фудбал

Конте го носи Гризман во Премиер лигата

Антонио Конте сака сериозно да го засили тимот, а негова најголема желба е Антоан Гризман, пренесуваат медиумите на Островот.

Гризман летово од Барселона се врати во Атлетико Мадрид на позајмица, но има договор со Каталонците до 2024 година. Поради неговата висока плата „јорганџиите“ нема да го откупат на крајот на сезоната, но и поради неговиот слаб придонес во резултатите.

„Сан“ тврди дека Тотенхем може да го добие Гризман за околу 40 милиони евра, а нема да има проблем да му ја дава истата плата. Доколку потпише со Тотенхем, тоа би била прва авантура на Гризман надвор од Шпанија, каде во изминатите 15 години ги носеше дресовите на Реал Сосиедад, Барселона и Реал Мадрид.


Лапорта: Работиме на градење врвен тим

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изрази оптимизам за идниот развој на клубот кој веќе подолго време работи во услови на финансиска криза. Каталонскиот клуб денес и официјално го претстави Феран Торес како ново засилување на екипата, за кого ќе платат 55 милиони евра.

„Барселона се враќа во живот и тоа е факт!Работиме на градење врвен тим“, изјави Лапорта при презентацијата на Торес.

Претседателот на клубот одговори и на прашање за можен трансфер на Ерлинг Халанд.

„Се е можно ако ги одиграме нашите карти правилно и сигурен сум дека ќе го направиме тоа. Големите играчи се подготвени да дојдат во Барса. Дефинитивно започнавме да го враќаме статусот на водечки клуб. Сите во светот мора да се подготват бидејќи се враќаме на пазарот како големи играчи. Постојано велам дека Барса е глобален бренд и играчите сакаат да го носат нашиот дрес“, заврши Жоан Лапорта.


Ромелу Лукаку пред сензационален трансфер во Тотенхем?

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ излезе со сензационална вест дека е можен трансфер на Ромело Лукаку од Челзи во градскиот ривал Тотенхем.

Лукаку е под голем притисок во Челзи поради телевизиското интервју кое тој го даде за италијанска телевизија во која изјави дека не се чувствува среќен на „Стенфорд Бриџ“ после неговиот трансфер од Интер. Белгиецот во интервјуто ја критикуваше и тактиката на тренерот Тухел за кого рече дека дава нејасни барања. Поради кажаното, Лукаку беше отстранет од екипата за дуелот со Ливерпул.

Се очекува нештата да се разјаснат на состанокот кој е најавен помеѓу Тухел и Лукаку, но се напоменува дека напаѓачот не би имал ништо против да прејде во екипата на Тотенхем која сега е под водство на неговиот бивш тренер од Интер, Антонио Конте.


Реал Мадрид се откажува од трансфер на Рудигер

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе се откаже од идејата да го доведе Антонио Рудигер.

Германскиот репрезентативец сеуште не го обновил договорот со Челзи, поради што стана интерес за голем број фудбалски клубови, вклучувајќи го и Реал, меѓутоа последните вести се дека клубот од „Сантијаго Бернабеу“ се предомисли и се откажува од негово евентуално купување.

Челниците на Реал Мадрид не се подготвени да платат за Германецот 12 милиони евра по сезона, колку  што бара неговиот агент. Приоритет за „белите“ е да го обноват договорот на Милитао, кој сега ќе добива 8,5 милиони евра годишно. Реал ги смета Давид Алаба и Едер Милитао за предводници на одбраната во иднина.


Дани Алвеш и Жорди Алба се враќаат во тимот со негативни ковид-тестови

Фудбалерите на Барселона, Дани Алвеш и Жорди Алба се негативни на тестот за коронавирус и може да се вратат на тренинзите со тимот, објави прес-службата на каталонскиот клуб на Твитер.

Информацијата дека двајцата играчи се позитивни беше објавена на 28 декември, па од тој момент Алба и Алвеш се во самоизолација. Синоќа Барселона со комбиниран состав ја победи Мајорка на гости со минимален резултат од 1:0.

Барселона сеога има 31 бод од 19 натпревари и се наоѓа на петтото место на табелата со 15 бода неатива во однос на лидерот Реал Мадрид кој има 46 бодови.


