фудбал

Милан го продолжи договорот со Бенасер

Калчолигашот Милан објави дека официјално го продолжи договорот со фудбалерот Исмаел
Бенасер.
Новиот договор со алжирскиот фудбалер е со важност до 2027.година. Тој ќе заработува по 4,2
милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси. Од 2024 година ќе стане активна и откупната
клаузула за фудбалерот која ќе биде во износ од 50 милиони евра.
Бенасер е играч на „росонерите“ од 2017.година кога беше доведен од Емполи за сума од 17
милиони евра.


Почетино спремен да го преземе Челзи ако Потер добие отказ

Поранешниот менаџер на ПСЖ и Тотенхем, Маурисио Почетино е
подготвен да го преземе Челзи. Според „Сан“, 50-годишниот
фудбалски стручњак не би имал ништо против да стане селектор на
лондонскиот тим доколку управата го отпушти Греам Потер и го
повика на тренерската позиција.
Потер стана менаџер на Челзи во септември 2022 година. Во
натпреварот од третото коло од ФА Купот, тимот беше поразен од
Манчестер Сити (0-4) и е елиминиран од турнирот. Во Премиер
лигата „сините“ се на 10. место во Премиер со 25 бода од 17
натпревари.
Последното место на работа на Покетино беше ПСЖ. Тој беше
отпуштен од функцијата главен тренер на тимот во јули 2022 година.


Меси доби неморална понуда од Ал Хилал

Лионел Меси може да му се придружи на Кристијано Роналдо во
првенството на Саудиска Арабија.Според „Мундо Депортиво“, Ал-
Хилал сака да го ангажира напаѓачот на ПСЖ и е подготвен да понуди
плата од 300 милиони долари годишно. Значителен дел од оваа сума
ќе биде издвоен од државната каса. Договорот на Аргентинецот со
неговиот сегашен клуб е пресметан до крајот на оваа сезона. ПСЖ е
во преговори за продолжување.
Да потсетиме дека претходно Кристијано Роналдо се пресели во Ал-
Наср кој е главен ривал на Ал-Хилал во Саудиска Арабија.
Саудијците се надеваат дека потпишувањето на двајца играчи од оваа
големина значително ќе го зголеми интересот за лигата, а тоа, пак, ќе
ги зголеми шансите на земјата да биде домаќин на Светското
првенство во 2030 година.


Тео Хернандез не мрда никаде од Милан, тоа е идеалниот клуб за него

Мануел Гарсија кој му е агент задолжен за трансфери на Тео Хернандез, вели дека левиот бек може да остане до крајот на кариерата во редовите на Милан.

„Секој фудбалер има тим што му одговара. Откако Тео дојде во Милан, се чувствува сакан од сите навивачи и целата околина. Тоа беше совршена комбинација“, вели Гарсија.  

25-годишниот француски интернационалец ги брани боите на „росонерите“ од 2019 година. Досега има одиграно 113 мечеви и постигнато дваесет голови.


Амрабат сака да игра за Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Фиорентина,  Софијан Амрабат, има желба да се пресели во Атлетико Мадрид иако за неговите услуги се заинтересирани англиските гиганти, Ливерпул и Тотенхем.

Репрезентативецот на Мароко кој имаше одлични настапи на Мундијалот во Катар, сака да работи под диригентската палка на Диего Сиемоне.

Договорот на Амрабат со „виолетовите“ е до јуни 2024 година. Во него има опција за продолжување за уште една година.


Скалони верува дека Меси ќе игра и на следното Светско првенство

Лионел Скалони не ја исклучува можноста Лионел Меси да учествува на Светското првенство 2026 година.

Меси има 35 години и сигурно ќе му биде тешко да истане на врвот, меѓутоа соиграчите како и селекторот Скалони се надеваат дека ќе биде достапен и за СП во САД, Мексико и Канада.

„Мислам дека Меси може да стигне до следното Светско првенство. Многу ќе зависи од тоа што сака, од тоа дали се чувствува добро. Вратите секогаш ќе бидат отворени. Но, тој е среќен на теренот и би било многу убаво за нас“, порача Скалони.

Меси ја однесе Аргентина до врвот на светот на Мундијалот во Катар, а тоа беше негов петти настап на Светските првенства.


Чави го враќа Обамејанг на „Камп Ноу“?

Пјер Емерик Обамејанг ова лето пристигна во Челзи од Барселона, но набрзо може да направи нов трансфер.

Тој дојде во Челзи по барање на Тухел и не добива голема минутажа кај Потер, па сака во јануари да ја промени средината. Шпанските медиуми пренесуваат дека Обамејанг стапил во контакт со Чави и сака да се врати во Барселона.

Каталонците се отворени повторно да го доведат на „Камп Ноу“, но неможат да прават трансфери во јануари поради финансискиот фер-плеј.

Раководството на клубот испратило барање до Ла Лига дали ќе му биде дозволен трансфер на Обамејанг доколку се ослободат од Мемфис Депај или Франк Кеси, па така да отворат простор за неговата плата.


Конте не го пушта Пепе Сар во Салернитана

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, нема да го пушти  20-годишниот фудбалер Папе Сар да си замине во зимскиов трансфер период, објави денес „Скај спорт Италија“.  

За играчот од средниот ред е заинтересирана италијанската Салернитана која има намера да го земе на позајмица.

Репрезентативецот на Сенегал во изминатиот месец забележа три настапа во сите натпреварувања – два во Премиер лигата како замена и еден во ФА Купот како стартер.


Емери го носи својот миленик Гендузи на „Вила парк“

Играчот за врска на Олимпик Марсеј, Матео Гендузи е голема трансфер цел на Астон Вила.

Раководството на Марсеј потврди дека пристигнала понуда од англиски клуб и дека ја разгледува. Гендузи играше во Арсенал и добиваше голема минутажа кај Унаи Емери, а кога Шпанецот замина тој се пресели во Марсеј.

Гендузи игра одлично во Марсеј и доби повик за Светското првенство, а Емери сака повторно да го има во својот тим.

Самиот играч дал согласност за трансферот, па сега треба да се договорат двата клуба.


Меси се израмни со Роналдо

Аргентинецот Лионел Меси повторно заигра за својот клуб Париз Сен Жермен, после освојувањето на светската титула со својата репрезентација. Меси беше стрелец на гол во победата на ПСЖ од 2:0 над Анже. 

За најдобриот фудбалер на Мундијалот во Катар, овај гол беше 696 кој го постигнал за екипи од петте најдобри лиги. Со оваа бројка, Меси се изедначи со Кристијано Роналдо.

Меси во кариерата има постигнато 672 гола во дресот на Барселона, а 24 за ПСЖ. Роналдо има дадено 145 гола за Манчестер Јунајтед, 450 за Реал Мадрид, и 101 во дресот на Јувентус.