фудбал

Гундоган наместо во Барса може да заврши во Милан

Илкај Гундоган како што стојат работите наредната сезона нема да го носи дресот на Манчестер Сити, а во претходниот период најмногу се поврзуваше со Барселона, но сега се појавија нови информации.

Имено, според „Кориере Дело Спорт“, Милан влегол во напредни преговори со германскиот фудбалер. Договорот на Гундоган со Манчестер Сити истекува ова лето и засега нема најави дека ќе го продолжи.

Италијанскиот новинар Фабио Мандарини, тврди дека Милан влегол во напредни преговори и според него големи се шансите Германецот да биде засилување за „росонерите“.

Како и да одлуката за тоа каде ќе продолжи Гундоган сигурно нема да ја донесе пред завршувањето на финалето во Лигата на шампионите.


Почетино го носи Митровиќ на „Стемфорд бриџ“

Приоритет на Челзи во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен голгетер.

Тен Хаг сака да донесе робусен напаѓач, а меѓу желбите е напаѓачот на Фулам и српски репрезентативец, Александар Митровиќ.

Митровиќ има одлична сезона каде одигра 28 натпревари, постигна 15 гола и забележа четири асистенции. Српскиот репрезентативец има актуелен договор со Фулам до 2026 година, па клубот нема лесно да го пушти, но и тој самиот сака да направи чекор напред во кариерата.


Монца достави понуда, Златан уште размислува

Златан Ибрахимовиќ и покрај се почестите повреди нема намера да се пензионира по крајот на актуелната сезона, а исто така тврди и дека Милан му останува приоритет.

На крајот на сезоната истекува договорот на Ибрахимовиќ со Милан и неизвесно е дали ќе му биде продолжен. Со оглед на неговата физичка форма, поголеми се шансите Милан да не го задржи.

Кога би се прашувал Ибра тој сака да остане, а го потврди интересот од Монца.

„Монца ми соопшти дека има договор за мене, но јас сум фудбалер на Милан и горд сум на тоа. Нема да се пензионирам на крајот на годината, треба да најдам добар баланс“, изјави Ибрахимовиќ.


Гундоган на чекор до потпис со Барселона

Илкај Гундоган според најавите кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент, а неговиот агент веќе подолго време преговара со Барселона.

Каталонците го сакаат Германецот бидејќи во него гледаат идеален наследник на Бускетс, притоа можат да го доведат без обештетување. Чави веќе го убедил Гундоган да се пресели на „Камп Ноу“, па двете страни се блиску до постигнување договор за 3-годишна соработка.

Одлуката Гундоган ќе ја соопшти веднаш после финалето во Лигата на шампиони.


Мендилибар добива нов договор во Севиља

Раководството на Севиља му понудило нов договор на предводникот на тимот Хозе Луис Мендилибар по триумфот во Лига Европа, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Претседателот на шпанскиот клуб Пепе Кастро е задоволен од работата на 62-годишниот тренер и инсистира тој да остане во клубот и следната сезона.

Мендилибар е во Севиља од март. Под негово водство, Андалузијците го стабилизираа настапот во Примера и уште еднаш ја освоија Лигата на Европа, попатно елиминирајќи ги гигантите Манчестер Јунајтед и Јувентус, а во финалето триумфираа на пенали против Рома.


Марчињак помилуван, ќе го суди финалето на ЛШ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави соопштение на својата официјална веб-страница во врска со назначувањето на полскиот судија Шимон Марчињак за главен судија на финалето од Лигата на шампионите. 

Претходно имаше информации дека Марчињак може да биде отстранет од натпреварот поради неговата политичка позиција. Скандалот избувна поради учеството на судијата на настан организиран од полскиот екстремно десничарски политичар Славомир Мензен. УЕФА го прифати извинувањето на судијата и го потврди назначувањето.

„УЕФА внимателно ги истражи наводите поврзани со учеството на Шимон Марчињак на настан организиран во Катовице на 29 мај 2023 година. По темелна проверка, добивме изјава од Марчињак, во која тој изразува најдлабоко извинување и појаснување за своето учество на настанот. УЕФА го прифаќа неговото длабоко извинување и потврдува дека Марчињак ќе продолжи со својата должност како судија за финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2023 година“, се вели во соопштението на организацијата.

