фудбал

Борусија Дортмунд му го краде Саша Калајџиќ на Баерн

Додека се бори да го задржи Роберт Левандовски, Баерн ризикува да го пропушти неговиот евентуален заменик, Саша Калајџиќ.

Членот на австриската репрезентација е многу блиску до Борусија Дортмунд, од каде веќе закажаа средба со неговиот агент за финални преговори, тврди „Билд“. Тоа е за деновите по 20 јуни.

Калајџиќ е играч на Штутгарт и се очекува да чини околу 23 милиони евра. Минатата сезона тој постигна шест гола на 15 натпревари во втората Бундеслига и се истакна со своите способност во шеснаесетникот.

Пред една година Калајџиќ беше баран од Челси. Неговите родители се босански Срби кои побегнале во Австрија.


Дани Алвес најверојатно ја напушта Барселона

Бразилскиот дефанзивец Дани Алвес најверојатно ќе ја напушти Барселона. Фудбалерот уште чека одговор дали ќе биде во плановите на тренерот Чави за следната сезона. 

Договорот на искусниот Алвес истекува на крајот на месецот, а досега двете страни не разговарале за продолжување на истиот.

Барселона веќе го обнови договорот со Серхи Роберто, а се очекува истото да го направи и со Сержињо Дест. 


Барди: Поразот е минато, веќе мислиме на Гибралтар

Нашиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, вели дека мора брзо да се заборави поразот од Грузија во „Ц“ сегментот во Лигата на Нации и да се размислува за наредните мечеви.

„Секој пораз боли, но сето тоа е минато. Мора да мислиме и да гледаме напред, мора да ги поправиме грешките. Нема фудбалер во соблекувалната кој не го дава максимумот, но фудбалот е таков, некогаш и неправеден а ние примивме такви голови со Грузија“, рече Барди.

Мечот меѓу Македонија и Гибралтар ќе биде одигран од 18:00 часот на Арената во Скопје.


Арсенал достави понуда за Милинковиќ-Савиќ

Арсенал е сериозно заинтересиран за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Приоритет на Артата ова лето е засилување на средниот ред, а прва желба е токму Милинковиќ-Савиќ.

„Кориере“ тврди дека Арсенал нуди 50 милиони евра, но Лацио бара 65 милиони и не брза да ги продаде бидејќи Србинот има уште две години договор. Но, Арсенал сака со преговори да ја намали разликата и побрзо да го договори трансферот.

Милинковиќ-Савиќ е седум години во Лацио, а неговиот агент истакна дека сега е вистински момент за трансфер и чекор напред во кариерата.

Меѓутоа, неколку европски гиганти покажуваат интерес за Србинот, па поради тоа Арсенал сака што побрзо да го договори трасферот.


Луис Суарез прави неочекуван трансфер во Аталанта?

Според објавите во медиумите од Јужна Америка, поранешниот напаѓач на Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид би можел да направи неочекуван трансфер во Серија А, и тоа во Аталанта од Бергамо. 

Во последните денови многу се зборуваше за трансфер на Суарез во Ривер Плата, но според информациите, можно е изненадување и негово заминување во Бергамо. Главниот мотив за напаѓачот е тоа што сака да помине барем уште една или две сезони во клуб од Европа.


Челзи го испрати Кристенсен во Барса

Фудбалерот, Андреас Кристенсен, го напушти составот на Челзи. Данецот си замина од стадионот – „Стемфорд Бриџ“ откако му истече договорот.

Негова наредна дестинација е шпанската Барселона.  Стоперот дојде кај „сините“ во 2012 година и беше дел од вториот тим.

Тој во периодот од 2015 до 2017 година беше позајмен во германскиот тим Борусија Менхенгладбах. За англискиот состав  одигра вкупно 161 меч.


Бернардо Силва не коментира за можноста да ја засили Барса

Пред една година Бернардо Силва беше на излезни врати од Манчестер Сити, но сега 12 месеци подоцна ситуацијата му е поинаква затоа што одигра одлична сезона.

Силва беше еден од најважните играчи на Гвардиола во освојувањето на Премиер лигата. Пеп Гвардиола и самиот во неколку изјави потенцираше колку работите можат да се променат, меѓутоа медиумите и понатаму гледаат сценари ово кое Португалецот би можел да го напушти Манчестер ова лето.

Во последно време Бернардо Силва се поврзуваше со Барселона, а сега прашање на оваа тема добил и самиот фудбалер.

„Барселона? Во овој момент не можам да кажам ништо, почекајте…Сконцентриран сум на репрезентацијата кога се ќе заврши тогаш може да зборуваме. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави Бернардо Силва.


Чуамени е нов играч на Реал Мадрид

Раководството на Реал Мадрид и официјално го објави трансферот на Аурелиен Чуамени од екипата на Монако. Неговиот договор со „кралскиот клуб“ е со важност од шест години.

Целиот трансфер е вреден 80 милиони евра , плус дополнителни 20 милиони во форма на бонуси.

Чуамени одбра да го облече белиот дрес на Реал и покрај сериозниот интерес од Ливерпул и Париз Сен Жермен.

Францускиот репрезентативец официјално ќе биде претставен како играч на Реал Мадрид во вторник, откако претходно ги помина задолжителните медицински тестови.


Баерн го сака Кејн како замена за Левандовски

Првиот голгетер на Тотенхем и на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, може да биде замена за Роберт Левандовски во Баерн Минхен доколку Полјакот добие зелено светло да го напушти тимот.

Во таков случај, Германците за потписот на Кејн ќе мора да платат повеќе од 100 милиони евра.

Ќе потсетиме дека голгетерот во претходното лето сакаше да ги напушти „спарси“ и да замине во Манчестер Сити, но, трансферот го спречи првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.


Ливерпул го договори Нуњез за 100 милиони евра!

Дарвин Нуњез е еден од најбараните фудбалери во овој момент, а како што стојат работите негов нов клуб ќе биде Ливерпул каде што ќе се пресели за сума од 100 милиони евра.

Последните информации на најпознатите медиуми и новинари говорат дека Ливерпул прифатил да плати 80 милиони евра, плус 20 како бонуси. Договорот е веќе постигнат и недостасува само уште потписот на фудбалерот.

Сезонава Нуњез играше одлично за Бенфика и го сврте вниманието на себе, се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед меѓутоа на крајот го избра Ливерпул. Со неговото пристигнување веројатно станува јасно дека Садио Мане ќе си замине.