фудбал

Рангнинк: Марсијал ми најави дека сака да си замине од Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник потврди дека 26-годишниот француски напаѓач сака да си замине од клубот.

„Ентони ми објасни дека е во Манчестер Јунајтед седум години и веќе чувствува дека е дојдено време за да направи промена. Можам да го разберам. Од она што го знам, додека немало понуди за него. Се додека нема интерес, тој ќе работи со тимот“, изјави Рангник.

Во редовите на Манчестер Јунајтед Марсијал дојде во 2015 година од Монако за сума од 60 милиони евра. Сезонава за Јунајтед Марсијал настапи на 10 натпревари и постигна еден гол.


Њукасл му нуди богатство на Осман Дембеле

Њукасл сериозно размислува да го ангажира напаѓачот на Барселона Осман Дембеле. Од Њукасл се подготвени на францускиот напаѓач да му понудат добра парична понуда за да дојде во тимот како слободен играч следното лето, објави „Мундо Депортиво“.

Според истите информации, Њукасл подготвува договор за 24-годишниот Дембеле со плата од 15 милиони евра по сезона, како и 15 милиони евра како бонус за потпис. Се наведува дека условите на Њукасл се подобри од оние на Барселона.

Дембеле оваа сезона имаше две асистенции во пет натпревари од шпанското првенство. Неговата пазарната вредност се проценува на 50 милиони евра.


Кристијан Пулишиќ заминува од Челзи?

Англиските медиуми ја пренесуваат информацијата дека постои можност Кристијан Пулишиќ да го напушти неговиот сегашен клуб Челзи.

23-годишниот Американец, пристигна во тимот од Лондон во 2019 како огромно засилување од Борусија Дортмунд. Меѓутоа од неговото доаѓање па до сега тој со своите игри не успеа да се наметне како кандидат за првата екипа. Тренерот на Челзи, Томас Тухел има голем број на играчи кои настапуваат на истата позиција со Пулишиќ, кои добиваат поголема минутажа на теренот од него. Поради оваа причина, играчот има план да прејде во клуб каде би бил стандарден играч со редовни настапи.

Наводен интерес за купување на Кристијан Пулишиќ покажуваат тимови од Бундеслигата како и италијанските великани Милан и Интер.


Аталанта се засилува со Бога од Сасуоло

Италијанскиот калчолигаш Аталанта ќе го засилува тимот со доведување на играчот Џереми Бога од Сасуоло.

34-годишниот африкански играч од средината на теренот одлично би се вклопил во играта и тактиката на тренерот Гасперини, и се очекува тој да биде од голема корист во борбата на Аталанта за задржување при врвот од табелата во Серија А.

Џереми Бога е поранешен играч на лондонски Челзи, а неговите одлични игри во Сасуоло очигледно ја зголемија и неговата вредност на пазарот. Неговиот трансфер во екипата од Бергамо би изнесувал приближно 22 милиони евра.


Добри вести за Наполи и Нигерија: Осимен се враќа порано од предвиденото по повредата

Виктор Осимен се враќа порано од очекуваното.

Осимен страдаше од тешка скршеница на лицето и беше опериран. Најавите беа дека опоравувањето ќе трае три месеци и во клубот беа спремни да бидат без својот напаѓач подолг период.

Меѓутоа последните информации се дека рехабилитацијата на Осимен оди побрзо од очекуваното и тој се најде на списокот играчи на Нигерија кои се повикани за Африканскиот Куп на Нации.

Овој турнир почнува на 9 јануари.


Арсенал спремен да плати 80 милиони евра за Влаховиќ

Душан Влаховиќ и понатаму е во сферата на интереси на Јувентус и лондонски Арсенал.

Виолетовите бараат 80 милиони евра за играчот, што може да го спречи Јувентус да го направи трансферот на играчот, објавија медиумите во Италија. Тоа значи дека, финансиската способност на Арсенал му овозможува на клубот да и ја плати на Фиорентина потребната сума за 21-годишниот српски напаѓач.

Сезонава Влаховиќ постигна 18 гола и даде три асистенции на 22 натпревари во Серија А и Купот на Италија. Договорот на напаѓачот истекува во 2023 година, а неговата пазарна цена во моментов се проценува на 50 милиони евра.


Реал Мадрид го очекува Рудигер како ново летно засилување

Англискиот весник „Телеграф“ пренесува дека Реал Мадрид е се поблиску до ангажманот на Антонио Рудигер од Челзи.

Екипата предводена од Карло Анчелоти очекува Рудигер да пристигне како слободен играч во текот на летниот трансфер период.

Германскиот репрезентативец по се изгледа веќе нема намера да преговара со Челзи за негово евентуално останување на „Стенфорд Бриџ“ по истекот на неговиот актуелен договор во јуни.

Рудигер беше освојувач на минатото издание на Лигата на шампионите под раководство на тренерот Тухел, и сега се очекува тој да се испроба во шпанската Ла Лига играјќи за „белите“ од Мадрид.


Баерн Минхен подготвува трансфер бомба за Рафиња од Лидс

Најтрофејниот германски фудбалски клуб, Баерн Минхен, има намера во своите редови да го доведе играчот на Лидс Јунајтед, Рафиња.

Бразилските медиуми пренесуваат дека гигантот Баерн е подготвен за негов ангажман да одвои 50 милиони евра и трансферот да се реализира во јануари. 

Доколку од Лидс не се подготвени за јануарска разделба со репрезентативецот на Бразил, тогаш сигурно е дека „баварците“ ќе направат повторен обид за негово ангажирање во летниот период.

Рафиња во дресот на Лидс, има одиграно 47 натпревари на кои постигна 14 гола. Одличните игри во Премиер лигата му донесоа и повик за настап во Бразилската репрезентација каде одигра 5 натпревари и запиша 2 гола.


Јоаким Лев е можен нов тренер на Фенербахче

Турскиот гигант Фенербахче испратил понуда до поранешниот германски селектор Јоаким Лев за негово назначување како нов тренер на екипата.

61-годишниот Лев би пристигнал во тимот од Истанбул, на местото од разрешениот Португалец Витор Переира.

Според информациите од турските медиуми, Фенербахче на германскиот стручњак му нуди договор со траење до 2024 година.

Доколку Јоаким Лев ја прифати понудата од турскиот клуб, тогаш за него ова ќе биде второ седнување на тренерската клупа во Фенербахче после сезоната 1998/99.

По изминати 18 кола во турскиот шампионат, екипата на Фенербахче има 29 бодови и се наоѓа на четвртото место од табелата.


Арсенал му нуди нов договор на Сака

Екипата на Арсенал е подготвена да го обнови договорот со младата ѕвезда на тимот, Букајо Сака.

Популарните „Топџии“ имаат план да му понудат нов договор на 20-годишниот англиски репрезентативец за врска, кој би важел до 2027 година.

Букајо Сака е играч кој потекнува од академијата на Арсенал, и неговиот актуелен договор со клубот истекува во 2024 година.

Тој досега во оваа сезона има одиграно 20 натпревари, на кои постигна 4 гола и забележа 4 асистенции.