фудбал

Тасоти: Милан е зависен од играта на Леао

Рафаел Леао е еден од најважните, клучните играчи на Милан, но тој често знае да се изгуби во одредени периоди од сезоната, да не биде на посакуваното ниво, но никогаш не му се случило да остане без првотимски статус, поточно да не биде стартер.

Мауро Тасоти е легенда на „росонерите“, скоро две децении го носеше дресот на истиот, а потоа долго време работеше како тренер, скаут, привремено решение во таборот на италијанскиот великан, па така според него оваа ситуација е неповолна за сите страни.

Милан не може без него, тој е премногу важен за тимот. Не ја знам ситуацијата внатре, но да го задржам на клупата како казна е една работа, но ако Леао остане надвор поради технички избор, тогаш нешто не е во ред. Ако имате одличен играч во вашиот тим, треба да го ставите во состојба да го изрази најдоброто од себе. Во ред е да се прават ротации на моменти за да се поттикне да биде подобар, но без да дојде до мазохизам.

Да бидам фер, очекував да го видам како стартер против Наполи. Тој сигурно би создал опасности на левата страна, можеби од некој друг би можело да се побара жртва да покрива. Мората веќе трча како очаен. Леао секогаш имаше одлични партии против Наполи, ако се чувствува добро, треба да го држите на теренот што е можно подолго. Ако тој не е фит, тоа е друга работа. Но, тој е најсилниот играч во тимот, ако може, мора да игра. Можеше да ја искористи својата брзина [против Наполи]. Според мене, тој треба да го прави тоа уште повеќе, особено кога ја нема топката.

Рафа на моменти претерува, многу бавно ја враќа топката со висната глава: тоа е досадно за навивачите. Тоа може да додава побрзо и со поинаков став, но да го убедите да ги прави работите на одреден начин е во рамките на задачите на менаџерот. Соиграчите исто така можат да го туркаат и тој ќе разбере порано или подоцна, бидејќи не е глупав. Очекував поголема хармонија меѓу двајцата [Леао и Фонсека], мислев дека врската ќе биде полесна бидејќи зборуваат на ист јазик, – порача Тасоти за „Газета Дело Спорт“.


Сане се враќа во Англија, Арсенал фаворит за неговиот потпис

COPENHAGEN, DENMARK – OCTOBER 3: Leroy Sane of Bayern Munich looks on during the UEFA Champions League match between F.C. Copenhagen and FC Bayern Munchen at Parken Stadium on October 3, 2023 in Copenhagen, Denmark. (Photo by Sebastian Frej/MB Media/Getty Images)

Арсенал е заинтересиран за германскиот фудбалер Лерој Сане, објави во денеска весникот „Билд“.

Според истиот извор, крилниот напаѓач на Баерн Минхен е вклучен во листата на потенцијални трансфери на лондонскиот тим, а тренерот Микел Артета има искуство од соработката со Сане во Манчестер сити.

Актуелниот договор на Сане со клубот од Минхен е до лето 2025 година.

Според Билд, раководството на Баерн од своја страна напорно работи на продолжување на договорот со 28-годишниот Сане.


Критики од сите страни за бојкотот на Реал Мадрид на церемонијата на „Златната топка“

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, го критикуваше денеска Реал Мадрид поради бојкотирањето на церемонијата за доделување на „Златната топка“.

Актуелниот европски шампион одби да присуствува на гала церемонијата која се одржа во понеделникот вечер во Париз, откако клубот дозна дека главната награда ќе ја освои играчот од средниот ред на Манчестер Сити и Шпанија, Родри.

Во последните недели пред доделувањето на Златната топка. Винисиус, една од ѕвездите на Реал Мадрид, важеше за главен фаворит за наградата.

Реал ја освои наградата за најдобар клуб во 2024 година, додека стратегот на шпанскиот шампион Карло Анчелоти го доби признанието за најдобар т.

„Реал Мадрид не покажа џентлменски менталитет, нивниот однос не ме изненади. Тие добија две почести и нивната позиција е неразбирлива“, изјави Тебас.


Атлетик Билбао инсистира на нов договор со Нико Вилијамс

Атлетик Билабо ќе започне итни преговори со ѕвездата на тимот, Нико Вилијамс. Шпанскиот репрезентативец беше дел од една од трансфер сагите на летото, но на крајот остана во баскискиот клуб.

За него имаше многу сериозен интерес од Барселона, но договорот никогаш не се оствари.
Се очекува на лето Барселона да тргне во нова офанзива за Вилијамс, па токму поради оваа причина Атлетик Билбао ќе се обиде да му понуди нов договор на својот играч со значително зголемена откупна клаузула.

Во моментов таа е со износ од 60 милиони евра, што не би било проблем за голем број европски гиганти. Интерес за Вилијамс има и од неколку англиски клубови.


ПСЖ влегува во трка за Александер-Арнолд

Реал Мадрид ќе има многу силна конкуренција во обидот да го привлече дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.

Според информациите на шпанското издание „Спорт“, францускиот гигант Пари Сен Жермен по завршувањето на сезоната ќе наддава за англискиот интернационалец.

Како што е познато, договорот на Арнолд со Ливерпул истекува на крајот од актуелната сезона, а во моментов дефанзивецот одбива да започне преговори за негово обновување со „црвените“.

