фудбал

Неморална понуда од Њукасл за Сандро Тонали

Сандро Тонали се сели во Премиер лигата и следната сезона ќе игра за екипата на Њукасл. Трансферот на младиот фудбалер на Милан треба да биде завршен наскоро, откако тој ја прифатил понудата на Англичаните за плата од 10 милиони евра годишно, па сега се очекува само клубовите да се договорат меѓусебно.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, англискиот клуб и играчот од средниот ред се блиску до договор кој ќе има важност до 2029 година. Италијанецот ќе заработува во Англија 8 милиони евра годишно, со можни дополнителни два милиони како бонуси.

Њукасл продолжува да разговара за трансфер обештетувањето со Милан. Последната понуда на Њукасл се свижи околу 70 милиони евра, но Милан и натаму инсистира на сума од 80 милиони евра.


Њукасл ќе испрати понуда за Сандро Тонали од Милан

Њукасл кој во наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, сака да го ангажира играчот на Милан, Сандро Тонaли.

Првата понуда за трансфер на Италијанецот е 50 милиони евра. Тонали во изминатата сезона одигра 48 натпревари во сите конкуренцци. Тој даде два гола и направи 10 асистенции.

Играчот од средниот ред беше купен од Бреша во 2021 година откако една сезона помина како позајмен на – „Сан Сиро“.


Луис Суарез предвремено ја завршува кариерата заради повреда

Луис Суарез би можел да замине во фудбалска пензија, пренесуваат бразилските медиуми, наводно Уругваецот веќе го известил раководството на Гремио.

Суарез има договор на уште една сезона, но причината поради која предвреме се одлучува за крај е повредата на десното колено која му прави проблеми во играта. Суарез во Гремио дојде пред шест месеци и потпиша до крајот на 2024 година. Во клубот работат на негов раскин на договорот, но со клазула за казна ако се реактивира во некој друг клуб.

Претходно се шпекулираше дека може да се пресели во Интер Мајами за повторно да заигра со Меси, како некогаш во Барселона.

За Гремио Суарез одигра 25 натпревари, постигна 11 и асистираше за осум голови. Во кариерата настапуваше уште за Национал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Од трофеите во Европа петпати беше шампион на Шпанија, а еднаш ја освои Лигата на шампионите.


Арда Гулер интересен за многу европски гиганти

Младата ѕвезда на Фенербахче и турската репрезентација, Арда Гулер е голема желба на многу европски гиганти.

18-годишниот офанзивен играч за врска со своите партии го привлече вниманието на многу европски клубови. Тој оваа сезона постигна 6 гола и 7 асистенции, а скаутите веруваат дека е новата ѕвезда на европскиот фудбал.

Тој во договорот со Фенербахче има откупна клаузула од 17 милиони евра, сума која неколку клубови се спремни да ја платат.

Турските медиуми пренесуваат дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Њукасл и Милан.


Тони Крос доби едногодишен договор со Реал Мадрид

Реал Мадрид ја објави долгоочекуваната вест поврзана со еден од симболите во актуелниот состав на оваа екипа. Кралскиот клуб потврди дека Тони Крос потпишал договор до летото 2024 година.

Договорот меѓу двете страни, кој требаше да истече на крајот на овој месец, се очекуваше да биде обновен уште во март, но дури сега е официјализиран. Така, во август 33-годишниот Крос ќе ја започне својата десетта сезона на „Сантијаго Бернабеу“. Неговото останување го посакуваа и претседателот Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти.

Поранешниот германски репрезентативец досега за Реал Мадрид одигра 417 натпревари, постигна 27 голови и 89 асистенции. Шампионот на Светското првенство во 2014 година може да се пофали со импресивни 20 трофеи со Реал Мадрид, вклучувајќи четири титули во Лигата на шампионите и три титули во Ла Лига.


Тимбер од Ајакс следна желба на Артета во Арсенал

Арсенал е во напредни преговори со Ајакс околу трансферот на дефанзивецот Јуриен Тимбер.

„Топџиите“ веќе ги договорија личните услови за 22-годишниот репрезентативец на Холандија и испратија понуда од 30 милиони фунти.

Ајакс за слободата на својата ѕвезда бара 50 милиони евра, но се очекува наскоро двата клуба да ја надминат разликата.

Клубот од „Емирејтс“ изминатите години внимателно следи како напредува Тимбер и верува дека ќе биде големо засилување за одбраната.

Арсенал е многу активен на трансфер пазарот и покрај Тимбер преговара уште за Даклан Рајс и Каи Хаверц.


Ди Марија решил да се врати во Бенфика

Анхел Ди Марија реши јавно да каже дека неговиот договор со Јувентус нема да биде продолжен. Тој така реши да се прости од овој клуб, а веднаш почнаа шпекулациите за продолжување на неговата кариера.

Фабрицио Романо сега ексклузивно објави дека Аргентинецот има нов клуб, и дека се договорил со Бенфика.

“Бенфика го финализира потписот на Ди Марија. Се е во завршна фаза, треба да се завршат некои ситни детали.

Се ќе биде официјализирано во следните неколку дена. Тој прифати едногодишен договор и чека да потпише”. напиша Романо на својот Твитер профил.

35-годишниот аргентински интернационалец минатото лето пристигна како слободен играч од Пари Сен Жермен на едногодишен договор, а сега си заминува под слични околности.


Ориги го напушта Милан и се враќа во Премиер лигата

Дивок Ориги минатото лето го напушти Ливерпул и се пресели во Милан, но не се снајде баш најдобро во Серија А.

Ориги беше слободе агент и имаше многу понуди, а тој избра да се пресели во Милан, каде требаше да биде големо засилување. Меѓутоа, Ориги главно ја грее клупата за резерви и сезонава постигна само два гола, па Милан е спремен да се ослободи од него.

Најсилен интерес за Белгиецот покажуваат Астон Вила и Вест Хем, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Ориги сака да се врати во Премемиер лигата, но има понуди и од Турција.


ЕВРОТИП со поддршка за “Еден На Еден – Могила Куп”

Заврши вториот меѓународен фудбалски турнир “Еден На Еден – Могила Куп”.
На турнирот учество зедоа околу 1000 деца од земјата и странство, поделени во 72 екипи.

Спортските обложувалници Евротип, како општествено одговорна компанија и постојан помагател на спортот во нашата држава, секогаш се вклучува во настани кои се од значење за промоција на здравиот начин на живот и социјализација преку спортот, посебно кај децата.

Евротип и овој пат им излезе во пресрет на организаторот на турнирот и со финансиска поддршка помогна за подобра реализација на истиот.


Јуве ќе го откупи Милик од Олимпик Марсеј

Јувентус постигна договор со Марсеј за откуп на Аркадиус Милик, кој ќе остане во Торино и во наредните три години.

Милик минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Јувентус и одигра одлично постигнувајќи девет гола во сите натпреварувања. Тренерот Алегри побара од раководството да го задржи Полјакот, па „старата дама“ му ја исполни желбата.

Јувентус постигна договор со Марсеј и за неговиот потпис ќе плати 7 милиони евра.

Милик ќе стави потпис на 3-годишен договор, а и самиот истакна дека е среќен и сака да остане во Торино.