Младата репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 1-3 на домашен терен од соодветната селекција на Косово во рамките на првата контролна пресметка помеѓу овие две селекции.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одлично го започнаа мечот и сосема заслужено рано во 16. минута поведоа со 1-0. Стрелец на погодокот беше Никола Величковски. Во 29. минута, Арјанит Фазлија стрелаше за изедначување на резултатот.
Во 66. минута, Косово преку Куртиши прави комплетен пресврт и доаѓа до предност од 1-2. Куканај ги поставува конечните 1-3.
Македонија и Косово ќе одиграат уште еден контролен натпреваро во Скопје, на 17 ноември.
Селими ги повика У18 надежите за кампот во Кичево
Младата репрезентација на Македонија до 18 години (фудбалери родени 2007 година) ќе одработи тренинг камп во Кичево.
Тренинг кампот во Кичево ќе се одржи во периодот од 13 до 18 ноември.
Во склоп на самиот тренинг камп, ќе биде одигран и еден контролен тест меч против тимот на Арсими.
Селекеторот на младата репрезентација на Македонија до 18 години, Ерхан Селими за претстојниот тренинг камп, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Андрес Иниеста објави дека тој и неговата компанија „Никогаш не кажувај никогаш“ (NSN) го купиле данскиот фудбалски клуб Хелсингер.
Клубот е основан во 2005 година. Екипата своите домашни натпревари ги игра на „Хелсингер Стадион“ со вкупен капацитет од повеќе од 4.000 гледачи.
Во моментов Хелсингер игра во третата по квалитет лига во Данска. Во сезоната 2017/18 учествуваше во данската Супер лига.
-Фудбалот и спортот воопшто се она што ни се допаѓа. Тоа што го кажуваат е многу позитивно. Уверен сум дека можам да му се приклучам на клубот и да се обидам да го донесам целото наше искуство стекнато во различни услови и да се обидам да го развивам и подобрувам клубот, изјави Иниеста за „Sport TV2“.
Иниеста се повлече од играњето во октомври оваа година на 40-годишна возраст. Неговиот последен клуб беше Емирати од ОАЕ.
Како дел од Барселона, Шпанецот девет пати стана шампион на Шпанија, шест пати го освои Купот на Шпанија и четири пати ја освои Лигата на шампионите. Тој е и светски шампион и двократен европски шампион.
Ибра: Поврзан сум со Милан, сакам да направам големи работи со овој клуб
Главниот советник на сопствениците на Милан Златан Ибрахимовиќ даде интервју за официјалниот магазин на Лигата на шампионите во кое зборуваше за амбициите на седумкратниот шампион на турнирот. Легендарниот напаѓач истакна дека миланскиот гигант сака да се врати во своето славно минато во Европа, но и прецизираше дека е потребно време за тоа да се случи.
-Милан е дел од фудбалската историја, а ние сме само уште една генерација која ќе замине. Минатото го внесуваме во сегашноста и ги комбинираме. Ова е она што го прави Милан. Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на Силвио Берлускони и Адријано Галијани, бидејќи ние сме тука благодарение на нив. Верувам во овој проект и во она за што се залага Милан, вели Ибрахимовиќ за „УЕФА Чемпионс лиг Магазин“.
Вели дека ја дели истата визија со луѓето кои работат во тимот, кои сакаат да постигнат извонредни работи и да испишуваат историја.
-Кога зборуваме за победи, тоа ме прави да се чувствувам жив. Од позицијата на која сум во моментов, не можам да му помогнам на тимот да победи, но имам уште многу да научам и тоа го правам со понизност. Се чувствувам поврзан со Милан на посебен начин и по завршувањето на мојата кариера и сакам да направам големи работи со овој тим. Сум играл во многу клубови, исклучителни, но тој што ми даде најмногу во кариерата е Милан. Поминав два приоди како фудбалер овде и го ценам она за што се залага овој клуб. Првиот пат ја почувствував радоста на играта, а вториот пат ја почувствував љубовта. Сега сакам да вратам нешто. Горд сум, среќен и амбициозен што помагам и враќам, додаде популарниот Ибра.
Де ла Фуенте: Имаме одлична генерација, но секое натпреварување е тешко
Фудбалерите на Шпанија ги очекуваат последните два меча во Лигата на нации. „Фуријата“ ќе игра со Данска и Швајцарија а нејзиниот селектор, Луис де ла Фуенте, верува дека ќе бидат остварени две победи.
