фудбал

Барса ќе го врати позајмениот Чади Ријад од Бетис

Чади Ријад кој во текот на летото ја напушти Барселона и замина во Бетис, по само една сезона ќе се врати на „Камп Ноу“.

Мароканскиот фудбалер игра на позицијa стопер и извонредно се покажа во Андалузија во првиот дел од сезоната. Затоа Чави и директорите на Барса ќе ја вклучат клаузулата вредна 7 милиони евра со која Ријад ќе се врати кај Каталонците.

20-годишниот фудбалер кој беше купен од Мајорка помина три сезони во Барселона но, не успеа да се наметне за првиот тим.


Соланке доби понуда за трансфер во Тотенхем

Фудбалерот на Бoрнмаут, Доминик Соланке, веројатно ќе добие понуда да се пресели во Тотенхем.

„Спарси“ по заминувањето на Хари Kејн се обидуваат интензивно да пронајдат негова замена. Медиумите наведуваат дека тренерот, Постекоглу, сака да го ангажира 26-годишниот напаѓач кој во континуитет покажува одлични партии.

Соланке претходно играше за Челзи, Витезе и Ливерпул. За селекцијата на „Гордиот Албион“ има еден меч.


Аврамовски ќе ја замени БиХ со Турција

Даниел Аврамовски неодамна го напушти тимот на Сараево, а веќе се најавува кој клуб може да биде негова наредна дестинација.

Имено, Аврамовски изгледа ќе продолжи во Турција и тоа во редовите на Болуспор кој е дел од Втората лига. За Аврамовски ова ќе биде кам-бек во турскиот фудбал, откако претходно го носеше дресот на Кајзериспор. За Сараево, Аврамовски одигра 45 натпревари, постигна четири гола и подели осум асистенции.

Покрај Сараево и Кајзериспор, Аврамовски во кариерата играше уште за Македониај Ѓорче Петров, Црвена Звезда, ОФК Београд, Војводина, Олимпија и Вардар.

Беше дел и од репрезентацијата на Македонија која играше на Европското првенство, а вкупно дресот на националиот тим го носеше на осум натпревари.


Сити и Ривер преговраат за Клаудио Ечевери

Клауидо Ечевери, 17-годишниот Аргентинец е на чекор од потпис против Манчестер Сити.

Европскиот шампион е во завршни преговори со Ривер за трансфер на капитенот на кадетската репрезентација на Аргентина.

Сити на Ривер најверојатно ќе и плати сума од 20 милиони евра. Ечвери во аргентинскиот клуб би останал на позајмица откако се ќе биде официјализирано. Таков договор Сити постигна околу трансферот на Хулијан Алварез.

За првиот тим на Ривер, Ечевери одигра шест натпревари и запиша една асистенција. Ечевери беше забележан на Светското првенство до 17 години каде што постигна пет голови, а против Бразил во четвртфиналето запиша хет-трик.


Инасио од Спортинг ќе ги покрива дефанзивните повреди на Ливерпул

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало Инасио.

Бројни тимови го следат португалскиот фудбалер кој во последно време игра одлично во Спортинг. Иако игра како стопер, Инасио има одличен пас игра и продорност и знае да биде опасен и пред противничкиот гол, па така израснува во комплетен стопер.

Во неговиот договор има откупна клазула која изнесува 60 милиони евра. Ливерпул наводно веќе води преговори со Спортинг околу трансферот.

На „црвените“ им е потребно засилување во одбраната по повредата на Матип, Клоп во срцето на одбраната остана само со Ван Дајк и Ибрахим Конате. Тука е и Џарел Куанас од академијата на кого сепак Клоп не може да се потпре во борбата за титулата.

Инасио на 23 натстапи сезонава постигна и три гола што секако е добар учинок за еден дефанзивец.


Халанд е фудбалер на годината спот „Гардијан“

Весникот „Гардијан“ ги избра најдобрите за 2023 година

Во очекување на изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) на 15 јануари, одредени медиуми индивидуално ги избраа најдобрите фудбалери за годината која изминува.

Британскиот весник „Гардијан“ за фудбалер на годината го прогласи норвешкиот репрезентативец и напаѓач на европскиот и светски првак Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Џуд Белингем од Реал Мадрид и Французинот Килијан Мбапе од ПСЖ завршија на второто и третото место. Хари Кејн и Родри завршија на четвртото и петтото место.

Добитникот на „Златната топка“, Лионел Меси заврши на десеттото место, додека Кристијано Роналдо на 27. место.

Гласовите од жири-комисија во која биле вклучени 218 лица го издефинираа изборот за 2023 година.


Јагањаџ сериозно се повреди, го чека нова долга пауза

Поранешниот ракометар на Металург и актуелен член на Рајн Некар Левен, Халил Јагањац, годинава нема да ја памети по добро.

Хрватскиот репрезентативец поради честите повреди никако не може да го покаже својот голем потенцијал во најсилната лига на светот.

Левиот бек, кој имаше две операции на рамото, доживеа нова повреда, не толку опасна, откако на тренинг се здобил со фрактура на јаболчната коска. Сега Јагањац ќе мора на нова операција и нова пауза од ракометните терени.

Хрватот го пропушти Светското првенство во Полска и Шведска и нема да настапи ниту на континенталниот собир во јануари


Милан очајно бара дефанзивец, Кимпембе прва опција

Милан се соочува со голем број на повреди од почетокот на сезоната, а најсериозна е ситуацијата во одбраната. На последниот натпревар против Салернитана се повреди и Томори, кој во следните два месеци ќе биде надвор од терените.

Во моментов скоро целата одбрана на „росонерите“ е повредена, па на Милан му е прекупотребен стопер во зимскиот преоден рок.

Клубот веќе почна да разгледува неколку имиња, а најголема желба е дефанзивецот на ПСЖ, Преснел Кимпембе.


Атлетико инсистира да го продаде, а не да го позајми Феликс

Атлетико Мадрид сака да заработи од Феликс кој нема желба да се врати во Мадрид.

Феликс нема намера да се врати во Мадрид, каде што не сака да игра, додека од друга страна во Барселона се уште не се сигурни дали сакаат да го задржат, бидејќи Чави не е баш заинтересиран за Португалецот додека претседателот Жоан Лапорта нема ништо против Феликс да остане во тимот.

Атлетико и постави ултиматум на Барселона доколку сака да го задржи во своите редови да плати 15 милиони евра со задолжителен откуп.

Португалецот од почетокот на сезоната постигна осум гола


Реал го враќа Тео Хернандез следното лето

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандез, пренесуваат шпанските медиуми.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па Реал сака да си ја поправи грешката.

Милан пред неколку сезони го купи за 20 милиони евра, а Реал сега е спремен да понуди 60 милиони евра плус бонуси.

Анчелоти е во потрага по квалитетен лев бек и прва желба е Алфонсо Дејвис, но бидејќи тој трансфер е тежок за реализација сега „кралевите“ ќе се насочат кон Тео Хернандез.