Обамејанг пред потпис со Њукасл Јунајтед

Пјер Емерик Обамејанг нема иднина во Арсенал, откако беше исфрлен од тимот поради нарушување на дисциплинските мерки. Арсенал му ја отвори излезната врата на Обамејанг, кој слободно може да си бара нов клуб во зимскиот преоден рок.

За Африканецот има сериозен интерес од најбогатиот клуб на светот, Њукасл кој се обидува да доведе врвен голгетер во своите редови.

Од Њукасл нема да штедат пари за платата на Обамејанг кој во моментов се наоѓа на подготовки со својата селекција пред почетокот на африканскиот Куп на нациите.

Интерес за Обамејанг има и од други европски клубови, но тој е спреме да ја прифати понудата на Њукасл.


Импресивни бројки зад името на Салах: Пет сезони со најмалку 25 гола и асистенции

Челзи и Ливерпул вчера на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон го играа дербито на 21.коло од англиската Премиер лига. Натпреварот заврши 2-2, а Египетскиот напаѓач на Ливерпул Мохамед Салах постигна гол на оваа.

29-годишниот играч веќе има постигнато 25 или повеќе голови и асистенции заедно во неговата петта сезона по ред во Премиер лигата.

Во актуелната сезона во Англија има 16 голови и 9 асистенции. Најдолгата серија во историјата на Премиер лигата беше само на Тиери Анри, кој имаше повеќе од 25 голови и асистенции заедно во седум последователни сезони – од 1999 до 2006 година. Мохамед Салах му се приклучи на Ливерпул во летото 2017 година откако премина од Рома за сума од 42 милиони евра.


Чави инсистира Дембеле да остане на „Камп Ноу“

Тренерот на Барселона, Чави не се откажува од намерата да го убеди Осман Дембеле да остане на „Камп Ноу“.

Пред неколку дена сите медиумите објавија дека преговорите се прекинати и дека Дембеле сигурно ќе замине на крајот на сезоната како слободен агент. Менаџерот на фудбалерот, Муса Сисоко побарал годишна бруто плата од 40 милиони евра, плус бонуси при потпис на договорот.

„Преговорите се во тек. Некогаш менаџерите ги прават работите да бидат тешки. Нашата позиција е јасна, процесот се уште трае. Оптимист сум, верувам дека Дембеле ќе остане. Повторно разговарав со него. Не сум разочаран и покрај тоа што неговиот менаџер не сака да разберe дека се наоѓаме во тешка ситуација. Ние составивме добра понуда за Дембеле. Сметам дека ова е добра шанса за него и дека не би требало да ја пропушти“, изјави Чави.


Рахим Стерлинг не крие дека е голем фан на Кристијано Роналдо

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, не крие дека е голем обожавател на Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер во градскиот ривал Манчестер Сити.

Ѕвездата во екипата на Пеп Гвардиола во изјава за англиските медиуми го сподели своето мислење за Роналдо, без да се исплаши од можните негативни реакции на навивачите на Сити.

„Кристијано е извонреден играч.Само погледнето го, има 36 години, но сепак е во извонредна психофизичка форма. Мора да му се оддаде признание за тоа. Не кријам дека сум негов голем фан и дека ги пратам неговите игри долго време низ годините. Би сакал и јас еден ден да играм таков врвен фудбал на 36 години“, изјави Стерлинг.


Месут Озил станува сопственик на фудбалски клуб

Ѕвездата на Фенербахче, Месут Озил планира да го купи фудбалскиот клуб Чорум, кој настапува во третата фудбалска лига на Турција.

Цената која играчот ќе ја издвои за купувањето на клубот се проценува на 1,3 милиони евра. Сумата е помала од годишната плата на Озил во Фенербахче која изнесува 3 милиони евра.

Месут Озил пред една година се врати во турското првенство и потпиша договор да настапува за гигантот Фенербахче, што според неговите изјави било негов сон од детството. Претходно тој повеќе сезони играше за лондонски Арсенал.

Стартот на Озил во Фенербахче беше тежок, но тој на почетокот од сезонава игра многу подобро и веќе запиша 7 гола на 16 натпревари.