фудбал

Модриќ налето го напушта Мадрид?

Медиумите во Шпанија наведуваат дека ветеранот, Лука Модриќ, веројатно нема да добие продолжување на договорот кој ќе му истече во текот на летото.

Наводно, првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, има намера да направи голема реконструкција и да се ослободи од Хрватот кој наскоро ќе наполни 38 години.

Модриќ кој го облече дресот на Реал Мадрид во 2012 година, успеа да освои пет пехари во Лигата на фудбалските шампиони.


Анчелоти: Бензема ќе биде подготвен за Ливерпул

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, изјави дека најдобриот напаѓач во тимот Карим Бензема поради повреда на скочниот зглоб ќе го пропушти дуелот во Пример со Еспањол, меѓутоа би требало да биде подготвен за натпреварот со Ливерпул во ЛШ.

Бензема поради повреди, оваа сезона има пропуштено 12 натпревари на Реал Мадрид, но го пропушти и Мундијалот во Катар.

„Кралскиот клуб“ во среда го очекува реванш натпревар против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот дуел меѓу двете екипи се одигра на „Енфилд“ каде Реал славеше со 5:2.


Барса се вклучи во трката за Жоао Кансело

Жоао Кансело поминува низ проблематичен период во неговата кариера. Кансело важи за еден од најдобрите десни бекови во светот, но веќе и се забележува дека има проблеми кога не успеа да се избори за место во стартниот тим, ниту кај Гвардиола во Сити, ниту кај Нагелсман во Баерн.

Добро му одеше на Кансело во Сити, меѓутоа во еден период Гвардиола почна да го остава на клупата за резерви. Сепак, изненадување беше неговата позајмица во зимскиот преоден рок. Португалецот си замина затоа што не сакаше да биде резерва. Дојде во Баерн кој има опција да го откупи за 70 милиони евра, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Сити од друга страна е одлучен да се ослободи, но Баерн не сака да го откупи, па вратата ја отвори Барселона. Лапорта е во добри односи со Жоао Мендеш кој го застапува Кансело и тоа би можело да биде клучно во реализацијата на трансферот. Барса има финансиски проблеми, но не е невозможно да го доведе прво на позајмица со право на откуп.

Сепак, каталонските медиуми денес пренесуваат дека за воопшто да дојде трансфер Барселона сака Кансело да помине одредени психолошки тестови. Во клубот сметаа дека во главата на Кансело има одредени „блокади“ кои не треба да ги има кај еден професионален фудбалер на тоа ниво.


Баерн нема да се вклучи во наддавање за Хари Кејн

Баерн Минхен нема да влезе во трката за потписот на Хари Кејн, иако медиумите тврдеа дека Баварците се најсериозен кандидат.

Ули Хенес во разговор со „Скај Спорт“ истакна дека баварскиот гигант не планира да плати 100 милиони евра за услугите на англискиот репрезентативец. Кејн сака да си замине следното лето од Тотенхем затоа што сака да игра за клуб каде ќе освојува титули.

„Јас можеби би сакал Баерн да плати 100 милиони евра за фудбалер, но тоа е невозможно. Кејн има речиси 30 години. Тотенхем лани за него одби 160 милиони евра од Манчестер Сити“, вели Хенес.

Во моментов како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Манчестер Јунајтед, кој наводно е спремен да ја плати споменатата сума.


Јунајтед застана во редот за Пауло Дибала

Пауло Дибала може да ја напушти Рома на лето и да се пресели во Манчестер Јунајтед и тоа за „смешна“ сума.

Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра. 29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и е најдобар поединец во тимот.

Оваа сезона „Волчицата“ не игра во Лигата на шампиони и ако не обезбеди пласман за следната сезона, Дибала ќе сака да ја промени средината.

Клубовите од Премиер лигата ја следат ситуацијата, а најсилен интерес покажува Манчестер Јунајтед.


Интер го враќа Скамака во Серија А

Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Џанлука Скамака, кој настапува за англискиот Вест Хем, може да добие понуда во текот на летото да се врати во татковината.

Наводно, челниците на Интер се заинтересирани за 24-годишниот напаѓач бидејќи на Един Џеко набрзо ќе му истече договорот а Ромелу Лукаку не е сигурен дали ќе остане во клубот.

Скамака кој има одиграно девет мечеви за селекцијата на „аѕурите“,  има договор со популарните „чекани“ до 2027 година.


Јуве го враќа Пакета во Серија А

Лукас Пакета на лето би можел да се врати во Серија А, после кратката епизода во Милан.

Пакета блесна во дресот на Лион и ова лето направи трансфер во Вест Хем за 50 милиони евра. Меѓутоа, Бразилецот се вклопи во сивилото на „чеканите“ кои имаат лоша сезона и се борат за опстанок во Премиер лигата.

Поради тоа сака да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Јувентус.

Тренерот Алегри е голем симпатизер на неговите квалитети, а „бјанконерите“ се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис.


Њукасл нема да жали пари да го доведе Рафиња

Екипата на Њукасл која се бори за место во најдобрата четворка во Премиер лигата а со тоа и за виза за Лигата на шампионите, сака да се засили со Рафиња кој настапува за составот на Барселона.

Богатите сопственици на англискиот тим не се откажуваат од идејата да го ангажираат 26-годишниот Бразилец, кој пак, не е стартер во тимот на Чави.

Рафиња има одиграно 36 мечеви во сите конкуренции. Тој постигна 8 голови и направи 9 асистенции. Се очекува понудата на Њукасл да биде околу 50 милиони.


Невил: Меси во МЛС би бил историски трансфер

Тренерот на фудбалскиот клуб Интер од Мајами, Фил Невил, изјави дека евентуалното доаѓање на Лионел Меси во неговиот клуб и МЛС лигата би било „најголемото засилување во историјата“.

Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ е силно поврзуван со преселба во САД после истекот на неговиот договор со Париз Сен Жермен ова лето.

Ако се пресели во МЛС, Меси ќе ги следи стапките на ко-сопственикот на Мајами, Дејвид Бекам, Андреа Пирло и Стивен Џерард, иако тој сигурно би предизвикал појаки реакции кај јавноста со оглед на својата огромна популарност.

Тренерот на Мајами, Невил верува дека тоа би било потпис како ниеден друг: „Мислам дека ова би било најголемо засилување во историјата на клубот и лигата“.


Антонио Силва од Бенфика на мета на богатите премиерлигаши

Европските гиганти веќе подолго време го следат развојот на талентот на Бенфика, Антонио Силва.

Скаутите на европските гиганти се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина. Станува збор за 18-годишен централент дефанзивец, кој игра фантастично оваа сезона. Посебно импресионираше на мечот против ПСЖ каде имаше задача да го чува Меси.

Силва веќе дебитираше за португалската репезентација, а интерес за него покажуваат Реал Мадрид, ПСЖ и клубовите од Премиер лигата.

Медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед и Ливерпул на лето ќе водат голема битка за неговиот потпис, но Бенфика нема лесно да се откаже од својот „бисер“.