Блиски извори до Реал тврдат дека токму англискиот интернационалец ќе биде приоритетна мета на „кралевите“ на лето.

Доколку Ливерпул не успее да го задржи Трент Александер-Арнолд, тогаш неговиот трансфер од Енфилд ќе биде бесплатен, тоа не значи дека клубот кој го привлече нема да мора да плати сериозна сума на пари.


Клоп: Не сакам играчи како Рамос во моите екипи

Јирген Клоп гостуваше во подкастот на Тони Крос, до неодамна менаџерот на Ливерпул зборуваше за легендата на Реал, Серхио Рамос. Клоп искрено кажа дека како личност Рамос не му се допаѓа.

Глобален шеф на фудбалот во Ред Бул, Јирген Клоп, не го заборава финалето на Лигата на шампионите во 2018 година во кое го предводеше тимот на Ливерпул против Реал и го загуби натпреварот (3:1) . Според многумина, потегот на Рамос во првиот дел го решил победникот. Тогаш, според многумина со намера, Рамос го повреди најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах.

„Ако погледнете повторно, а не сте навивач на Реал, ќе видите дека тоа беше непромислено и брутално. Ако ги ставите сите постапки на Рамос на куп, а јас гледам фудбал од пет годишна возраст, ќе видите што направи“, рече Клоп и додаде: „Требаше таа ситуација подобро да се погледне. Сигурен сум дека Мо немаше да биде повреден во слична ситуација. Не сум сигурен дека нешто слично повторно ќе видиме. Рамос со лакт го удри голманот, со боречки зафат исфрли прптивник, а потоа излезе како победник од натпреварот. Рамос кажа многу работи што не ми се допаднаа. Не ми се допаѓаат неговите реакции“, рече Клоп и дополни.

„Дали навистина е добар човек? Не го разбирам тој менталитет, никогаш не сум тренирал такви играчи. Кога ги имав, се погрижив да си заминат”, откри Клоп.

„Серхио е добар соиграч“, одговори Крос и додаде дека не се согласува со сите потези на шпанскиот стопер.


Тиаго Мота: Мораме да бидеме поагресивни во одбраната

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, по вчерашното реми со Парма во 8 коло во италијанскиот елитен шампионат, вели дека на неговиот тим му недостасува рамнотежа на теренот.

„Треба да играме поагресивно. Дозволивме Парма да создаде многу шанси преку контра-напади. Сакаме да го наметнеме нашиот стил“ – вели тренерот на „старата дама“. Направивме технички грешки а Парма само чекаше да не казни. Мораме да бидеме максимално активни во обидот да ја вратиме топката“, нагласи Мота.


Вини ги прекина преговорите за нов договор со Реал

Винисиус Жуниор со своите партии во Реал Мадрид се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во светот.

Тој има договор со Реал до јуни 2027 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.

Според шпанскиот спортски портал „Релево“, мадридскиот клуб иницирал контакти со застапниците на 24-годишниот Бразилец пред неколку месеци со цел да се разговара за продолжување на договорот.

Меѓутоа, после последните случувања околку „Златната топка“ менаџерите на фудбалерот ги прекинале преговорите.


Слот го фали Гакпо: За мене тој е сигурен стартер во Ливерпул

Ливерпул успеа да се пласира во четвртфиналето на англискиот Лига Куп и тоа откако го совлада Брајтон на негов терен со 3-2.

Клучна улога во овој триумф имаше холандскиот репрезентативец, Коди Гакпо кој постигна два гола во 46 и 63 минута, а по средбата менаџерот Арне Слот јасно порака дека тој сигурно ја има улогата на старер во екипата.

За мене Гакпо е редовен стартер. Тој е нашиот клучен играч. Можеби нема да го започне секој натпревар, но во најголем дел од времето ќе биде стартер, – рече Слот кој на таа позиција го има Луис Дијаз.

Тоа е жестока конкуренција меѓу Гакпо и Луис Дијаз. Ама тоа е нормално во клуб како Ливерпул, -истакна стратегот.

Премиерлигашот на другата страна како сигурно решение го има Мохамед Салах, додека некако најотворена е позицијата „девет“ затоа што освен Нуњез, тука е и Жота, а екипата може да игра и без класична деветка како што Арне играше на вчерашниот натпревар.


Џерард пред отказ во Ал-Етифак

Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, наводно ќе биде разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб на Ал-Етифак, откако синоќа беше елиминиран од второлигашот Ал Џебелеин во осминафиналето на Купот на Саудиска Арабија.

Клубот од Дамс рутински беше поразен на гостински терен од клуб од долната половина во вториот ранг на натпреварување во оваа земја, па поради тоа раководството е разочарано.

Колапсот во купот пристигна во Ал-Етифак како кулминација на катастрофалната форма на тимот на Џерард во се поконкурентниот шампионат, па би било изненадување ако англиската легенда остане на клупата.

Избраниците на Џерард последен пат славеа кон средината на септември, што е премалку за високите примања кои поранешниот фудбалер ги остварува на годишно ниво. Според медиумите платата на Џерард во Ал-Етифак е 15,2 милиони фунти.

Џерард пред да замине во Саудиска Арабија во летото 2023 година работеше во Астон Вила и Глазгов Ренџерс.