Одлучувачкиот натпревар во Лигата на шампиони во кој ќе се сретнат Манчестер Сити и Интер ќе се одигра на 10 јуни во Истанбул со почеток во 21:00 часот.


Леао се обврза да остане во Миланм до 2028 година

Милан се договори за нов договор со напаѓачот Рафаел Леао. Девете страни ќе потпишат договор до 2028 година, кој ќе биде објавен во блиска иднина, информираше новинарот Антонио Витело на Твитер.

Според извор, новиот договор на Леао со Милан ќе има ослободителна клаузула од 175 милиони евра. 23-годишниот Португалец ќе добие 5 милиони евра и бонуси по сезона во италијанскиот клуб.

Во сезоната 2022/2023, Леао имаше 47 настапи за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 гола и 15 асистенции. Онлајн порталот Трансфермаркт ја проценува неговата пазарна вредност на 80 милиони евра.

Да потсетиме, португалскиот напаѓач на Милан заработи повреда на бутот на мечот со Лацио (2-0) на 6 мај. Поради оваа причина тој го пропушти првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите со Интер (0-2). Во реваншот Леао влезе на теренот, но Милан повторно загуби (0-1).


Бербатов призна дека Панчев бил негов идол од детството

Димитар Бербатов откри дека негов идол кој обожавал да го гледа и му се воодушевуал е Дарко Панчев.

На 108 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед Бербатов постигна 48 гола во период од 2008 до 2012 година, а сега откри нешто што на јавноста не и беше познато.

„Ако би се вратил во минатото да издвојам еден од моите омилени фудбалери, тогаш тоа е Дарко Панчев. Тој човек даваше голови на сите начини. Ми се допаѓаше начинот на кој ги тресеше мрежите, Звезда во тој период имаше фантастичен тим, но тој беше посебен…Можеби поради името, го сакав тоа како одекнува неговото име: Дарко Панчев! Ми беше омилен“, откри Бербатов.

Бербатов преку Пирин дојде во ЦСКА Софија, од каде потоа играше за Баер Леверкузен (2001-2006), па Тотенхем (2006-2008), а после четири години во Манчестер јунајтед, играше и за Фулам (2012-2014), Монако (2014-15), ПАОК (2015-16) и Керала Бластерс (2017-18). Дресот на бугарската репрезентација го носеше на 78 натпревари и постигна 48 гола.


Кристијано Роналдо потврди дека и следната сезона ќе игра во Ал-Наср

Иако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно со преселба во Баерн Минхен, од тоа нема ништо. Кристијано Роналдо откри каде ќе игра следната сезона.

Минатата зима Кристијано Роналдо го изненади светот со тоа што одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија каде потпиша за Ал-Наср.

Таму се надеваше на голови, но не освои ниту еден трофеј во првата (полусезона). Медиумите пишуваа дека би можел да се врати во Европа, најмногу поврзувајќи го со Баерн, но ништо од тоа. Португалскиот ас откри дека и следната сезона ќе го носи дресот на Ал-Наср и дека верува во петгодишниот проект на овој азиски клуб.

„Среќен сум овде, сакам да продолжам тука и ќе продолжам овде. Според мене, ако успеат во она што го зацртаа во следните пет години, Саудиска Арабија ќе има едно од првите пет првенства во светот “, изјави Роналдо.

За потсетување, договорот меѓу Кристијано Роналдо и Ал-Наср е со важност до крајот на следната сезона, т.е. до јуни 2024 година и очигледно ќе го видиме до крај.


Буба Хасани се врати во Данска и потпиша за второлигашот Хелсингор

Ферхан Хасани од денес е нов фудбалер на Хелсингор кој се натпреварува во втората данска лига.

За Хасани ова не е прво искуство во Данска затоа што во минатото го носеше дресот на Брондби. Во редовите на Хелсингор пристигнува како слободен играч откако неодамна се раздели со Шкендија.

Договорот кој го потпиша популарниот Буба со новиот клуб е со важност до 2025 година.

Во клубот се задоволни од ангажманот на Хасани и очекуваат да им помогне во остварување на целите во новата сезона.