фудбал

Конте го носи Лаутаро во Тотенхем

Медиумите од Англија известуваат дека Тотенхем покажува сериозен интерес за центарфорот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Името на Мартинез долго време се поврзува со екипата на Тотенхем, но сега шансите за негово доаѓање во Лондон се зголемија откако за тренер беше назначен Антонио Конте. 

Конте цели две сезони му беше тренер на аргентинскиот напаѓач во екипата на Интер, а минатата сезона заедно станаа и шампиони на Серија А.

Лаутаро има актуелен договор со „сино-црните“ до 2026 година, па доколку Тотенхем сака да го види во своите редови ќе треба да издвои приближно 80 милиони евра.


Лоша вест за Наполи, Виктор Осимен ќе мора на операција

Од прес службата на Наполи проследија информација дека напаѓачот на екипата, Виктор Осимен ќе мора да биде опериран поради здобиени искршеници на лицето.

22- годишниот Нигериец повредата ја заработи во дерби натпреварот од Серија А, против екипата на Интер. Тој при еден воздушен дуел со противничкиот играч Шкрињар,мораше да го напушти теренот поради вртоглавица, но подоцна при дополнителниот преглед лекарите откриле дека има скршеници во пределот под левото око и  јаболчната коска.

Осимен ќе биде надвор од теренот најмалку еден месец и со сигурност нема да настапува за Наполи до крајот на годината.


Баерн нуди астрономска плата за Шпанецот Педри

Педри може да продолжи кариера во германската Бундеслига. Баерн Минхен е заинтересиран за услугите на 18-годишниот фудбалер. Германскиот клуб се очекува четирикратно да ја зголеми платата на Шпанецот во однос на онаа што ја добива во Барселона. За потписот на Педри, Баерн Минхен е подготвен да го собори својот трансфер рекорд. Да потсетиме дека во моментов тоа е 80 милиони евра.Толку му беше платено на Атлетико Мадрид во 2019 година за трансферот на дефанзивецот Лука Ернандез. Договорот меѓу Барселона и Баерн Минхен би можел да се реализира или во текот на зимскиот преоден рок или во текот на летото.

Договорот на Педри со каталонскиот клуб е до јуни 2026 година. Според порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 80 милиони евра. Во актуелната сезона од Ла Лига, играчот од средниот ред настапи на два натпревари и не постигна ниту еден гол.


Манчестер Јунајтед веќе избра нов тренер кој би пристигнал на лето

Откако клубот од „Олд Трафорд“ го раскина договорот со Оле Гунар Солскјер, веднаш се започна со потрага по ново тренерско име кое ќе го замени Норвежанецот.

Како прв избор за наследник на клупата веќе е пикиран Маурисио Почетино. Челниците на Манчестер Јунајтед очекуваат дека Почетино би бил најдобра опција за екипата и очекуваат тој да пристигне во клубот на лето.

Аргентинецот Почетино во моментот е тренер на Париз Сен Жермен, но во неколку наврати има изјавено дека сака повторно да работи во Премиер лигата. Тој претходно ги водеше екипите на Саутемптон и Тотенхем.



Борусија Дортмунд без Халанд и Хумелс во ЛШ

Екипата на Борусија Дортмунд ќе биде без Ерлинг Халанд и Матц Хумелс во можеби решавачкиот натпревар од групата Ц од Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон на гостински терен.

Двата тима имаат еднаков број на бодови пред финалните два меча во групната фаза и нивната меѓусебна пресметка можеби ќе одлучи кој ќе му се приклучи на Ајакс за пласман во елиминационите натпревари.

Сепак  „жолто-црните“ од Дортмунд ослабени ќе патуваат за Лисабон, бидејќи во екипата нема да настапат Матц Хумелс и Ерлинг Халанд. Првиот ќе паузира поради суспензијата заработена по добиениот црвен картон на средбата со Ајакс, додека Халанд веќе подолг период се опоравува од повреда.


Зенит му нуди нов договор, Азмун ќе ги одбие богатите понуди

Зенит планира да го задржи напаѓачот Сердар Азмун и покрај најавите за негово заминување на крајот на сезоната. Азмун ќе стане слободен агент на 30 јуни 2022 година, ако не успее да се договори за нова соработка со тимот од Ст. Петерсбург.

„Од страната на Зенит постои таква желба. Зенит планира да ги продолжи преговорите за нов договор во декември“, изјавил извор од клубот.

26-годишниот ирански репрезентативец е на мета на неколку француски и италијански тимови.


Алегри: Челзи е поопасен ривал без Лукаку

Јувентус веќе го oсигура пласманот во следната фаза од Лигата на шампиони, а утре му гостува на Челзи во дуел за првото место во групата.

Челзи на тој меч ќе биде без Ромелу Лукаку, а Алегри тврди дека „сините“ се поопасни без Белгиецот.

„Ќе играме за првото место во групата, но знаеме дека ќе биде тешко бидејќи играме против лидерот во Премиер лигата. Без Лукаку Челзи има различни карактеристики, тимот е побрзо, понепредвидлив и поопасен за нас“, изјави Алегри.

Алегри исто така има проблем со повредени фудбалери и нема да може да смета на Кјелини, Де Шиљо и Данило, додека Дибала се уште е неизвесен.


Њукасл ќе инвестира 250 милиони евра во засилувања оваа зима

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија откако го презеде Њукасл сега е спремен да вложи голема сума за реконструкција на тимот.

Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок за пет засилувања.

Прва мета е Душан Влаховиќ, кој блеска во дресот на Фиорентина и за чиј потпис се борат голем број на европски гиганти. Њукасл спремил понуда од 80 милиони евра, но Србинот засега преферира преселба во друг клуб.

Како алтернатива на Влаховиќ се споменува Дивок Ориги, кој не добива голема минутажа во Ливерпул и е спремен да ја промени средината.


Роналдо со порака до Солскјер: Пријателе, ти посакувам се најдобро

Иако постојат шпекулации дека Кристијано Роналдо беше еден од главните играчи во екипата на Манчестер Јунајтед кој изрази незадоволство од тренерската работа на Оле Гунар Солскјер, тој сепак направи гест за почит. Имено Кристијано преку Твитер испрати порака во која изразува благодарност за работата со Норвежанецот.

„Тој беше мој напаѓач кога за првпат пристигнав на Олд Трафорд и беше мој тренер кога повторно се вратив во Манчестер Јунајтед. Оле е извонредно човечко суштество. Му посакувам среќа во се што ќе му понуди животот. Со среќа пријателе“.


Чави во Барселона ќе носи напаѓач од Катар

Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, планира да донесе необично засилување за екипата во јануари.

Според извори во клубот, Чави сака да го доведе напаѓачот на катарскиот Ал Сад , Багдад Бунеџа.

 29-годишниот Алжирец се најде на списокот на Чави пред се поради неговата пристапна цена но и како опција за нападот поради големиот број повредени играчи во тимот.

 Багдад Бунеџа игра за катарскиот Ал Сад од 2015 година, постигнувајќи 128 гола на 108 натпревари во тамошната лига. Досега тој има настапи само во својата татковина за клубовите Раед Шабаб и Ел Хараш, како и за еден од најпопуларните туниски тимов, Етоал ду Сахел.