фудбал

Леао: Ми годи интересот на Реал Мадрид

Рафаел Леао зад себе има одлична сезона во редовите на Милан и го привлече вниманието на повеќе клубови, а како најсериозен во намерата изгледаше Реал Мадрид.

Наводно, „кралевите“ се подготвени да платат 120 милиони евра за неговите услуги. Од Милан од друга страна порачуваат дека Португалецот не е на продажба за ниту една сума. Коментар за целата ситуација даде и самиот Леао.

„Со Милан имам уште две години одговорот и се чувствувам како дома, ми се допаѓа тоа што клубот сака да ме задржи. Среќен сум поради интересот од Реал Мадрид, но не летам во облаци. Задоволен сум од мојот напредок. Како многу млад преминав во Спортинг и се преселив во Лил, за многумина можеби не изгледа така, но француското првенство е прилично силно“.


Судија од Франција ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Бугарија и Македонија

Французинот Жереми Пињар ќе биде главен судија на натпреварот кој македонската фудбалска репрезентација ќе го игра против Бугарија.

Дуелот е закажан за 2 јуни во Разград, Бугарија, а е во рамките на новата сезона во Лигата на нации.

Македонија се наоѓа во Лига Ц од ова натпреварување, каде освен Бугарија, се наоѓаат и селекциите на Грузија и Гибралтар.


Ливерпул купува канадски напаѓач за следната сезона

Ден после поразот од финалето во Лигата на шампиони, англиските медиуми откриваат дека Јирген Клоп ова лето ќе донесе нов напаѓач на „Енфилд“. Англиските медиуми пренесуваат дека Клоп веќе нашол идеално засилување за нападот и го сака Џонатан Дејвид од Лил, чија цена во моментов изнесува околу 50 милиони евра.

Фирмињо оваа сезона го загуби првотимискиот статус и сигурно ќе си оди на лето, а Клоп сака да донесе робусен напаѓач каков што му недостасува на тимот.

Џонатан Дејвид е токму таков профил, а после одличната сезона во Лил го привлече вниманието на многу европски гиганти

22-годишниот Канаѓанец сака да ја промени средината, а Ливерпул е спремен да плати 50 милиони евра и да ја победи конкуренцијата.


Лукаку очајно сака да се врати во Интер

Ромелу Лукаку сака по секоја цена да го напушти клубот и ова лето да се врати во Интер, пренесуваат италијанските медиуми.

Лукаку минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи за 115 милиони евра, но е само бледа сенка на тоа што беше во Серија А. Тој го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел.

Белгиецот не е среќен на „Стенфорд Бриџ“ и сака да се врати во Интер, па веќе имал телефонски разговор со директорите на миланскиот клуб и притиска да се врати на „Џузепе Меаца“.


Марота го сака бесплатно и Бернардески од Јуве

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер е силно заинтересиран за играчот на Јувентус, Федерико Бернардески, кој ова лето ќе биде слободен агент.

Бернардески нема да го продожи договорот со Јувентус кој истекува следниот месец и сега е во потрага по нов клуб.

Интер стапил во контакт со неговиот агент и му понудил неколкугодишен договор тежок 3 милиони евра по сезона, па многу е веројатно дека Италијанецот ќе ја прифати понудата.

Интер има финансиски проблеми и претежно се насочува кон играчи без договор, а Бернардески треба да пристигне во Милано заедно со Пауло Дибала, кој исто така е слободен агент.


Лажните билети направиле хаос пред почетокот на финалето на ЛШ

Финалниот натпревар од Лигата на шампионите во саботата започна со 35 минути задоцнување поради тоа што навивачите правеа нереди пред „Стад де Франс“. Голем број од нив се обиделе да влезат на стадионот со лажни билети.

Јасно е дека вакво финале во Лигата на шампионите одамна се очекуваше. Навивачи последен пат имаше во финалето во 2019 година, без никакви ограничувања за влез на стадионот. Покрај тоа, навивачите на Ливерпул имаа голема желба да го гледаат својот клуб во финалето, а дел од нив изгледа се обиделе да го направат тоа по секоја цена.

„Пред натпреварот, портите каде што беа навивачите на Ливерпул беа блокирани од илјадници навивачи кои купија лажни билети кои не функционираа на влезовите. Тоа создаде голема гужва меѓу луѓето кои се обидоа да влезат“, се вели во соопштението на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот наведува и дека почетокот на натпреварот е одложен за на трибините да влезат што повеќе луѓе со оригинални билети.


Садио Мане одлучил да го напушти Ливерпул

Познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо, ја пренесува информацијата дека еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Садио Мане одлучил да си замине од клубот ова лето.

30-годишниот Сенегалец имал желба својата кариера да ја продолжи во друг клуб и да доживее нови предизвици. Мане е член на Ливерпул од 2016 година, каде пристигна од екипата на Саутемптон. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2023 година, меѓутоа по се изгледа дека тој нема да го одработи договорот до крај и ќе биде продаден. 

Како најсериозен кандидат за негов ангажман се споменува Баерн Минхен. Секако трансферот е далеку од готов бидејќи преговорите се во тек и нема официјална одлука.


Азар го „збогати“ Челзи за 20 милиони евра

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар е освојувач на Лигата на шампиони со што автоматски инкасира 20 милиони евра во касата на неговиот бивш клуб Челзи.

Имено, Азар кој во 2019 година за 120 милиони евра направи трансфер од Челзи во Реал Мадрид, во клаузула од неговиот договор е назначено дека доколку фудбалерот од Белгија успее да освои Лига на шампиони со Кралскиот клуб, тогаш Челзи треба да добие бонус од 20 милиони евра.

Иако Азар во овогодинешната сезона од Лигата на шампиони одигра само 83 минути , тоа сепак не го менува фактот дека Реал ќе мора да го исплати бонусот на Челзи.


Нотингем Форест после 23 години се враќа во Премиер лигата

Екипата на Нотингем Форест се врати во елитната англиска лига, откако во финалниот плеј-оф на Вембли го совлада тимот на Хадерсфилд со 1:0.

Голот со кој екипата на Нотингем Форест после 23 години се врати во Премиер лигата, падна во 43.минута кога дефанзивецот на Хадерсфилд Колвил ја затресе сопствената мрежа. На овај начин двократниот клупски европски шампион повторно ќе се натпреварува со најдобрите англиски тимови.


Марсело се збогува со Реал Мадрид по петтата европска круна

Марсело во саботата го освои петтиот трофеј во Лигата на шампиони, а после финалето објави дека го напушта Реал Мадрид. 34-годишниот Бразилец цели 18 сезона играше за Реал Мадрид и има освоено 25 титули, што е клупски рекорд.

„Ова беше мојот последен натпревар за Реал и, искрено, крајот беше голема радост“, изјави Марсело.

После заминувањето на Серхио Рамос тој беше прв капитен на Реал Мадрид, и синоќа имаше чест да го подигне трофејот од Лигата на шампиони.