фудбал

Ричарлисон: И самиот не би се повикал во репрезентацијата

Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон не беше повикан во репрезентацијата на Бразил за претстојните ноемвриски натпревари во квалификациите за Мундијалот 2026 година. Повремениот селектор, Фернандо Диаз кој е привремено решено го изостави од списокот.

Самиот Ричарлисон реално и искрено ја прокоментираа таа одлука, истакнувајќи дека е свесен за својата лоша форма.

„Секако дека бев тажен кога дознав дека не сум на списокот. Но го разбирам Диниз, доколку бев на негово место и јас не би се повикал. Не бев во форма. Секако дека напредував во последните неколку натпревари, но се уште е долг патот да го облечам дресот на репрезентацијата“, изјави Ричарлисон.

Од почетокот на сезоната, Ричарлисон постигна два гола и три асистенции, сметајќи ги сите натпревари.


Сити е „машина“ за офанзивен фудбал: Никој порано не стигнал до 250 гола во ЛШ

Манчестер Сити го постигна својот 250. гол во најпрестижното натпреварување во европскиот куп во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите со Јанг Бојс (3-0). За да дојде до оваа бројка на постигнати голови, на Манчестер Сити му беа потребни да одигра 119 натпревари – помалку од кој било друг тим.

Актуелниот победник во Лигата на шампионите синоќа го совлада Јанг Бојс со 3-0, а по овој натпревар од четвртото коло во групната фаза, тимот на Пеп Гвардиола освои 12 поени и се пласираше во плејофот од Лигата на шампионите на две кола пред крајот натпреварите од оваа група.

Манчестер Сити на крајот на ноември ќе игра против Лајпциг во натпреварот од 5. коло, а кон средината на декември ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза – против Црвена звезда. 


Пепе го сруши рекордот на Тоти, стана највозрасен стрелец во ЛШ

Фудбалерите на Порто победија со 2:0 против Ројал Антверпен, а на тој меч легендарниот Португалец Пепе испиша историја.

Во судиското надополнување, Франциско Консеикао нафрли во шеснаесетникот, а Пепе погоди за конечни 2-0. Така со 40 години и 254 дена стана најстариот фудбалер кој постигнал гол во Лигата на шампионите.

Претходен рекордер беше Италијанецот Франческо Тоти, кој во 2014 година постигна гол во најсилното европско натпреварување со 38 години и 59 дена.


Ибра се врати во Милан, но сега во нова улога

Италијанските медиуми од претходно најавуваат враќање на Ибрахимовиќ со некоја функција во клубот, a сега Швеѓанецот веројатно и го најави со мистериозна порака на социјалните мрежи.

Работата би требало да е веќе договорена, а тоа може да се претпостави по објавената фотографија на Ибрахимовиќ на која напиша: „тик-так, тик-так“. Ова фановите го протолкуваа како одбројување до официјалната објава за негово враќање.

Најавите на медиумите се дека Ибрахимовиќ ќе добие улога во спортскиот дел на клубот, официјална потврда се очекува да има во наредните денови.


Пеп загрижен: Стоунс и Аканжи се повредија на дуелот со Јанг Бокс

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Џон Стоунс заработи нова повреда на вчерашниот натпревар со Јанг Бојс (3-0). Англискиот репрезентативец ги пропушти првите седум натпревари сезонава поради повреда на бутот, а вчера заработи повреда на мускулот која според Пеп Гвардиола ќе го оддалечи извесно време.

На натпреварот против Јанг Бојс повреда заработи и Мануел Аканжи.

„Ману има проблем со грбот. Се надеваме дека проблемот не е премногу голем и дека ќе биде подготвен за недела. Жал ми е за Џон Стоунс бидејќи тој е неверојатен професионалец и неговото отсуство ќе биде голема загуба. Тој е многу важен, но ќе се опорави и ќе се врати посилен“, коментираше Гвардиола.

