фудбал

Манчестер Јунајтед му обезбеди на Тен Хаг 200 милиони фунти за засилувања

Англискиот „Мирор“ пишува дека челниците на Манчестер Јунајтед за својот иден тренер Ерик тен Хаг подготвиле околу 200 милиони фунти за летни трансфери на играчи. Според информациите, клубот ќе се обиде да го насочи вниманието кон иднината и наредната сезона, а не кон сегашните резултати на тимот.

Во екипата на Јунајтед летово се очекуваат големи промени. Играчи кои веќе со сигурност ќе заминат од клубот се Пол Погба, Немања Матиќ, Џеси Лингард, Едисон Кавани и Хуан Мата.


Гути: Рамос знае дека погреши што си замина од Реал Мадрид

Серхио Рамос направи грешка што го напушти Реал Мадрид во Пари Сен Жермен и тој самиот го знае тоа, според поранешниот играч од средниот ред на „белиот балет“, Хозе Марија Гутиерез-Гути.

„Рамос знае дека направи грешка што отиде предалеку во преговорите за нов договор со Реал. Мислеше дека со оглед на неговата кариера и достигнувања, Флорентино Перез ќе го направи она што го сака играчот. Но, тој не знае дека за претседателот, клубот е пред се. Во принцип, кога ќе се достигне одредена возраст, договорите на сите играчи таму се продолжуваат за една година, но Серхио не го сакаше тоа. Тој навистина е легенда на Реал и веројатно има право да се однесува така. Можеше да ја заврши кариерата во Реал, но не ја искористи шансата. И излезе од задната врата“, му рекол Гути на Ел Чирингито.

Дефанзивецот минатото лето го напушти „Бернабеу“ како слободен играч и се пресели во Пари Сен Жермен, но неговата игра се уште е многу ограничена поради повреди. Неговиот договор е до летото 2023 година.


Ако Милан се продаде, фондот од Бахреин ќе вложи 300 милиони евра во нови фудбалери

Милан би можел да биде продаден на инвестициската компанија Инвесткорп со седиште во Бахреин. Во овој случај, во летниот преоден рок, составот на италијанскиот клуб може значително да се засили, објави „Газета Дело Спорт“.

Според изворот, доколку клубот биде продаден на лето, Милан ќе се обиде да го ангажира играчот за врска на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, како и крилото Марко Асенсио и офанзивниот играч за врска Иско, кои играат за Реал Мадрид. Договорот на Рахим Стерлинг со Манчестер Сити истекува во летото 2023 година. Иско на крајот од сезоната би можел бесплатно да го напушти Реал Мадрид.

Претходно имаше информации и за интерес на Милан за Марко Асенсио. Според изворот, Милан би можел да добие околу 300 милиони евра за трансфери од новиот сопственик.


Сити ќе го купи Халанд, но ќе вметне интересна клаузула

Раководството на Манчестер Сити планира во договорот со Ерлинг Холанд да вклучи и посебна клаузула која ќе му овозможи да замине кога ќе посака во Реал Мадрид.

Клубот од Етихад верува дека за неколку дена ќе го договори трансферот на норвешкиот напаѓач. Тој биде најскапиот играч во Премиер лигата со плата од 500.000 фунти неделно.

Англискиот состав ќе и плати 64 милиони фунти на Борусија Дортмунд плус уште 40 милиони за провизии на агентот за трансфери, Мино Раиола и таткото на Халанд.


Аргентина и Бразил закажаа Суперкласико во Мелбурн

Светските медиуми објавија дека фудбалските репрезентации на Аргентина и Бразил ќе одиграат пријателски натпревар на 11 јуни во Мелбурн,Австралија.

Двете селекции се надеваат дека овој натпревар меѓу нив ќе заврши нормално, бидејќи последен пат кога се сретнаа во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во септември минатата година во Сао Паоло, мечот беше прекинат откако бразилските здравствени власти излегоа на теренот во обид за депортирање на четворица аргентински играчи обвинети за кршење на правилата за карантин околу коронавирусот.

Двете репрезентации се пласираа на Светското првенство во Катар, а прекинатиот натпревар не беше преигран.