„Реков дека натпреварување е тешко, нема групна фаза, ние сме меѓу шеснаесетте најдобри селекции во Европа. Сите мечеви во плеј-оф се многу тешки. Имаме одлична генерација и максимално се обидуваме да го искористиме квалитетот“, рече Фуенте.
Кан: Нојер треба да најде вистински момент за пензионирање
Torwart Manuel NEUER GER nach Spielende, applaudiert, Aktion,Einzelbild,angeschnittenes Einzelmotiv,Portraet,Portrait,Porträt. Fussball Laenderspiel Deutschland GER – Ukraine UKR 0-0 am 03.06.2024, Max Morlock Stadion Nuernberg *** Goalkeeper Manuel NEUER GER after the end of the match, applauding, action,single picture,cropped single motif,portrait,portrait,portrait football match Germany GER Ukraine UKR 0 0 on 03 06 2024, Max Morlock Stadium Nuremberg
Поранешниот голман на Баерн Минхен и германската фудбалска репрезентација, Оливер Кан, го предупреди актуелниот чувар на мрежата на Баварците, Мануел Нојер да не го пропушта вистинскиот момент за пензионирање, пишуваат германските медиуми.
„Никој не сака да биде исвиркуван на стадионот на крајот од кариерата“, изјави Кан.
Поранешниот репрезентативец додаде дека „совршениот тајминг“ би бил на крајот од оваа сезона доколку Баерн може да ја освои титулата во Лигата на шампионите на својот стадион.
Кан, исто така, го предупреди Нојер дека неговата форма може драстично да падне по неговото повлекување од националниот тим.
„Не ме чуди што на некои од натпреварите оваа година не ја гледаме формата на Мануел од претходните сезони“, додаде Кан.
Спалети: Нема да калкулираме, ќе играме на победа во Белгија
Селекторот на Италија, Лучијано Спалети очекува победа во натпреварот од Лигата на нации против Белгија.
„Одиме во Белгија за да победиме, нема да се задоволиме со еден бод. Треба да имаме правилен начин на размислување и да не земаме ништо здраво за готово“, изјави Спалети.
Натпреварот Белгија – Италија ќе се одигра утре (14 ноември) со почеток во 20:45 часот.
Барса собира пари за да го регистрира Дани Олмо
На Барселона и требаат околу 50 милиони евра за да го ангажира играчот од средниот ред Дани Олмо за вториот дел од сезоната, пренесува –„ Football Espana“.
Повредите на голем број играчи на каталонскиот клуб во почетокот на сезоната овозможиле Олмо да биде пријавен до 31 декември.
Сега, Каталонците нема да можат да го користат таквиот метод и ќе мораат да ја платат сумата за регистрација.
Аморим сака супер-талент на Фламенго во Јунајтед
Челниците на Манчестер Јунајтед би можеле да го ангажираат 18-годишниот бразилски фудбалер Лоран кој ги брани боите на Фалменго.
Англискиот клуб размислува во трансферот да го вклучи и Антони кој во сезонава има само 4 натпревари и 1 гол. Неговиот договор е до летото во 2027 а трансферната сума се движи до 20 милиони евра.
Се претпоставува дека „црвените ѓаволи“ за потписот на Лоран ќе издвојат максимум 10 милиони евра.
Галатасарај пред потпис со Лука Јовиќ
Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ наскоро би можел да потпише договор со Галтасарај.
Пред неколку дена започнаа шпекулациите дека актуелниот шампион на Турција сака Јовиќ да го замени повредениот Маури Икарди. Аргентибецот заработи тешка повреда, поради која ја заврши сезоната, против Тотенхем во Лига Европа.
Наводно, Галата сака да го доведе Јовиќ на позајмица со можност за откуп на крајот од сезоната.
Србинот не е во преден план кај Пауло Фонсека, што потврдува податокот дека од почетокот на сезоната на теренот минал само 78 минути.
Јовиќ е свесен дека нема да игра во Милано, а во Галатасарај би можел да игра во тандем со Виктор Осимен.
Тој наводно е отворен за заминување во Истанбул, па се очекува наскоро клубовите да постигнат договор, а фудбалерот официјално од 1.јануари 2025 година да стане играч на Галатасарај.