фудбал

Арсенал го продолжува договорот со Џака

Според пишувањата во англиските медиуми, фудбалскиот клуб Арсенал е блиску до продолжување на постоечкиот договор со Гранит Џака.

30-годишниот Швајцарец, има важечки договор со лондонскиот клуб до 2024.година, но има клаузула која му овозможува продолжување на истиот на уште една година. Тренерот на Арсенал, Микел Артета се надева дека клубот ќе го награди Џака за неговите одлични игри во досегашната сезона, и во трката за титула во Премеир лигата.

Одлуката за продолжување на договорот со Џака нема да ги поремети плановите на челниците на Арсенал за поднесување понуда од 80 милиони фунти за трансфер на Деклан Рајс од Вест Хем.


Пет клубови од Премиер лигата заинтересирани за Палиња

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Фулам, Жоао Палиња е трансфер цел на пет клубови од Премиер лигата.

27-годишниот Палиња е член на Фулам од минатото лето кога пристигна за сума од 20 милиони фунти. Тој со неговите одлични игри за тимот од „Крејвен котиџ“, го привлече вниманието од најдобрите тимови во Премиер лигата.

Информациите велат дека Манчестер Јунајтед , Њукасл, Ливерпул, Арсенал и Челзи се заинтересирани за доведување на португалскиот играч од средината на теренот.

Како единствена пречка за трансфер на Палиња во некој од наведените клубови е неговиот актуелен договор со Фулам кој е со важност до 2027.година.


Челзи и Њукасл посакуваат ангажман на Рафиња од Барселона

Клубовите од Премиер лигата, Челзи и Арсенал, се во трка по потписот на крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња.

26 годишниот бразилски интернационалец минатото лето направи трансфер од Лидс Јунајтед во Барселона за сума од 55 милиони фунти.

Рафиња има значајна улога во игрите на каталонците оваа сезона, меѓутоа поради пробелмите со финансиите и средување на паричниот баланс, челниците на клубот планираат продажба на Бразилецот.

Според англискиот Дејли Мејл, Челзи и Њукасл во Рафиња гледаат одлична солуција за засилување на нападот на овие тимови, и нахверојатно во летниот трансфер период ќе испратат официјални понуди за купување на фудбалерот.


Најдобриот фудбалер на Атлетик Билбао се сели на „Камп Ноу“

Барселона постигнала договор со дефанзивецот на Атлетик Билбао, Иниго Мартинес, пренесува „Спорт“.

Дефанзивецот беше трансферна цел на Барселона и минатото лето, но трансферот не се реализираше бидејќи Каталонците успеаа да го договорат Жил Кунде. Меѓутоа, Чави не се откажува од Мартинес и сака да го доведе на „Камп Ноу“ по завршување на сезоната.

Мартинес на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а последните информации се дека Барселона постигнала договор со неговиот агент.

Дефанзивецот ќе пристигне на „Камп Ноу“ без обештетување и ќе биде прво засилување за каталонскиот гигант.


Линделоф од Манчестер Јунајтед е замената за Шкрињар во Интер

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.

Шкриниар заминува како слободен агент, Де Врај исто така е на излезна врата, па „нероаѕурите“ сакаат да доведат најмалку еден квалитетен дефанзивец. Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека на врвот на списокот желби се наоѓа дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф.

Јунајтед ги одбил сите понуди за трансфер на 28-годишниот шведски репрезентативец во зимскиот преоден рок, но е спремен да го пушти на лето.

Договорот на Линделоф истекува во јуни 2024 година, а Интер е спремен да понуди 15 милиони евра за неговиот потпис.


Реал ќе го замени Анчелоти со Раул

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалез, кој моментално е на чело на Реал Кастиља, вториот тим на Реал Мадрид, би можел да стане тренер на првиот тим по заминувањето на Карло Анчелоти, објави „АС“.

Според изворот, работата на Раул како главен тренер на Реал Кастиља предизвикала интерес кај екипи од Премиер лигата, Германија, како и Реал Мадрид. Раул е сериозна алтернатива на Анчелоти, чиј договор со Реал Мадрид истекува во 2024 година.