„Лудница“ по влезници на навивачите на Рома

Италијанските медиуми известуваат дека симпатизерите на Рома направиле права хистерија околу набавката на влезници за полуфиналната пресметка во Лигата на конференциите против Лестер. Навивачите поднеле речиси 100.000 апликации за билети преку Интернет  за дуелот закажан за 5 мај во Рим.

 Продажбата на билетите започна денеска, а предност при набавката треба да имаат сопствениците на сезонски билети, од кои секој може да купи до три билети.

 „Олимпико“ ќе биде распродаден многу порано пред датумот на натпреварот, со што навивачите на Рома уште еднаш ќе ја покажат својата доверба во Жозе Мурињо и неговиот тим.


Ива Пројковска ќе суди на женското Европско првенство

Најдобрата македонскатa фудбалска судијка, Ива Пројковска, ќе биде дел од судиите кои ќе делат правда на натпреварите на Европско првенство во фудбал во женска конкуренција. Ова е големо признание за Пројковска, која во последно време е редовен дел од најголемите фудбалски настани кај дамите.

Пројковска ќе биде дел од списокот на елитни судии кои ќе судат на ЕВРО 2022 кое ќе се одржи од 6 до 31 јули во Англија.


Силекс и Македонија ЃП ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс и на Македонија Ѓорче Петров ќе играат во финалето на Купот на 20 мај на Арената во Скопје.

Кратовци во улога на бранители на пехарот успеаја во денешното полуфинале да го совладаат Пелистер во Битола со минимални 1-0 со голот на Каланоски во 36 минута. „Лавовите“ пак беа подобри изведувачи на пеналите на теренот на Струга и славеа со 4-2 откако во регуларниот дел мечот заврши без голови.

Силекс е трикратен освојувач на пехарот (1994, 1997 и 2021) додека Македонија Ѓорче Петров триумфираше во 2006 година.


Казнет судијата на шпанското дерби Севиља – Реал

Судиската комисија на Шпанската фудбалска федерација индиректно ги призна грешките на судијата на последниот натпревар помеѓу Севиља и Реал Мадрид – Гиљермо Куадра Фернандез. За казна, тој е отстранет од учество во меѓу-колото во Ла Лига. Судијата требаше да биде на ВАР на натпреварот меѓу Еспањол и Рајо Ваљекано во четврток, но неговото место ќе го заземе негов колега.

Битката на Рамон Санчез Писхуан во недела ќе биде запаметена со три многу контроверзни ситуации, во кои одлуките на Гиљермо Фернандез се чинеше дека не беа исправни. Во 18. минута гостите побараа пенал за играње со рака на Диего Карлос, но таков не беше досуден.

20 минути подоцна, судијата како да му одбрани црвен картон на играчот од средниот ред на Реал, Едуардо Камавинга. Во 74. минута при 2:1 во корист на Севиља, голот на Винисиус Јуниор не се броеше откако Фернандез реши дека напаѓачот игра со рака.

Овој судија е роден во Мадрид и оваа сезона одигра 12 натпревари за шпанската елита. Три од нив се со учество на „белите“ – против Леванте (3-3 во август), против Еспањол (пораз од 1-2 во октомври) и онаа со Севиља сега.


Гнабри и Баерн без договор: Репрезентативецот размислува за заминување

Баерн Минхен е блиску до продолжување на договорот со Милер и Ноер, но имаат потешкотии кога се во прашање договорите на Гнабри и Левандовски.

Медиумите тврдат дека Баерн нема да се согласи на зголемување на платата на Гнабри, што значи дека германскиот репрезентативец може да го напушти клубот.

Гнабри има договор со Баерн до јуни 2023 година, доколку клубот не го продаде ова лето, тогаш наредната година тој како слободен играч ќе замине од Минхен. Со актуелниот договор тој годишно заработува 8 милиони евра. Побарал неговата плата да биде иста како платите на Кингсли Коман и Лирој Сане, кои заработуваат двојно повеќе.

„Размислува за нашата понуда. Кога работите ќе станат јасни ќе ја известиме јавноста“, изјави Оливер Кан.