фудбал

Милнер доби орден на Британската империја

Искусниот играч за врска на Ливерпул, Џејмс Милнер е одликуван со Орден на Британската империја (МБЕ). Признанието се должи на неговите услуги за фудбалот и добротворната работа што ја прави во текот на годините.

Тој формираше посебен фонд за поддршка на младите во неговата татковина. 36-годишниот играч има 588 настапи во Премиер лигата и 61 за репрезентацијата на Англија.

Кариерата ја започна во Лидс. Има играно и за Манчестер Сити, Њукасл, Астон Вила и Сиундон. Дел од Ливерпул се одржа во 2015 година.


Два европски гиганти го сакаат „бисерот“ на Ајакс

Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Ајакс, Ентони, пренесува „Билд“.

22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот. Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона до сега има постигнато 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Баерн и Манчестер Јунајтед, а неговата цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра.


Конте ја објави трансфер листата во летниот преоден рок

Медиумите во Англија објавија дека тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, планира да направи голем ремонт во текот на летото.

Според наведеното, на трансфер листата ќе бидат ставени: Танги Ндомбеле, Давинсон Санчез, Хари Винкс, Џовани Ло Селсо, Стивен Бергвејн, Серхио Регилон и Џо Роден.

Во исто време се верува дека Италијанецот сака да купи голман, двајца стопери, централен играч за врска и напаѓач.


Бруно Фернандеш најдобар асистент во Лигата на шампиони

Потполно неочекувано најдобар асистент во Лигата на шампиони за сезоната 2021/22 е Бруно Фернандеш.

Овој податок е изненадувачки бидејќи Манчестер Јунајтед своето учество во ЛШ го заврши уште во осминафиналето после двомечот и елиминацијата од екипата на Атлетико Мадрид.

Бруно Фернандеш запиша вкупно седум асистенции, една повеќе од играчот на Реал Мадрид Винициус Жуниор и од Лирој Сане кој настапува за Баерн Минхен. Пет асистенции запиша Антони од Ајакс, а четири имаше Лука Модриќ.


Меси го освои 40-от трофеј, го надмина Андрес Иниеста

Лионел Меси го освои својот 40-ти трофеј во кариерата. Напаѓачот како дел од репрезентацијата на Аргентина стана победник на Финалисима.

По бројот на освоени трофеи во кариерата, Меси го престигна поранешниот соиграч од Барселона, Андрес Иниеста. На прво место во светот по овој показател останува дефанзивецот на Барселона, Дани Алвеш.

Претходно, Меси, како дел од Барселона, десет пати го освојуваше шпанското првенство, четири пати ја освои Лигата на шампионите на УЕФА, осум пати го освои шпанскиот Суперкуп, седум пати го освои шпанскиот куп, го освои Светското клупско првенство и Супер купот на Европа три пати, а исто така како дел од францускиот ПСЖ Меси ја освои Лига 1.

Како дел од репрезентацијата на Аргентина, напаѓачот го освои Купот на Америка, ги освои Олимписките игри, а исто така го освои и Светското младинско првенство.


Манчестер Јунајтед се раздели со Џеси Лингард

Од Манчестер Јунајтед соопштуваат дека клубот дефинитивно се разделува со фудбалерот Џеси Лингард.

Клубот од Олд Трафорд не го продолжи договорот со 29-годишниот офанзивен играч на кого договорот му истекува на крајот од јуни.

Лингард потекнува од школата на Јунајтед, клуб за кој дебитира во 2011 година. Фудбалерот од Манчестер заминува како слободен играч. Англичанецот за првиот тим на вкупно 232 натпревари постигна 35 гола и 21 асистенција.

Големи се шансите Лингард да ја продолжи кариерата во тимот на Вест Хем каде претходно настапуваше како позајмен играч во вториот дел од сезоната 2022/21.


Кјелини заминува во МЛС лигата за крај на кариерата

Џорџо Киелини после 17 години ја одигра последната сезона во дресот на Јувентус. Италијанскиот дефанзивец си заминува од Торино со девет освоени титули, а тимот го водеше и како капитен.

Иако има 37 години Киелини нема да се пензионира и ќе продолжи да игра фудбал. Како што гласат последните информации тој ќе продолжи во МЛС лигата.

Италијанцот веќе се договорил со помладиот клуб од Лос Анџелес – ЛАФЦ. Овој клуб е основан во 2014 година, а најголемата ѕвезда која настапувала е Карлос Вела.


Барди: Чест ми е да сум капитен на Македонија

Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди, во отсуство на Стефан Ристовски ќе биде капитен  на екипата, на стартот од новиот циклус од Лигата на нации против селекцијата на Бугарија.

„Имаме искуство, подготвени сме да играме паметно и кога сме фаворити. Имаме победнички менталитет. Многу ни е важно добро да стартуваме. Имаме освежувања во тимот, но физички и психички сме подготвени за предизвикот. 

Чест ми е да сум капитен, но секогаш велам дека сите сме капитени и сите во одредени моменти можеме да дадеме дополнителна вредност. Успехот на селекцијата ни е најважен. Последен пат кога бев капитен дадов три гола и не би било лошо да продолжам така“, изјави Енис Барди.

Натпреварот помеѓу Бугарија и Македонија се игра денес во 18 часот на стадионот во Разград.


Доминација на Аргентина во „Финалисима“

Дуелот помеѓу шампионите на Европа и Јужна Америка наречен Финалисима, му припадна на Аргентина која со резултат 3:0 ја совлада селекцијата на Италија.

Спектакл натпреварот се одигра на стадионот Вембли во Лондон, местото каде Италија минатото лето се закити со титулата шампион на Европа.

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси одигра извонреден натпревар, забележувајќи две асистенции. Првата кога го проигра Лаутаро Мартинез кој го постигна голот за водство од 1:0, а втората асистенција беше кон Дибала кој го совлада Донарума во судиското надокнадување за конечни 3:0. Вториот гол за Аргентина го постигна Ди Марија.


Арсенал продолжува со преговорите за Тилеманс

Играчот од средниот ред на Лестер, Јури Тилеманс е главна трансфер цел на Арсенал.

 Според новинарот Фабрицио Романо, лондонскиот клуб продолжува да преговара околу ангажманот на 25-годишниот белгиски репрезентативец.

Според информациите „топџиите“ за реализација на трансферот се подготвени да платат околу 50 милиони евра.

Тилеманс сезонава одигра 46 натпревари, постигна 7 гола и 4 асистенции. Неговиот договор со Лестер истекува во јуни 2023 година.