Реал Мадрид го смета Раул како главен кандидат за замена на Анчелоти. Забележано е и дека фактот што Раул го тренира резервниот тим на Реал Мадрид ја смирува управата на клубот во случај Анчелоти да одлучи да ја води бразилската репрезентација.

По 25 кола од шампионатот на Шпанија Реал го зазема второто место на табелата со 56 бодови.


Тебас: Во Шпанија само Реал може да си го дозволи Мбапе

Хавиер Тебас ги коментираше шпекулациите околу можниот трансфер на напаѓачот на Пари Сен Жермен – Килијан Мбапе, во шпанското првенство.

„Од Реал Мадрид зависи што ќе понуди. Ова е единствениот тим кој може да ги исполни неговите барања. Би сакал Мбапе да биде во Реал Мадрид бидејќи овој клуб игра во нашата лига“, рече Тебас, во изјава за шпанскиот весник „АС“.

Килијан Мбапе е во Пари Сен Жермен од 2018 година и неговиот договор е до 2025. Фудбалерот веќе беше блиску до преселба во Реал Мадрид, но тогаш напаѓачот се одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ. Мбапе оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 31 гол и 8 асистенции.


Барса ќе отпочне преговори со Мароканецот Амбрабат

Барселона и понатаму е заинтересирана за трансфер на играчот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабат, пренесува италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо.

Каталонците ќе се обидат да го ангажираат 26-годишниот фудбалер на лето, но би можеле да се соочат со проблеми поради правилата за финансискиот фер-плеј. Амрабат сака да игра за клуб од Ла Лига, но финансиската состојба на Барселона најверојатно ќе биде голема пречка за тоа. Каталонците се обидоа да го земат Амрабат на позајмица до крајот на сезоната, но Фиорентина одби да го пушти играчот од средниот ред да замине бидејќи размислуваат да го продадат наместо да го позајмат.

Актуелниот договор на Амрабат со „виолетовите“ е до летото 2024 година. Цената на мароканскиот интернационалец е 25 милиони евра. Играчот од средниот ред во својата кариера настапуваше за Верона, Клуб Бриж, Феенорд и Утрехт. Во тековната сезона Амрабат има одиграно 35 натпревари за италијанскиот клуб во сите натпреварувања.


Милитао: Ливерпул има одличен тим, не сакаме никакво изненадување во Мадрид

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао, во изјава за шпанските медиуми, ги повика соиграчите на внимание пред реваншот во осминафиналето од Лигата на шампионите со Ливерпул.

Реал во првиот натпревар забележа победа на Енфилд со 5:2, иако домаќините поведоа на дуелот со 2:0.

„Натпреварот во Ливерпул има големо значење за мене бидејќи победивме со 5:2, а јас постигнав и гол. Меѓутоа Ливерпул има добар тим со одлични поединци, и не сакаме да има изненадувања во Мадрид“, истакнува Милитао.

 Реал Мадрид пред два дена во Ла Лига забележа победа против Еспањол, додека Ливерпул во Премиер лигата на изненадување беше поразен од Бурнмаут.


Распродажба на играчи во Челзи

Премиерлигашот Челзи во изминатите два преодни рока потроши околу 600 милиони евра на нови засилувања, но според објавите од медиумите клубот во иднина ќе стави на продажба голем број на играчи.

Информациите велат дека на листа за продажба се ставени дури 12 играчи кои на крајот од сезоната ќе треба да го напуштат клубот.

Според планот, Челзи очекува од продажбата да заработи најмалку 260 милиони евра, а играчи кои ќе се најдат на трансфер листа се: Матео Ковачиќ, Мејсон Маунт, Цезар Аспиликуета, Рубен Лофтус-Чик, Кристијан Пулишиќ, Бен Чилвел, Конор Галагер, Хаким Зијеш, Армандо Броја, Каи Хаверц, Рахим Стерлинг и Пјер-Емерик Обамејанг.

На голем број од наведените фудбалери, договорите со клубот им истекуваат во јуни 2024.година.