фудбал

Страхиња Павловиќ прва опција на одбраната на Јуве

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Салцбург и српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ.

21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а на Мундијалот ја доживеа својата целосна афирмација со добрите партии. Примарна цел на Јувентус на лето ќе биде доведување на дефанзивец, а Павловиќ е на врвот на листата желби.

„Старата дама“ веќе работи на трансферот и сака да ја победи конкуренцијата, а самиот Павловиќ го потврди интересот.

„Вистина е дека постои интерес од Јувентус за мене, но не сум бил во Торино. Јувентус е голем клуб и секогаш е чест кога те поврзуваат со такви гиганти. Ќе видиме што ќе се случи, сега сум фокусиран само на Салцбург“, изјави Павловиќ.


Матеус Нунеш наместо во Ливерпул може да заврши во Челзи

Челзи веќе потроши 180 милиони евра во јануарскиот преоден рок, но „сините“ не мислат да запрат со трансфери.

Челзи сака до крајот на преодниот рок да донесат уште еден играч за врска, а најнова мета е ѕвездата на Вулверхемптон, Матеус Нунеш. Нунеш е голема желба на Јиген Клоп и примарна трансфер цел на Ливерпул, но Челзи ќе се обиде да го „украде“ фудбалерот пред ривалот.

Нунеш минатото лето се пресели во Вулверхемптон од Спортинг за 45 милиони евра и веднаш се етаблираше во Премиер лигата.

Челзи веќе стапил во контакт со неговиот агент и спремен богата понуда за „волците“.


Енцо Фернандез останува во Бенфика и ќе добие бонус за верност

Фудбалерот, Енцо Фернандез, за тоа што остана во Бенфика и не ја прифати понудата на Челзи, ќе добие награда од  клубот.

Според информациите, челниците на португалскиот гигант  ќе му дадат премија од два милиони евра. Тоа е сепак условено, бидејќи „сините“ се уште имаат можност да ги купат неговите права доколку ја платат клаузулата од 120 милиони евра.

Фернандез на последното Светско првенство во Катар ја доби наградата за најдобар млад фудбалер.


Жоелингтон остана без возачка дозвола и ќе плати преку 30.000 фунти

Фудбалерот на Њукасл, Жоелингтон, кој беше приведен од полицијата додека возел во алкохолизирана состојба, ќе треба да плати 31.085 фунти.

Згора на тоа, Бразилецот според одлуката на судот не смее да вози во период од една година. Казната може да се намали на девет месеци доколку посетува посебна установа за одвикнување од алкохол.

Екипата на Њукасл објави дека нема намера дополнително да го казни играчот.


УЕФА го смени системот на натпреварување на Лигата на нации

На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион се донесени одлуки и за големи промени во Лигата на нации кои ќе стапат на сила во септември 2024 година.

Лигата на нации ќе биде проширена со нокаут рунда која ќе се игра во март, со што ќе се создаде континуитет меѓу групната фаза која завршува во ноември и завршниот турнир кој се игра во јуни.

Според досегашниот формат на Лигата на нации, победниците на групите од А дивизијата се пласираа на фајнл-форот. Сепак, од следното издание на Лигата на нации 2024/25 ќе се воведе четвртфинале во кое победниците и второпласираните од групите од А дивизијата ќе играат меѓу себе дома и на гости во март, а победниците од тие натпревари ќе се пласираат на фајнл-форот.

Промена има и во пониските дивизии. Како дел од промената на форматот, ќе се воведат и пласмани за промоција и испаѓање, третопласираните екипи од дивизијата А ќе играат против второпласираните од дивизијата Б, а третопласираните екипи од дивизијата Б против второто пласирани екипи од дивизија Ц. Натпреварите ќе се играат дома и на гости, при што победниците одат во повисоката, а поразените во пониската дивизија.


Барселона заинтересирана за јапонски репрезентативец

Фудбалскиот клуб Барселона планира доведување на јапонскиот фудбалер од редовите на Ајнтрахт Франкфурт, Даичи Камада.

26-годишниот репрезентативецот на Јапонија, за помалку од половина година, станува слободен фудбалер бидејќи му истекува договорот со неговиот актуелен клуб од Бундеслигата.

Оваа сезона Камада кој е офанзивец од средината на теренот, во дресот на Ајнтрахт од Франкфурт, има постигнато 7 гола и 3 асистенции на 15 натпревари, но обидите на клубот од Германија за нов договор со фудбалерот завршија без успех.


Ајакс го отпушти тренерот Шредер

Фудбалскиот клуб Ајакс преку соопштение на официјалниот клупски сајт информира дека го отпушти тренерот Алфред Шредер.

„Ајакс одлучи да го смени Алфред Шредер. Тренерскиот договор беше со важност до 30.јуни 2024.година, но истиот ќе биде раскинат веднаш. Големиот број на загубени бодови и недоволното развивање на тимот се главните причини за оваа одлука. Управата на клубот повеќе нема доверба во понатамошна соработка“, стои во соопштението на клубот.

Своја изјава околу одлуката за тренерската смена, даде и извршниот директор на клубот, Едвин ван дер Сар, кој вели дека и покрај големиот број на трансфери и заминување на играчи, тренерот Шредер сепак имал достоен шампионски тим, меѓутоа екипата во последните неколку недели изгуби голем број на бодови и не бил забележан никаков напредок“, потенцира Ван дер Сар.


Бурнмаут на чекор до ангажман на Заниоло

Медиумите од Италија пренесуваат дека раководството на Рома ја прифатило понудата од премиерлигашот Бурнмаут за фудбалерот Никола Заниоло.

За финална реализација на трансферот потребно е уште договорање на личните услови на Заниоло и клубот од Англија.

Желба на Заниоло е продолжување на неговата кариера во  Милан, меѓутоа италијанскиот шампион не успеа да се договори со Рома околу висината на обештетувањето. 23-годишниот Заниоло пристигна во Рома во 2018.година од екипата на Интер, и досега има постигнато 24 гола на 128 натпревари


Коло Туре заработи отказ од Виган

Англискиот клуб Виган, кој се натпреварува во Чемпионшип, соопшти дека ја прекина соработката со тренерот Коло Туре.

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, е сменет од тренерската функција откако не успеа да забележи ниту една победа во деветте натпревари откога го презеде тимот.

41-годишниот поранешен играч на Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул, при крајот на ноември потпиша тригодишен договор со Виган.

Коло Туре го остава Виган на последното место во англискиот Чемпионшип со освоени 25 бода после 28 одиграни натпревари.


Ливерпул потпиша со Бајчетиќ до 2027.година

Младиот и перспективен играч од средината на теренот во екипата на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ, потпиша нов договор со клубот од „Енфилд“.

Шпанскиот фудбалер со потекло од Србија, се обврза на долгорочен договор со Ливерпул, а според информациите од медиумите тој ја продолжи верноста со „црвените“ до 2027. година.

Од почетокот на оваа сезона, Бајчетиќ запиша десет настапи за Ливерпул во сите натпреварувања и успеа да постигне еден гол. Бајчетиќ во академијата на Ливерпул пристигна во 2020.година од шпанска Селта.