фудбал

Шмајхел: Невозможно е некој во Англија да се споредува со Сити

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, проценува дека Манчестер Сити е главниот фаворит за освојување на трофејот во тековнава сезона во англиската Премиер лига.

„Мислам дека никој не може да се бори со Сити за титулата. Ако има таков тим, тогаш тоа е можеби Арсенал. Невозможно е некој да се споредува со Сити“, изјави поранешниот голман.

„Граѓаните“ по пет кола имаат максимален ефект. Веднаш до нив се Ливерпул, Арсенал и Тотенхем кои имаат по 13 бода.


Сериозно се повреди јануарското засилување на Барса

Виктор Роке, тинејџерската сезонација од Бразил игра одлично во Атлетико Параненсе.

Напаѓачот е во овој клуб до крајот на сезоната бидејќи е се договорено и потпишано околу неговиот трансфер во Барселона идното лето. Познато е и дека доаѓа за оштета од 40 милиони евра, две години веднаш по 17-ot роденден Атлетико го доведе од Крузеиро за пет милиони евра.

Роке сезонава е одличен. На 41 натпревар постигна 20 и намести осум голови. Меѓутоа на последниот натпревар во 11. минута против Интернационал тешко се повреди. Од теренот беше изнесен во солзи, а според бразилските медиуми го чека долга пауза.


Мурињо: Оваа Рома мора да игра подобро

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, се осврна на вчерашната победа во Лига Европа на теренот на Шериф. Португалецот кој уште ја одработува казната од УЕФА, мораше да го следи мечот од трибините.

„Не ми се допадна првото полувреме, бевме премногу бавни и немаше агресивност. Првиот гол го постигнавме среќно а потоа не направивме ништо иако ја контролиравме играта. Во вториот дел ми се допадна реакцијата на тимот кога Шериф изедначи. Заслуживме да победиме“, изјави „специјалниот“.


Бруно Фернандеш застана во одбрана на Онана

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, кој направи голема грешка на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на фудбалските шампиони, доби поддршка од тренерот, Ерик тен Хаг и играчот од средниот ред Бруно Фернандеш. 

„Тој е одличен голман и не треба да презема никаква вина за ништо. Верувам дека Онана ќе има многу добри одбрани и ќе ни донесе многу бодови“, беа зборовите на Фернандеш.


Родриго ќе биде замената за Салах во Ливерпул

Јирген Клоп ќе мора да го засили својот тим во зимскиот преоден рок со некој квалитетен фудбалер.

Според последните информации, Клоп има тешка мета – Родриго од Реал Мадрид. Бразилецот има договор со „кралевите“ до 2025 година. Според бритнаските медиуми, Ливерпул е спремен за Родриго на Реал да му исплати сума од 100 милиони евра.

Најавите се дека Родриго би го заменил Салах кој во овој преоден рок остана, но неговата приказна со Саудиска Арабија изгледа не е затворена.

Родриго во Реал Мадрид одигра 171 натпревар и постигна 38 голови, додека за репрезентацијата на Бразил на 16 натпревари постигна четири гола.


Жоао Феликс: Во Атлетико не се вклопив во филозофијата на тренерот

Жоао Феликс е едно од имињата кои го одбележаа почеток на сезоната. Португалецот во Барселона е брилијантен, но и самиот задоволен од новиот чекор во кариерата.

„Најтешкото нешто сега е да се одржи нивото “, вели Феликс за последните свои настапи во дресот на Каталонците.

Португалецот вели дека сакал да игра за тимот на Барса и дека се потрудил да биде таму ова лето.

„Се откажав од значителна сума пари од мојата плата. Но, требаше да сменам, требаше да одам на место каде што ќе можам да го играм мојот фудбал. Во Атлетико не ми беше добро, бидејќи не се адаптирав на идеите на клубот и тренерот. Слично беше и во Челзи. Сега во Барселона е поинаку“, вели Феликс, кој на последниот меч на Барса во ЛШ постигна два гола и запиша една асистенција.


Азар го одбрал новиот клуб, ќе игра во белгискиот шампионат

Еден Азар е без клуб откако летово ја прекина соработката со Реал Мадрид на една година пред истекот на договорот.

Се најавуваше дека Азар може да оди во пензија, меѓутоа сега пристигнуваат информации дека ќе ја продолжи кариерата. Според најавите, Азар се одлучил да продолжи да игра фудбал и тоа во родната Белгија. Медиумите во Белгија пренесуваат дека ја прифатил понудата на Сен Жил, иако таа била многу послаба од некои други кои одби летово.

Пред доаѓањето во Реал Мадрид, Азар беше еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа и доби голема плата во Мадрид, но тука не покажа ништо и повеќе беше повреден отколу спремен за игра.

Во Белгија во овој момент игра и неговиот брат, Торган кој се врати во Андерлехт.


Витиња негира несогласувања со Меси во периодот минат во Париз

Лионел Меси не е повеќе дел до Пари Сен Жермен, но тој и понатаму одвреме навреме е актуелен во француската јавност.

Имено „Л’Екип“ излезе со вест дека Меси во одреден период во оваа година се „фатил за гуша“ со Витиња, поточно испратил жестоки критики до португалскиот интеранционалец.

„Не само што си лош, туку и мене ме повредуваше (ми штетиш)“, наводно му порачал Меси на Витиња кој толку бил разочаран што сакал да си замине од „Паркот на принцовите“, поточно во тоа го разубедил сонародникот Данило Переира.

Овие вести допреа до членот на „светците“ кој реши да ги расчисти работите.

„Обично ништо не коментирам што ќе излезе во медиумите, но овој пат морам да се огласам.  Целосно е лажно дека тоа се случило“, порача офанзивецот.


Романската федерација казнета заради политичкиот транспарент против Косово

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го казни Фудбалскиот сојуз на Романија со играње на еден натпревар без присуство на публика и парична казна од 52.000 евра поради инцидентите со на натпреварот од квалификациите за ЕП против Косово, соопшти УЕФА.

На 12 септември Романија го победи Косово 2-0 во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, а натпреварот беше прекинат во 23. минута поради скандирањата на тамошните навивачи: „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“.

Романија не го признава Косово како независна држава, но УЕФА не дозволува политички скандирања на фудбалските натпревари. Романија на 15 октомври без присуство на навивачи ќе ја пречека селекцијата на Андора во натпреварот од групата И од квалификациите за ЕП 2024 година.


Монтела е нов селектор на турската репрезентација

Поранешиот напаѓач на Италија и на екипата на Рома, Винченцо Монтела ќе биде назначен за селектор на репрезентацијата на Турција, потпишувајќи тригодишен договор. „Авиончето“, како што го нарекуваат Монтела, наводно постигнал договор со Турската федерација и наскоро ќе потпише тригодишен договор.

Монтела го напушти турскиот тим Адана Демирспор минатиот јуни каде последен пат работеше како тренер. Тој ја започна својата менаџерска кариера во младинскиот погон на Рома и беше промовиран за тренер на првиот тим во 2011 година.

Потоа двапати работеше на чело на Катанија, Сампдорија, Милан и Фиорентина.