фудбал

Конте сериозни ги „нападна“ фудбалерите: Вака е во Тотенхем дваесет години

Конте сериозни ги „нападна“ фудбалерите: Вака е во Тотенхем
дваесет години
По вчерашното реми против Саутемптон, Антонио Конте распука по
своите фудбалери како никогаш досега, ниту Жозе Мурињо не ги
критикувал толку.
Ако некои имаа дилеми дали Конте ќе го напушти Тотнем, по
денешните изјави тоа е сигурно. Тие водеа со 3-1 на гостувањето кај
Саутемптон, но предноста ја прокоцкаа во финишот, по што
Италијанецот на прес-конференцијата го искажа својот бес.

„Ние не сме тим. Ние сме 11 играчи кои се на теренот. Гледам
себични фудбалери, играчи кои не си помагаа меѓусебе и не го
оставаат срцето. Досега се трудев да ја скријам ситуацијата, но не
можам повеќе. Тука секогаш е истото, секоја сезона. Клубот има
одговорност за трансфер пазарот, тренерот има одговорност. Но
фудбалерите, каде се фудбалерите? Гледам само 11 играчи кои си
играат за себе.
Тука во Тотнем се навикнати на тоа. Тие не играат за нешто важно.
Тие не играат под притисок, под стрес. Лесно е вака. Приказната на
Тотнем е иста 20 години, тука е сопственикот, но тие никогаш не
освоиле нешто. Зошто?“ Тука играме за клубот. Играме за да ги
направиме фановите на Тотнем горди. Треба да имате оган во очите.
Ова е неприфатливо и за фановите. Тие плаќаат за билетите, овие
перформанси се неприфатливи“, заврши Конте.


Далиќ доби нов договор со Хрватската фудбалска федерација

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз Маријан Кустиќ и
селекторот на сениорската репрезентација Златко Далиќ потпишаа
договор за продолжување на соработката.
Претседателот Кустиќ и тренерот Далиќ ги договорија сите детали за
продолжување на соработката, по што потпишаа договор во
седиштето на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, според кој Далиќ ќе
остане тренер на „Коцкеците“ и на Мундијалот во 2026 година.
Со овој договор Далиќ најверојатно ќе стане и селектор со најдолг
стаж. Таа титула моментално ја има Чиро Блажевиќ со 2.437 дена на
хрватската клупа.
„Златко Далиќ ги исполни апсолутно сите цели кои беа поставени
пред него во овие пет и пол години, а тука се и две величествени
достигнувања на светските првенства во Русија и Катар каде што ја
одведе Хрватска до сребрениот и бронзениот медал, со што стана
нашиот најуспешен тренер. Затоа сум особено задоволен што се
договоривме за продолжување на соработката, која досега беше
апсолутно брилијантна. Златко не само што постигна извонредни
резултати, туку создаде и фантастична атмосфера на заедништво во и
околу тимот“, изјави Кустиќ.


Рекорден интерес за првиот натпревар на Аргентина по светската титула

Над 1.5 милиони луѓе се обидоа да купат влезници за првиот
натпревар на фудбалската репрезентација на Аргентина откако ја
освои титулата на неодамнешното Светското првенство во Катар.
Влезниците за пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Панама се
распродадоа во рекорден рок и покрај високите цени во земјата која се
соочува со раст на инфлацијата.
Натпреварот ќе се игра на 23 март на стадионот „Монументал“ во
Буенос Аирес, најголемиот во земјата, со капацитет од 83.000
седишта. Влезниците се продаваа по цена од 59 до 241 долари, а за
купување билети се пријавија повеќе од 1.55 милиона лица.
Претстојниот натпревар предизвика и незапамтена медиумска
побарувачка со повеќе од 131.000 барања за акредитации.
Би сакале да можевме сè да исполниме, но ќе ни беа потребни два
стадиони на Ривер само за новинарите. Лудилото за Аргентина е
апсолутно, објави на Твитер претседателот на Фудбалската

федерација на Аргентина, Клаудио Тапија.


Газдата на Челзи сака да го купи францускиот клуб Стразбур

Тод Боeли сака да го купи францускиот прволигаш Стразбур, пишува

„Гардијан“.
Очигледно е дека Боели не жали пари од кога дојде во Челзи, но
тимот немаше резултати како што се очекуваше по толку потрошени
милиони. Во два трансфер периоди, Челзи потроши над половина
милијарда евра на трансфери и она сите очекуваат успех од „сините“
во блиска иднина. Засега нема навестувања дека ќе се случат со оглед
на резултатите, но веројатно епотребно време сите коцки да си дојдат
на свое место.
Во меѓувреме Боели размислува и на нови вложувања. Имено,
бидејќи УЕФА планира да ги намали ограничувањата кога станува
збор за сопственоста на неколку клубови од една иста личност
(најверојатно ќе биде дозволено во следниот период клуб со ист газда
да игра во исто европско натпреварување), Боели добил идеја да купи
уште еден европски тим.
Се обиде да го купи Лион, но понудата за францускиот гигант била
одбиена. Истото го проба и со Бордо и Сошо, кои исто така дадоа
идентичен одговор, па „тропна“ на вратата на Стразбур каде што би
можел да добие позитивен одговор.
Идејата е Стразбур да биде отскочна даска за талентите на Челзи кои
би имале минутажа во сениорскиот фудбал и во една од најдобрите
пет лиги. Многу други клубови функционираат слично. Ред Бул тоа го
прави со Лајпциг, Салцбург, Њујорк…