Манчестер Сити влегува во многу важен период, во кој на „граѓаните“ им претстојат натпревари против Челзи, Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила во Премиер лигата, како и меч со РБ Лајпциг.


Португалецот Нуно доби отказ од кормилото на Ал-Итихад

Нуно Еспирито Санто повеќе не е тренер на Ал-Итихад. Клубот од Саудиска Арабија му врачи отказ на португалскиот стручњак поради незадоволителни резултати.

Во националното првенство, Ал-Итихад исто така не игра според очекувањата и е без победа во 5 последователни натпревари, се наоѓа на шестото место на табелата. Еспирито Санто минатата сезона го предводеше Ал-Итихад до титулата во Саудиска Арабија.

Во летото клубот донесе ѕвезди како Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо, но тие играат далеку од очекуваното, а со тоа и резултатите не се как што очекуваше раководството на клубот.


Камавинга доби договор до 2029 година во Мадрид

Реал Мадрид и Камавинга денеска ја потврдија најавената
долгогодишна соработка. Како што објави клубот, Реал се договори со
Французинот за продолжување на договорот до 30 јуни 2029 година.
Со само 20 години, Камавинга веќе одигра 114 натпревари во дресот
на Реал Мадрид, а беше и номиниран за „Златното момче“ во 2021 и
2022 година, како и за трофејот Копа во 2022 и 2023 година.


Руни призна дека се однесувал како алкохоличар: Пиев додека не се онесвестам!

Вејн Руни ќе остане запаметен како еден од најдобрите голгетери на Англија и Манчестер Јунајтед, но на почетокот од кариерата пиел и прекумерно алкохол со цел да се справи со притисокот кој го носела славата.

Руни беше гостин во подкастот на поранешната рагби ѕвезди, Роб Бароу, а сега како тренер на Бирмингем зборуваше за тешкотиите и проблемите со кој се соочил низ текот на кариерата. Многу рано, уште на 16 години, Руни влезе во првиот тим на Евертон, додека една година подоцна стана и репрезентативец. Трансферот во Манчестер Јунајтед го направи на 20 години.

„Во раните 20-ти години моето ослободување беше од алкохоло. Ќе си одев дома и неколку дена немаше да излезам од срам. Пиев додека не се онесвестам, некогаш чувствувате дека ги изневерувате луѓето околу вас и јас поинаку не знаев да се справам со тој притисок“.

Денес Руни нема страв искрено да зборува за проблемите.

„Кога не прифаќаш помош, можеш да поминеш навистина лошо, јас бев таму неколку години. За среќа сега не се плашам да разговарам со луѓето за сите проблеми кои ги имам“, изјави Руни.


Германскиот бисер го бара половина Англија, Леверкузен бара сто милиони

Флоријан Виртц е желба на Челзи и Ливерпул, пишуваат англиските медиуми.

Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери. Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.

Оваа сезона Виртц на 15 настапи постигна 6 гола и запиша 9 асистенции, а интерес за него покажува и Баерн Минхен.

Двата англиски гиганти веќе работат на трансферот и се спремни дапонудат 100 милиони евра за неговиот потп


Постекоглу во проблеми, Ричарлисон мора на операција

По поразот од Челзи, тимот на Тотенхем доби уште една лоша вест. Бразилецот Ричарлисон ќе мора да оди на операција.

Освен што дефанзивците Ромеро и Удоги ќе бидат суспендирани, а повредени се уште Џејмс Медисон и Мик Ван Де Вен, сега на оваа листа се додаде и уште Ричарлисон.

„Претходните неколку месеци не беа лесни за мене, имав здравствени проблеми. По разговорот со докторите одлучив да одам на операција. Мислам дека е време за одмор“, порача Ричарлисон.

Бразилецот според најавите ќе биде надвор од теренот неколку месеци, па шанса веројатно ќе добие младиот Бренан Џонсон кој минатото лето пристигна од Нотингем Форест. Тотенхем во следното кол оод Премиер лигата в сабота од 13:30 часот му гостува на Вулверхемтпон.