фудбал

Хулиан Алварез пред трансфер во Манчестер Сити

Раководството на Манчестер Сити е во напредни преговори со еден од најголемите аргентински таленти, Хулиан Алварез.

Тренерот Пеп Гвардиола е голем фан на 21-годишниот напаѓач на Ривер Плата, и во него гледа идеална замена за Кун Агуеро кој играше на истата позиција во Сити.

Повеќе новинари од Аргентина веќе ја потврдиле веста дека трансферот е договорен и дека англискиот шампион ќе ја плати откупната клаузула за играчот во висина од 20 милиони евра.

Сепак, според информациите, Алварез ќе остане во Ривер Плата каде ќе игра до летниот период кога и се очекува да се пресели во Англија.

За Алварез голем интерес покажуваа и од градскиот ривал на „плавите“, Манчестер Јунајтед.


Оскар потврди дека води преговори со Барселона

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, кој е специјалист во објавување фудбалски трансфери, ја пренесува информацијата дека Оскар го потврдува водењето на преговори со екипата на Барселона за негов трансфер во јануари.

Бразилецот Оскар, кој е играч од средината на теренот е добро познат по неговиот престој во екипата на Челзи пред некоку сезони, но потоа се пресели во кинеското првенство.

„Преговорите со Барселона не се завршени. Проблемот е во тоа што клубот има проблем со регистрација на новите играчи“, изјави Оскар.

Оваа зима Барселона веќе ги доведе сонародниот на Оскар, Дани Алвеш и Феран Торес од Манчестер Сити. Екипата се бори за пласман во Топ 4 од Ла Лига, а во моментот се наоѓаат на шестата позиција.


Виктор Линделоф загрижен за безбедноста, по упадот во неговиот дом

Виктор Линделоф ќе го пропушти натпреварот на Манчестер Јунајтед со Вест Хем по упадот на крадци во неговиот дом.

Инцидентот се случил во време на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Брентфорд во средата навечер. Неговото семејство било во домот за време на грабежот и за среќа останале неповредени,но биле принудени да се кријат од крадците и останале потресени од тоа што се случило.

„Потврдуваме дека имало кражба во домот на Виктор Линделоф во време на гостувањето против Брентфорд. Неговото семејство, кое во тоа време било дома, останало неповредено, но било шокирано. Тоа беше стресно искуство за нив, а и за Виктор, кога дозна што се случи по натпреварот. Клубот им дава целосна поддршка. Ги охрабруваме сите што имаат информации за злосторството да се обратат во полиција“, се вели во соопштението на „Црвените ѓаволи“.


Стоичков со порака за Лапорта: Отворете му ја вратата на Дембеле

Бугарската фудбалска легенда која на времето играше за Барселона, Христо Стоичков,  не штедеше лоши коментари за младиот играч на Каталонците, Осман Дембеле, кој вчера испрати порака за неговиот статус.

„Нè измами дека знаеш да играш фудбал. Ако сакаш да бидеш во Барселона немој да правиш проблеми. Господине Лапорта, отворете му ја вратата и пуштете го да замине“, потенцираше меѓу другото Стоичков.

Според одредени шпекулации, Французинот најверојатно ќе биде принуден да си замине од стадионот – „Камп Ноу“.


Лорис ги разби шпекулациите и потпиша нов договор со Тотенхем

Тоа што се најавуваше од страна на фудбалскиот состав, Тотенхем, во текот на денов доби и реализација. Голманот, Хуго Лорис, ја продолжи соработката до 2024 година.

Тој досега има одиграно 395 натпревари за лондонскиот тим.  -Сакаме да искажеме задоволство што Лорис потпиша договор со нашиот клуб“, објавија „Спарси“ на социјалните мрежи.

Треба да се напомене дека Французинот е првиот голман во историјата на Тотенхем што не примил гол на 100 меча.


Енис Фазлагиќ потпиша за полскиот гигант Висла Краков

Kaпитенот на младинската репрезентација на Македонија, Енис Фазлагиќ е нов играч на Висла Краков.

Фазлагиќ досега беше дел од Жилина прави трансфер во еден од најсилните полски клубови и за него ова сигурно е чекор напред во кариерата.

Со Висла Фазлагиќ потпиша договор на 4.5 години, до 2026 година. Вредноста на овој трансфер изнесува 500.000 евра. Процент од трансферот на Фазлагиќ ќе добие и екипата на Шкендија.


Тренерот на Челзи, Томас Тухел потпишува со Усман Дембеле

Фудбалскиот клуб Челзи размислува за доставување понуда за напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле. 

Французинот одбива да потпише нов договор под условите кои му ги предложија челниците на Барселона, па тие го повикаа веднаш да си замине од клубот бидејќи нема да рачунаат на него до крајот на сезоната.

Според информациите, Челзи е еден од клубовите кои имаат интерес да го ангажираат Дембеле на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да потпишат договор со него како слободен играч.


Јувентус подготвува голем јануарски трансфер со Душан Влаховиќ

Италијанскиот гигант Јувентус е решен да се засили со напаѓачот на Фиорентина Душан Влаховиќ кој би пристигнал во Торино овој месец.

„Старата дама“ подготвува понуда во која освен 35 милиони евра ќе го вклучи и Дејан Кулушевски кој би се преселил во Фиорентина.

„Виолетовите“ од Фиренца наводно се заинтересирани за ваква понуда и истата ќе биде сериозно разгледана во најбрз можен рок.

За српскиот интернационалец, интерес покажува и тимот на Арсенал но според италијанските медиуми, Влаховиќ преферира преселба во Јувентус.


Голманот Хуго Лорис го продолжи договорот со Тотенхем

Капитенот на Тотенхем, Хуго Лорис, стави крај на шпекулациите поврзани со неговата иднина, откако потпиша нов договор со лондонскиот клуб на уште две години.

Актуелниот договор на францускиот репрезентативен голман беше со важност до истекот на оваа сезона, што доведе до многу гласини околу негово евентуално заминување од клубот.

Сепак, 35-годишниот голман ја продолжи верноста и ќе остане во Тотенхем до летото 2024 година.


Тотенхем го продава Ндомбеле и носи две замени од Серија А

Пари Сен Жермен е фаворит за привлекување на играчот од средниот ред на Тотенхем, Танги Ндомбеле. Францускиот гигант има намера да ја засили конкуренцијата на средината на теренот со поранешниот играч на Олимпик Лион, кој не е во плановите на Антонио Конте.

Тотенхем сигурно ќе се раздели со Ндомбеле доколку го обезбеди потписот на Франк Кеси. Интернационалецот од Гана одби да го продолжи договорот со Милан и тоа го направи атрактоивен за многу клубови. Од Милан ја чекаат најдобрата понуда, откако категорично одбија да му платат на играчот од средниот ред 8 милиони евра по сезона.

Во случај да не успее да го земе Кеси, Тотенхем ќе се сврти кон Верету од Рома. Французинот е високо ценет од Конте и неговиот трансфер во Англија изгледа сосема можен со оглед на фактот дека ја загуби стартната позиција во Рома од Серхио Оливеира.