Родриго го сака Нејмар за соиграч во Реал Мадрид

Еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид, Родриго кажа дека се
надева на нова титула во Лигата на шампиони (ЛШ), а исто така
посочи дека нема да се откажат од трката за трофејот во Ла Лига.
Родриго во разговор со медиумите откри и кој фудбалер сака да го
види во „кралскиот клуб“, а тоа е неговиот сонародник Нејмар.
Бразилецот откри дека негова желба е Нејмар да потпише за
шпанскиот гигант, иако такво нешто во моментов не се најавува.
Во минатото имаше шпекулации дека Нејмар може да се врати во
Шпанија и да го облече дресот на Реал, иако во минатото играше за
Барселона.


Никола Секулов повикан за сениорскиот тим на Јуве за дербито против Интер

Во Италија утре се игра големото дерби помеѓу Интер и Јувентус, а
дел од овој натпревар ќе биде и фудбалерот со македонско потекло кој
долго време живее во Италија, Никола Секулов.
Веќе е познато дека за жал Секулов избра да настапува за
репрезентацијата на Италија каде што веќе има настапи за
младинската селекција.
Секулов во минатото неколку пати имаше прилика да тренира со
првиот тим на Јувентус, имаше чест и одблиску да го запознае
Кристијано Роналдо со кога тренираше додека Португалецот беше дел
од „старата дама“.
Сепак, ова е првпат да биде во конкуренција за настап што секако е
доказ за неговиот квалитет.


Французинот Мењан е потенцијалната замена за Лорис во Тотенхем

Тотенхем е силно заинтересиран за голманот на Милан и француски
репрезентативец , Мајк Мењан.
Уго Лорис е на залез на кариера, па Тотенхем ја почна потрагата по
негов наследник, а прв избор е токму Мењан.
Мењан минатата сезона со Милан ја освои титулата и се етаблираше
во еден од најдобрите голмани во Европа. „Спарси“ се спремни да
понудат 40 милиони евра за неговиот потпис, но Милан тешко дека ќе
прифати да го продаде Французинот.
„Росонерите“ се спремни да ја одбијат секоја понуда која ќе пристигне
за голманот и веќе спремаат нов договор за Мењан.


Педри ја обнови повредата, ќе го прескокне првото пролетно „Ел Класико“

Барселона во недела ја чека „Ел Класико“ против Реал Мадрид, а
непосредно пред натпреварот со големиот ривал, тимот на Чави доби
лоши вести.
Имено, одличниот Педри нема да биде спремен да настапи во овој
дуел. Педри не го издржал денешниот тренинг и тоа значи дека нема
да биде спремен.
Младиот фудбалер е еден од клучните фудбалери на Барселона, па
сигурно дека ова ќе биде удар за Чави и неговиот тим.
Има и Реал свои проблеми затоа што Карим Бензема е неизвесен за
настап.


Гвардиола со неморална понуда сака да го „украде“ Тео Хернандез од Милан

Манчестер Сити е силно заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео
Хернандес, пренесуваат медиумите на Островот.
Гвардиола е во потрага по квалитетен лев бек и често импровизира на
таа позиција оваа сезона, па тоа ќе биде приоритет во летниот
преоден рок. Французинот игра фантастично и се етаблираше во еден
од најдобрите леви бекови во Ервопа, па е прва желба на Гвардиола.
„Граѓаните“ се спремни да понудат 60 милиони фунти за неговиот
потпис, но Милан не сака да слушне за негова продажба.
Тео неодамна стави потпис на нов договор до 2026 година и
„росонерите“ се спремни да ја одбијат секоја понуда


Aртета ќе понуди 70 милиони евра за Муса Диаби

Арсенал спрема големо засилување во нападот во летниот преоден
рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба е ѕвездата на Баер
Леверкузен, Муса Диаби, кого Арсенал го сакаше и во зимскиот
преоден рок. 23-годишниот крилен напаѓач игра фантастично и го
привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал сака да
ја победи конкуренцијата.
Французинот во досегашниот дел од сезоната има 12 гола и 7
асистенции, но Леверкузен за неговата слобода бара 100 милиони
евра.
Арсенал ја загуби битката за Мудрик, па сега ќе направи се за да го
доведе Дијаби, а за неговиот потпис е спремен да плати 70 милиони
евра.