фудбал

Одложени два натпревари од божиќната програма на Премиер лигата

Деновите што претстојат отсекогаш биле посебен период во животот на секој љубител на англискиот фудбал. Како што се приближува популарниот „Боксинг деј“, толку е поголема еуфоријата кај сите навивачи. За жал, се чини дека овој фудбалски празник нема да биде вистинскиот сезонава, а се надеваме дека нема да има целосно одложување, што е се пореално.

Натпреварите меѓу Ливерпул и Лидс, односно Волвс и Ватфорд се одложени поради зголемениот број на позитивни случаи на коронавирус. Овие две средби требаше да ја отворат целата програма и низата на возбудливи натпревари, на 26 декември. Лидс и Ватфорд беа лидери и креатори на овој предлог, а четата на Марсело Бјелса беше принудена дури и да го затвори тренинг кампот. Што се однесува до моменталниот однос на челниците во лигата, планот е натпреварите, без разлика на неизбежните одложувња, да се одиграат, барем некои од нив. Буквално секој натпревар ќе биде под голем знак прашалник до последен момент.


Спалети: Уморни сме, одморот добро ќе ни дојде

Фудбалерите на Наполи вчера доживеаја шокантен пораз од Специја на домашен терен а нивниот тренер, Лучијано Спалети, проценува дека екипата е истрошена и дека и треба одмор.

„Имавме неколку навистина лоши натпревари во последно време. Првин треба да се одмориме а потоа и да ги анализираме грешките.Предолго ја контролиравме средбата и не успеавме да направиме конкретна шанса“, вели Спалети.

Наполи по кратката пауза во Серија А, на 6 јануари го чека дербито на теренот на Јувентус.


Македонија ја заврши годината на 67-то место на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши годинава на 67 место на ФИФА ранг листата бидејќи во изминатиот период немаше активности.

Тоа значи дека со  1367,23 поени го задржавме местото од претходното рангирање. Наредниот предизвик за нашите фудбалери ќе биде мартовскиот бараж со Италија за место на Мундијалот во Катар.

На врвот останува Белгија пред Бразил и Франција. Во Топ 10 остануваат Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.


Јунајтед фаворит за потписот на Халанд

Манчестер Јунајтед има подобри услови и формација на теренот за Ерлинг Халанд отколку Манчестер Сити, вели новинарот Кристијан Фалк.

Норвежанецот ќе биде еден од главните играчи во летниот преоден рок со клаузула од 75 до 100 милиони евра. Тоа е цена што сите големи клубови во Европа се подготвени да ја платат.

„Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се главните фаворити за неговиот потпис. Манчестер Јунајтед е во предност и внимателно ги следи случувањата. Халанд таму одлично ќе се вклопи“, напиша Фалк.


Анчелоти: Повредите се минато, Азар е вреден дел од нашиот тим

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, верува дека Еден Азар набрзо ќе се врати во посакуваната форма.

Интернационалецот од Белгија кој се соочи со многу повреди, по подолг период одигра два врзани меча како стартер за „кралевите“. Тој беше на теренот на средбите со Кадиз и Атлетик Билбао.

„Азар е многу вреден за тимот. Вистина е дека имав сомнежи околу неговата физичка кондиција, но, направи многу добри работи на двата меча“, потенцирал италијанскиот тренер пред новинарите.


Италијанскиот клуб Катанија прогласи банкрот

После Палермо уште еден клуб од Сицилија прогласи банкрот. Палермо тоа го направи пред две години, а сега Катанија беше принудена поради лошата финансиска ситуација да прогласи банкрот.

Стариот Палермо престана да постои, сменето беше името, грбот и клубот доби нов регистарски број, па започна се одново од Серија Д.

До крајот на сезоната Катанија ќе ја водат тројца стечајни уиправници, а доколку во тој период се најде заинтересиран купувач Катанија ќе може да го задржи името и грбот. Во Серија А Катанија помина цели 2017 година, последен пат испадна во 2014 година.

Пред пандемијата клубот имаше долг околу четири милиони евра, за сега тој да достигне околу 15 милиони евра. Во минатото дресот на Катанија го носеа фудбалери како Макси Гомез, Папу Гомез, Никола Легротаље, Моримото…


Пресврт во преговорите, Коман ќе го продолжи договорот со Баерн

Кингсли Коман наскоро може да го обнови договорот со клубот од Минхен, објавија медиумите во Германија.

Според истите, преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза. Новиот договор се очекува да биде склучен во првите месеци од 2022 година. Актуелниот договор на Коман со Баерн Минхен е до летото 2023 година.

Да потсетиме дека Коман се пресели во Баерн Минхен од Јувентус во 2017 година за 17 милиони евра. Оваа сезона 25-годишниот француски фудбалер учествуваше на 10 натпревари во германското првенство и постигна 4 гола. Од 2015 година, Коман е дел од француската репрезентација. Баерн е лидер со 43 бода од 17 натпревари на табелата во Бундеслигата.


Пјаниќ во јануари ќе ја засили Џенова?

Миралем Пјаниќ во јануари ќе го напушти Бешикташ.

Во Бешикташ Чави е како позајмен фудбалер од Барселона, но не е јасно колку Барселона планира на босанскиот репрезентативец. Сега италијанските медиуми објавија информација дека Пјаниќ би можел се врати во Италија каде што го носеше дресот на Рома и Јувентус.

Наводно, Џенова која од клупата ја води Андреј Шевченко ја следи ситуацијата со Пјаниќ. Џенова ја чека борба за опстанок до крајот на сезоната, а Шевченко би сакал да го има Пјаниќ на располагање.

Така Пјаниќ и би му се придружил на Горан Пандев. Сезонава во редовите на Бешикташ, Пјаниќ одигра 13 натпревари и запиша четири асистенции.


Анчелоти со големи пофалби кон Бензема

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти упати пофални зборови до Карим Бензема по победата од 2:1 над Атлетико Билбао во 21. коло од Ла Лига.

Францускиот напаѓач одигра одлична партија и ги постигна двата гола за својот клуб.

Со овој успех, екипата на Реал Мадрид се наоѓа на врвот од првенствената табела со освоени 46 бода, 8 повеќе од второпласираната Севиља.

„Оваа победа многу ни значи. Кога водиш со само еден гол разлика, треба да си трпелив до последната минута. Бензема е одличен напаѓач, одличен капитен, одличен играч, одличен човек, тој е многу силен но и скромен. Ова беше многу важна победа над силен противник.Ги освоивме трите бода кои можат да бидат многу важни. Сега можеме да се одмориме и да ги чекаме играчите кои недостигаа денес“, изјави Анчелоти.


Крај на борбата за титула на Атлетико Мадрид?

Фудбалерите на Атлетико Мадрид загубија од екипата на Гранада со резулат 2:1 во рамките на 9.коло од Ла Лига и најверојатно ги загубија сите надежи за одбрана на титулата.

Екипата која ја предводи Диего Симеоне запиша четврт последователен пораз и сега заостанува цели 14 бода од првопласираниот Реал Мадрид.

Популарните „Јорганџии“ следното коло го пречекуваат најголемото изненадување во досегашниот дел од првенството, Рајо Ваљекано.