фудбал

Два премиерлигши го сакаат Шешко од РБ Лајпциг

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, но тој одличи да остане во Германија.

Силен интерес за него покажуваа неколку гиганти од Премиер лигата, но Шешко ги разочара и стави потпис на нов договор.

И покрај тоа Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул ги следат неговите настапи и не се откажуваат да го доведат во своите редови.

Англиските медиуми пренесуваат дека во јануари повторно ќе испратат нови понуди за словенскиот репрезентативец.


Влаховиќ е најплатен фудбалер во Серија А

Напаѓачот од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ е најплатен во италијанската Серија А, објави „Кориере дело Спорт“.

Играчот на Јувентус има плата од 12 милиони евра по сезона и со тоа е убедливо на првото место по заработка.

Зад голгетерот на „старата дама“ се наоѓаат фудбалерите од редовите на Интер, Лаутаро Мартинез и Николо Барела.


Џовани Симеоне: Конте е ист како мојот татко!

Фудбалерот на Наполи Џовани Симеоне доби задача од новинарите да ги спореди Антонио Конте и неговиот татко Диего Симеоне.

Напаѓачот не криеше дека помеѓу Конте и Диего постојат големи сличности.

„Тренерот е 100% посветен на Наполи, полн со концентрација. Тој навистина ме потсетува на мојот татко Диего. Ја има таа страст за фудбалот во неговата глава, гледа, чувствува сè, и сè доаѓа од неговото искуство и гледање натпревари со часови. Така знаеш кога да напаѓаш, кога да се браниш, тоа се квалитети на големите тренери“, изјави младиот Симеоне.

Диего Симеоне долги години е на клупата на Атлетико Мадрид, додека неговиот син поради Ромелу Лукаку има ограничена минутажа. Сепак, за својот соиграч има само пофални зборови.

„Импресиониран сум од Лукаку како личност. Тој е многу интелигентен и одличен соиграч, им помага на другите. Тоа го става во позиција на лидер, покрај тоа што е одличен играч”, изјави Симеоне.

Наполи во овој момент е лидер на табелата во Серија А со 16 освоени бодови од седум натпревари.


Барса одбила огромна понуда за Ламин Јамал

„Добивме понуда од 250 милиони евра за Ламине Јамал и ја одбивме“, изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во гостувањето во подкастот на клубот.

Неговата изјава ја пренесе Фабрицио Романо, кој додаде дека се работи за понуда од Пари Сен Жермен која пристигнала уште пред официјалното отворање на годинешниот летен преоден рок.

„Која треба да биде вредноста на Јамал, кој исто така го освои Европското првенство и стана еден од најпопуларните играчи во светот, токму сега?“, додаде Лапорта за 17-годишниот скапоцен камен кој минатата сезона стана стандарден првотимец за Барса, се истакна на Европското првенство и беше еден од најзаслужните што Шпанија стана европски шампион.


Зиркзе експресно заминува од „Олд Трафорд“?

Манчестер Јунајтед донесе неколку големи засилувања пред сезоната, Лени Јоро беше платен 62 милиони, Мануел Угарте 50, Матиас Де Лихт 45, Зиркзе 42,5, а многу поевтин беше Нусер Мазрауи, кој беше платен „само“ 15 милиони евра.

Од Зиркзе се очекуваше многу, Холанѓанецот требаше да ја подобри ефикасноста, а челниците на Јунајтед го гледаа како машина за голови. Но, реалноста е сосема поинаква.

Манчестер е само 14-ти на табелата во Премиер лигата, со само осум бода од седум кола, со само пет постигнати голови. Еден од тие петте гола беше дело на Зиркзе, премалку за вложените пари.

Холанѓанецот играше на секој од тие седум натпревари, но на ниту еден не беше на теренот од почеток до крај. А веќе се појавија информации дека Зиркзе ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари.


Јунајтед заинтересиран за Артуркоглу од Бенфика

На Манчестер Јунајтед и оваа сезона не му оди, па клубот веќе прави одредена листа на желби со фудбалери кои ќе се обиде да ги доведе во летниот преоден рок.

Клубот прави промени околу работењето и балансирањето на буџетот, а последниот потег со отказот на Сер Алекс Фергусон предизвика бурни реакции. Сепак, мораат да почнат и да доведуваат засилувања кои ќе го покажат она за што се доведени.

Според последните информации клубот од „Олд Трафорд“ е заинтересиран за Керем Актуркоглу од Бенфика и веќе испратиле скаути да ги следат неговите настапи. Летово Актуркуоглу пристигна во Бенфика од Галатасарај и продолжи да тресе мрежи. Сезонава има учинок од шест гола и пет асистенции.

Најавите се дека Бенфика не би го пуштила да замине за сума помала од 50 милиони евра. Договорот кој го има со португалскиот гигант е со важност до 2029 година.


Јуве го носи Анте Будимир во јануари?

Хрватскиот напаѓач Анте Будимир се најде на радарот на Јувентус, кој бара партнер за Душан Влаховиќ во нападот.

34-годишниот напаѓач игра во фантастична форма во Осасуна и може да направи трансфер во италијанскиот гигант.

Будимир веќе има искуство во Италија каде беше Кротоне (83 настапи, 27 гола, шест асистенции) и Сампдорија (14 натпревари, 1 гол). Во кариерата настапуваше и за Интер од Запрешиќ, Мајорка, Локомотив и Ст. Паули.

Планот на Јувентус наводно е Будимир да игра во тандем со Душан Влаховиќ, но и да биде алтернатива за Србинот.


Мурињо носи две засилувања од Шпанија во Фенер

Фенербахче ќе се обиде да ги ангажира Шпанците Ансу Фати и Серхио Регилон, објави во четвртокот весникот „АС“. Тренерот на турскиот гигант Жозе Мурињо сигурно ќе сака засилување во составот во зимскиот трансфер период.

Напаѓачот на Барселона, Фати и дефанзивецот на Тотенхем, Регилон (од летото се на потесниот список на желби Мурињо за нови засилувања.

Марио Бранко, спортскиот директор на Фенербахче, веќе работи на можниот потпис на Фати и Регилон. Жолто-сините се на четвртото место во поредокот на турското првенство со 16 бодови.


Реал почна преговори со Лапорт?

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната и сигурно ќе доведе еден дефанзивец, а прв на листата желби е Емерик Лапорт.

Лапорт минатото лето го напушти Манчестер Сити и одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и потпиша за Ал Наср.Тоа беше изненадувачка одлука на шпанскиот дефанзивец, кој сега ја признава грешката и сака да се врати во Европа.

Реал сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе, па веќе почнал преговори со неговиот агент. Дефанзивецот ќе мора да прифати да игра за помала плата од актуелната што нема да биде проблем.

Главна пречка е што Реал сака да го доведе без обештетување, како слободен играч, а Ал Наср во моментов не прифаќа раскинување на договорот.


Жалбата одбиена, Барса мора да плати половина милион евра

Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која ја казни Барселона со 500.000 евра за финансиски прекршоци во сезоната 2022/23, соопшти прес-службата на судот.

Судот заклучи дека каталонскиот клуб прекршил две точки од правилата за финансиски фер плеј, па казната била оправдана.

Барселона беше подложена на парични санкции поради неточно известување. Комората за финансиска ревизија на УЕФА соопшти дека клубот неправилно пријавил профит од продажба на нематеријални средства во својот извештај за 2022 година, што според правилата не е квалификуван приход.

Барселона поднесе жалба да се укине казната, но истата беше одбиена.