната после неа.


Баерн даде „зелено светло“ за трансферот на Лукас во ПСЖ

Од Баерн Минхен нема да прават никакви проблеи за трансферот на дефанзивецот Лукас Ернандез во Пари Сен Жермен, пишува новинарот на „RMC Sport“, Фабрис Хокинс.

Баварците очекуваат да добијат 50 милиони евра за сестраниот дефанзивец, чиј договор истекува следното лето. Досега клубот се обидуваше да го задржи францускиот интернационалец, водејќи преговори со него за нов договор, но се чини дека германскиот шампион се помири со желбата на 27-годишниот играч да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Се очекува потписот на дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Жае, исто така, веројатно ќе има влијание врз повлекувањето на позицијата на Баерн Минхен.


Де Вриј доби нов договор на „Сан Сиро“

Интер потпиша договор за продолжување на договорот со Стефан де Вриј, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер.

Според изворот, договорот ќе биде со важност до јуни 2025 година со можност за продолжување за следната сезона. Наскоро се очекува и официјално соопштение. Стефан де Вриј останува и покрај обидите на клубови од Саудиска Арабија да го купат.

Во сезоната 2022/23, Де Вриј одигра 38 натпревари за Интер во сите натпреварувања во кои постигна еден гол. Актуелниот договор на играчот со миланскиот клуб истекува на крајот на јуни оваа година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 8 милиони евра.

Да потсетиме дека во сезоната 2022/2023, Интер го зазеде третото место во италијанското првенство, освојувајќи 72 бода, а стигнаа и до финалето на Лигата на шампионите, губејќи од Манчестер Сити со 1-0 во финалето.


Пеп го сака Хакими во Сити

Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече Ашраф Хакими од Пари Сен Жермен.

Пеп Гвардиола го посочи Мароканецот како совршена замена за Кајл Вокер, кој е блиску до преселба во Баерн. Хакими е во многу блиски односи со Килијан Мбапе и евентуалното заминување на француската ѕвезда би можело да биде придружено и со негов трансфер. ПСЖ нема желба да се раздели со мароканскиот интернационалец, но се очекуваат сериозни промени во клубот со доаѓањето на новиот тренер, кој најверојатно ќе биде Луис Енрике.

Ќе има промени во Манчестер Сити по историската тројна круна. Покрај Вокер, се очекува да замине и Илкај Гундоган, а „граѓаните“ се обидуваат да го привлечат Матео Ковачиќ како негова замена. Во битка за потписот на Деклан Рајс влезе и англискиот и европски шампион.


Баерн спрема понуда за Келвин Филипс

Челниците на Баерн Минхен се заинтересирани за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Келвин Филипс.

27-годишниот англиски репрезентативец е резервна варијанта за Баварците за летна селекција. Фудбалерот во летото во 2022-ра пристигна кај „граѓаните“ за 42 милиони фунти од Лидс, но одигра само 12 натпревари.

Тој се повреди во првиот дел од сезоната а потоа не успеа да се наметне во тимот.


Бенитез ја презема Селта од следниот месец

Познатиот фудбалски тренер Рафаел Бенитез ќе ја предводи шпанската екипа Селта Виго. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот.

Договорот со тренерот е потпишан за период од три сезони. Се очекува Бенитез да му се приклучи на тимот во јули, на почетокот на претсезоната.

Бенитез претходно беше тренер на Реал Мадрид, Наполи, Интер, Валенсија и Ливерпул, со кои ја освои Лигата на шампионите во 2005 година. Последната работа на Бенитез беше на клупата на Евертон, од каде си замина во 2022 година.

Селта Виго минатата сезона ја заврши на 13. место во шпанската Ла Лига со освеони 43 поени.


Три гиганти во трката за дефанзивецот Тодибо

Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Ливерпул покажуваат силен интерес за дефанзивецот на Ница, Жан Клер Тобидо.

Скаути на трите клубови ги следеа настапите наТобидо оваа сезона и се заинтересирани да го доведат во своите редови ова лето. 23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.

Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Ница за неговата слобода бара 45 милиони евра, сума која споменатите клубови се спреми да ја платат.


Јуве и Милан го враќаат Фабиан Руиз во Серија А

Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, а „светците“ за 24 милиони евра го доведоа во своите редови. Меѓутоа, Руиз не се снајде баш најдобро во Париз и во системот на игра на Галтие, па сака да ја промени средината.

ПСЖ исто така е спремен да го продаде, а најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.

„Светците“ се спремни да го пуштат дури на позајмица со право на откуп, а Руиз сака да се врати во Серија А.


Атлетико го краде Амрабат пред носот на Барса

Атлетико Мадрид почнал преговори за ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.

Имено, Симеоне сака да го засили средниот ред, а Амрабат е на врвот на листата желби. Мароканецот потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина, а Атлетико Мадрид ја победил конкуренцијата и постигнал договор со неговиот агент.

Амрабат беше желба на неколку европски гиганти во јануари, особено на Барселона, но Фиорентина одлучи да го задржи до крајот на сезоната.

Сега за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека Атлетико е спремен да понуди 20 милиони евра.


Јунајтед кокетира со Кејн, но Леви е тежок преговарач

Челниците на Манчестер Јунајтед сакаат преку фудбалерот, Хари Кејн, да издејствуваат негов трансфер на „Олд Трафорд“.

Тие побарале од напаѓачот на „спарси“ да се обиде да го убеди претседателот, Даниел Леви, да го пушти да си замине за помала сума.

„Црвените ѓаволи“  не сакаат да платат 100 милиони фунти за репрезентативецот на Англија кој има договор само за уште една сезона.