фудбал

Рома го претстави Србинот Немања Матиќ

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ премина во Рома со слободен трансфер. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на римскиот клуб.

33-годишниот српски играч за врска ќе биде под договор со Рома до летото 2023 година. Немања Матиќ за Рома ќе игра со бројот 21. Српскиот дефанзивен играч за врска го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од минатата сезона. За клубот од Манчестер настапува од 2017 година. Немања Матиќ минатата сезона одигра 32 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и успеа да направи четири асистенции.

Претходно искусниот српски фудбалер настапуваше за Челзи и Бенфика. Немања Матиќ играше под водство на актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо за Манчестер Јунајтед и Челзи.


Дарвин Нуњез е нов играч на Ливерпул

Шесткратниот европски клупски шампион Ливерпул и официјално го објави трансферот на уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњес кој пристигна од Бенфика.

Според информациите, 22-годишниот напаѓач потпиша шестгодишен договор со клубот од „Енфилд“ за сума од 64 милиони фунти, која со различни бонус клаузули би можела да достигне 85 милиони фунти.

Нуњес може да дејствува како централен напаѓач, но и да игра како лево крило. Тој минатата сезона за португалскиот клуб постигна 34 гола на 41 натпревар.


Тотенхем за 25 милиони фунти го доведе Бисума од Брајтон

Играчот од средниот ред на Брајтон, Ив Бисума, од наредната сезона ќе го носи дресот на Тотенхем.

Според објавите во медиумите, Бисума со Тотенхем потпиша пет годишен договор вреден 25 милиони фунти. Неговото претставување во новиот клуб се очекува до крајот на неделава.

Премиерлигашот предводен од Антонио Конте, со трансферот на Бисума стигна до третото засилување на тимот ова лето. Претходно за Тотенхем потпишаа Иван Перишиќ кој пристигна од Интер, и голманот Фостер.


Келвин Филипс ќе биде замена за Фернандињо во Сити

Фудбалерот на Лидс, Келвин Филипс, може да го засили средниот ред на Манчестер Сити, најавија денеска медиумите во Англија.

Шампионот на Премиер-лигата сака целата работа да биде завршена пред да ја стартува летната турнеја во САД.

26-годишниот фудбалер во последната сезона во Премиер лигата одигра 20 натпревари и постигна еден гол.


За Ван Бастен Меси и Роналдо не се меѓу тројцата најдобри на сите времиња

Холанѓанецот, Марко Ван Бастен, кој беше страв и трепет за противничките голмани ги издвои според него најдобрите тројца фудбалери во историјата. Поранешната ѕвезда на Ајакс и Милан, се определи за Пеле, Диего Марадона и Јохан Кројф.

„Кројф ми беше пријател, како мал секогаш сакав да бидам како Кројф. Меси е фантастичен фудбалер но, Марадона секогаш носеше поголем печат во тимот“ – изјави поранешниот голгетер


Кјелини: Американската авантура ќе ме подготви да бидам тренер

Џорџо Кјелини призна дека сака да ја заврши кариерата во странство за да го стекне искуството што ќе му биде потребно за следната работа. Како што е познато, 37-годишниот играч ќе потпише со американскиот ФК Лос Анџелес.

„Најтешко е да се испразни хотелската соба на клубот во кој живеам последните четири години. Имаше се во собата – од медал на Европското првенство до специјални дресови и договори“, изјави дефанзивецот за радио Ankeio Sport. „Сега ми треба искуство во странство за да ја затворам фудбалската кариера. Затоа сакам да одам во првенство кое во моментов расте, за потоа мојата кариера да расте“, изјави Кјелини.

„Подготвен сум за други улоги низ теренот, ментално сум подготвен да станам тренер. Сакам да запознаам се што се случува надвор од теренот, во канцелариите, но ми треба трпение и волја за жртвување. Неколку години се надевам дека ќе научам се за тешкотиите. Американската авантура се однесува на мојата иднина“, објасни Кјелини.


Мирко Ивановски ќе настапува за Петролул

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Мирко Ивановски, ја напушта екипата на Динамо Букурешт, која не успеа да остане во Првата фудбалска лига на Романија.

Според информациите, 32-годишниот напаѓач Ивановски останува во Романија и својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Петролул. 

Битолчанецот Ивановски има богата интернационална кариера настапувајќи за голем број на клубови, а во Македонија играше за Пелистер и Македонија ЃП.


Шкендија патува во Ерменија, „пандевци“ доби полски противник

Во квалификациите во Конференциската лига Шкендија и А. Пандев почнуваат од првото квалификациско коло, додека Македонија ЃП од второто.

Денешната ждрепка во Нион сакаше Академија Пандев да добие исклучителнос илен ривал во екипата на Лехија Гдањск од Полска. Првиот меч струмичани ќе го играат на гости.

Шкендија, пак, ќе биде домаќин во првиот меч пречекувајќи го тимот на Арарат од Ерменија. Првите мечевитод првото квалификациско коло во Конференциската лига се закажани за 7, додека реваншите за 14 јули, додека втората рунда ќе се игра на 21 и 28 јули.


Шкупи го доби најлесниот противник во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Шкупи ќе играат против Линколн Ред од Гибралтар во првото квалификациско коло за новото издание во Лигата на шампионите.

Тоа е состав кој во изминатата сезона играше во Конференциската лига со што стана првиот клуб од Гибралтар кој настапил во групна фаза во натпреварување под капата на УЕФА. 

Шкупи на првиот меч на 5 или 6 јули ќе ја има улогата на домаќин додека реваншот ќе биде одигран на 12 или 13 јули.


Интер постигна договор со Дибала

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер постигна договор со аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала.

На овај начин доскорешниот играч на Јувентус, ги разби сите шпекулации околу изборот на неговиот нов клуб.

Иако Дибала имаше бројни понуди за транфер во неколку европски екипи, сепак 28-годишниот Аргентинец останува во Серија А и ќе потпише договор со Интер. Според достапните информации се очекува тој да потпише договор со важност до 2026 година, за што ќе заработува годишна плата од шест милиони евра.