фудбал

Ламин Јамал изразмни децениски рекорд на Зидан

Најмладата ѕвезда на Европското првенство, Шпанецот Ламин
Јамал го повтори достигнувањето на Зинедин Зидан од
европскиот шампионат во 2004 година.
20 години по остварувањето на легендата на францускиот и
светскиот фудбал, во синоќешното осминафинале меѓу Шпанија и
Грузија (4:1), 16-годишниот крилен напаѓач на „фуријата“ упати
седум шута кон противничкиот гол и имаше шест креирани шанси
во завршница за својата репрезентација, од кои и една заврши со
асистенција за гол.
Јамал е само вториот играч во историјата на европските
првенства од 1980 година со 5+ шутеви и 5+ додавања на меч по
Зидан, кој го направи тоа во 2004 година.


Кимих интересен за гигантите од Премиер лигата

Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди германски „Ску Спорт“.

Џошуа Кимих е заинтересиран за нова авантура, а бидејќи влезе
во последната година од договорот, Баерн е спремен да го
продаде ова лето за да не го загуби без пари.

Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал се клубовите кои
покажуваат најголем интерес, а Германецот е отворен за
преселба во Премиер лигата.

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн е подготвен да го
ослободи за сума од 50 милиони евра. Споменатите клубови се
спремни да ја платат таа сума, па веќе ја почнаа битката за
неговиот потпис.


Гатусо го сака Ракитиќ во Хајдук

Поранешниот играч за врска на Хрватска, Иван Ракитиќ , кој сега игра за Саудиската екипа Ал Шабаб, може да ја продолжи кариерата во хрватски Хајдук. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс.

Според изворот, Хајдук покажува специфичен интерес за евентуалното купување на Ракитиќ и веќе стапил во контакт со претставниците на фудбалерот. Новиот тренер на хрватскиот клуб Џенаро Гатузо го посочи Ракитиќ како приоритетна цел за засилување на тимот на Хајдук во летниот преоден рок.

Да потсетиме, 36-годишниот Иван Ракитиќ на почетокот на оваа година стана играч на Ал Шабаб заминувајќи од Севиља. Минатата сезона Хрватот учествуваше на 35 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со Ал Шабаб е до летото 2025 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 3,5 милиони евра.


Аспиликуета доби нов договор во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид официјално го продолжи договорот со 34-годишниот десен бек Цезар Аспиликуета до 2025 година.

Да потсетиме, Аспиликуета дојде во мадридскиот клуб во летото 2023 година, со статус на слободен играч. Во овој период, 34-годишниот фудбалер учествуваше на 34 натпревари од сите натпреварувања, на кои имаше две асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 2 милиони евра.

Пред да дојде на „Ванда Метрополитано“, шпанскиот дефанзивец играше за Челзи (2012-2023).


Де Зерби претставен на „Велодром“

Олимпик Марсеј го назначи Роберто Де Зерби за главен тренер. Поранешниот менаџер на Брајтон потпиша тригодишен договор. Французите на почетокот на оваа недела открија дека е постигнат „начелен договор“ и тој сега е официјално објавен.

Де Зерби ја напушти Премиер лигата на крајот од сезона 2023/2024 по успешни 20 месеци во клубот, бидејќи го квалификуваше Брајтон за групната фаза на Лига Европа за прв пат во нивната историја.


Болоња ја одреди цената, Зиркзе вреди 40 милиони евра

Џошуа Зиркзе е еден од фудбалерите за кои најмногу се пишува во изминатиот период и ќе биде изненадување ако и по преодниот рок остане член на Болоња.

Како фаворит за потписот на Зиркзе важеше Милан, но во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Според последните информации секој кој ќе сака да го доведе Зиркзе ќе мора да плати сума од 40 милиони евра.

Инаку, Зиркзе по повредите на неколку репрезентативци во последен момент се најде во составот на Холандија за Европското првенство и неговата иднина сигурно ќе биде решена по настапот на „лалињата“ на контиенталниот собир.


Кутињо пред потпис со Васко де Гама

Фелипе Кутињо е пред враќање во редовите на Васко Де Гама, клубот каде што ја започна професионалната кариера.

Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо објави дека офанзивецот ги договорил сите услови и договорот наскоро треба да биде потпишан. Преостанува само Кутињо да биде ослободен од Астон Вила која е спремна да го пушти.

Кутињо во период од 2008 до 2010 година одигра 19 натпревари за Васко Де Гама од каде што се сели во Интер во трансфер вреден 3.8 милиони евра.

Најдобрите денови од кариерата, Кутињо ги помина во Ливерпул каде што играше од 2013 до 2018 година. Таа 2018 година, Барселона го доведе како една од најголемите фудбалски ѕвезди во тоа време и за него плати 135 милиони евра. Но, Кутињо не ги оправда вложените средства и одигра 106 натпревари во кои постигна 25 голови и додаде 14 асистенции. Подоцна настапуваше и за Баерн, но ниту таму не ја врати старата форма.


Премиерлигашите се распрашуваат за Зубименди од Реал Сосиедад

Арсенал сака да го засили тимот во летниот предоден рок, а приоритет за тренерот Артета е квалитетен играч за врска.

Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на „топџиите“ е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Зубименди е голема желба уште на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и работи на трансферот.

Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но сега е спремен да прифати понуда од 60 милиони евра, бидејќи самиот играч сака да направи чекор напред во кариерата.


Анчелоти го сака Калафиори во Реал Мадрид

Реал Мадрид се приклучи во трката за потписот на италијанскиот дефанзивец и член на Болоња, Рикардо Калафиори.

22-годишниот стопер беше повикан во репрезентација после одличната сезоната и изненадувачи се најде во стартниот состав на трите меча.

Притоа, Калафиори беше еден од најдобрите поединци во италијанскиот тим, па дополнително го привлече вниманието.

Јувентус и клубовите од Премиер лигата веднаш покажаа силен интерес за дефанзивецот, а сега во трката се приклучи и Реал Мадрид „Кралевите“ се во потрага по дефанзивец, а Анчелоти верува дека Калафиори би бил идеално решение.


Де Лихт прва трансфер желба на Тен Хаг вo Јунајтед

Матијс Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед.

Холанѓанецот побарал трансфер, а според информациите следна негова дестинација може да биде Премиер лигата.

Де Лихт е едно од најскапите засилувања, но го загуби првотимскиот стратус во Баерн, па и германскиот клуб е спремен да го продаде на лето.

Тен Хаг одлично го познава Де Лихт од времето поминато во Ајакс и смета дека може да биде столб на одбраната на Манчестер Јунајтед во наредните години.