фудбал

Томори добива нов договор на „Сан Сиро“

Милан и дефанзивецот на „росонерите“ Фикајо Томори се во напредни преговори за продолжување на договорот на централниот дефанзивец.

Актуелниот договор на Англичанецот истекува во 2025 година, но новиот шампион на Италија е задоволен од настапите на фудбалерот и ќе ја зголеми годишната плата на 3,5 милиони евра. Томори пристигна на „Сан Сиро“ во јануари 2021 година со трансфер од Челзи, првично на позајмица, а потоа и постојан договор.

Во текот на шампионската сезона за „росонерите“ 2021/22 Томори одигра 40 натпревари во сите натпреварувања. 24-годишниот дефанзивец постигна и еден гол во Лигата на шампионите.


Чави ја состави листата на барања: Левандовски, Рафиња, Кристенсен

Тренерот на Барселона, Чави, составил список со играчи кои по секоја цена ги посакува во новата сезона во дресот на Каталонците.

Радио Каталонија објави дека на списокот се наоѓаат играчот од средниот ред на Милан Френк Кеси, дефанзивците Андреас Кристенсен, Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо од Челзи, напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски, крилниот напаѓач на Лидс, Рафиња, дефанзивецот на Севиља, Кунде.

Засега тешко оди реализацијата на добар дел од овие трансфери, иако според информаците, Кристенсен и Кеси се веќе договорени.


Перез спреми пари за две големи засилувања на европскиот првак

Реал Мадрид пред неколку дена го официјализирапе трансферот на Антонио Рудигер, но тоа е само почеток.

Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ се во напредни преговори за два големи трансфери кои треба да бидат завршени во наредните денови.

Првиот е Орелиан Чуамени од Монако, кој е најголема желба за засилување на средниот ред. 22-годишниот Французин ги импресионираше сите со своите настапи, а Реал Мадрид испрати понуда од 80 милиони евра и трансферот е пред реализација.

Второто големо засилување треба да биде ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нуњес, кој исто така е мета на многу европски гиганти.

После пропаѓањето на трансферот на Мбапе, Анчелоти сака да донесе врвен централен напаѓач, кој во иднина ќе биде наследник на Бензема.


Jунајтед нуди богатство за Тами Абрахам

Примарна цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најново име на списокот е Тами Абрахам.

Aнглискиот напаѓач Тами направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.

Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. 

Најсилен интерес за Абрахам покажува Манчестер Јунајтед, бидејќи приоритет на „црвените ѓаволи“ е врвен напаѓач. Поради потешкотиите да дојдат до потписот на Дарин Нуњес сега Јунајтед ќе се насочи кон Абрахам и спреми понуда од 80 милиони фунти.


Сасуоло ја одби понудата на Арсенал за трансфер на Скамака

Челниците на фудбалскиот клуб Сасуоло, не ја прифатија понудата на Арсенал за напаѓачот Џанлука Скамака, пренесуваат италијанските медиуми.

Наводно, висината на понудата од Арсенал за 23-годишниот голгетер изнесувала 41 милион евра, но истата е одбиена.

Освен Арсенал, најсериозен нтерес за ангажман на Скамака изразил и Интер од Милано.

Во минатата сезона Џанлука Скамака на 36 натпревари во Серија А, постигна 16 гола. Неговиот договор со Сасуоло истекува во 2026 година.


Јуве фаворит за потписот на Алекс Грималдо од Бенфика

Јувентус ќе се обиде да го договори трансферот на левиот бек на Бенфика, Алекс Грималдо.

Гримално веќе подолго време е мета на Арсенал, па се очекува голема битка за неговиот потпис ова лето, пренесува „А Бола“.

Јувентус е во потрага по лев бек бидејќи планира ова лето да се раздели со Алекс Сандро, а во Гримално гледа идеално засилување.

Според „А Бола“ Јувентус започнал преговори со Бенфика, која за слободата на Грималдо бара помеѓу 15 и 20 милиони евра.


Челзи е многу блиску до ангажман на Дембеле

Англискиот прволигаш Челзи е фаворит за потписот на Французинот од Барселона, Усман Дембеле.

Се очекува Дембеле да пристигне на Стенфорд Бриџ како замена за Ромело Лукаку кој најверојатно ќе замине како позајмен играч во Интер.

25-годишниот Дембеле би бил првото засилување на Челзи после доаѓањето на новите соственици. Тренерот Томас Тухел добро ги познава квалитетите на фудбалерот од времето кога двајцата заедно соработуваа во Борусија Дортмунд.


Конате доби повик во француската репрезентација

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, упати дополнителен повик за настап во репрезентацијата до дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате.

Конате во тимот на Триколорите ќе го замени фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан. 29-годишниот Варан се здоби со повреда на натпреварот од Лигата на нациите против Данска. Тој дуел заврши со изненадувачка победа на Данска со 1:2.

Ова за Ибрахима Конате ќе биде дебитантски настап за сениорскиот тим на Франција. 23-годишниот фудбалер досега има настапувано за сите младински репрезентации на оваа земја.


Тевез ја заврши играчката кариера

Бившиот аргентински репрезентативец Карлос Тевез објави дека става крај на својата фудбалска кариера. 

38-годишниот Тевез истакна дека за него фудбалот повеќе нема смисол откако минатата година почина неговиот очув, кој беше негов најголем фан.

Карлос Тевез својата играчка кариера ја започна во 2001 година во Бока Јуниорс, за во 2005 година да прејде во бразилскиот Коринтијанс. Две години подоцна започна неговата кариера во Европа каде прв клуб му беше Вест Хем Јунајтед. Потоа настапуваше за Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус. Во 2015 година повторно се врати во Аргентина и Бока Јуниорс.


Садио Мане е најдобар стрелец во историјата на Сенегал

Фудбалската репрезентација на Сенегал, на стартот од квалификациите во Африканскиот куп на нации, ја совлада селекцијата на Бенин со резултат 3:1, а троен стрелец на натпреварот беше Садио Мане.

30-годишниот играч на Ливерпул, со овие три гола во првиот дел од квалификациите, стана најдобар стрелец на Сенегал на сите времиња. Мане на 89 натпревари има постигнато 32 гола. Во дресот со државниот грб дебитира во мај 2012 година.