фудбал

Тен Хаг: Неприфатливо е да загубиме на овој начин од Кадиз

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг беше доста критичен кон своите играчи по поразот од претпоследниот тим во шпанската Примера, Кадиз со 4-2 на вчерашниот пријателски меч. Холандскиот специјалист го дефинираше настапот на „црвените ѓаволи“ како неприфатлив.

„Очигледно не се разбудивме и сè уште спиевме во првите 15 минути од натпреварот. Особено во средниот ред. Тоа не може да се случи. Тоа е неприфатливо“, коментираше Тен Хаг за еден од головите на шпанскиот тим.

Манчестер Јунајтед е во камп во Дубаи, со дел од играчите на „црвените ѓаволи“, кои немаат обврски околу Светското првенство во Катар.


Атлетико Мадрид ќе бара 140 милиони евра за Жоао Феликс

Според тврдењата на некои шпански медиуми, Атлетико Мадрид како обештетување за евентуална продажба на фудбалерот Жоао Феликс ќе бара износ од 140 милиони евра.

Играчот на Атлетико Мадрид и португалски репрезентативец, Жоао Феликс, изјавува дека во моментот е фокусиран само на Светското првенство, и додава дека не размислува каде ќе ја продолжи својата кариера.

Постои голем интерес за Феликс од страна на неколку европски гиганти, меѓу кои се истакнуваат Париз Сен Жермен, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Португалецот е член на Атлетико Мадрид од 2019 година, и за клубот досега има остварено 129 настапи и постигнато 33 гола.


Рамос се сели во Серија А?

Серхио Рамос оваа сезона игра добро во дресот на ПСЖ, но неговиот договор со „светците“ истекува на крајот на сезоната. Последните информации се дека ПСЖ нема да му понуди договор на 36-годишниот дефанзивец бидејќи сака на негово место да доведе помлад стопер.

„Светците“ наскоро ќе започнат преговори со Бенџамин Павард од Баерн, а на Рамос ќе му ја отворат излезната врата на лето.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат Интер и Јувентус и да го доведат Шпанецот на лето без обештетување.

Наводно и самиот Рамос е отворен за авантура во Серија А, пренесуваат шпанските медиуми.


Тен Хаг: Роналдо е веќе минато за Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, за прв пат се огласи после заминувањето на Кристијано Роналдо од клубот, и притоа изјави дека Португалецот е минато за англискиот премиерлигаш.

Како што е веќе познато, Роналдо го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, пред почетокот на СП во Катар, откако во ТВ интервју упати остри критики кон челниците на клубот, и тренерот Ерик тен Хаг, за кого изјави дека нема никаква доверба кон него.

„Роналдо си замина од клубот и тоа е минато. Манчестер Јунајтед сега гледа напред и кон иднината. Имаме големи амбиции за иднината. Задоволен сум од моменталната состојба, но исто така гледам дека има доста простор за напредување“, истакнува Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на петтото место од табелата во Премиер лигата.


Жоржињо меѓу Јувентус и Милан од следната сезона

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо има догово со Челзи до крајот на сезоата и нема намера да го продолжи истиот. Готово сигурно плејмејкерот ќе го напушти Челзи како слободен агент, а веќе почна битката за неговиот потпис.

30-годишниот италијански репрезентативец сака подолг договор, додека Челзи му нуди двегодишен договор. Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Се очекува преговорите да се интензивираат од јануари, а Жоржињо е спремен да се врати во Серија А.


Реал плаќа 60 милиони евра за 16-годишен Бразилец

Ендрик Филипе Мореира е новиот голем бразисли талент за кого експертите предвидуваат дека ќе биде нова голема фудбалска ѕвезда. Станува збор за фудбалер на Палмеирас, кој има само 16 години и неодамна дебитираше за првиот тим. Ендрик сепак го привлече вниманието на многу европски гиганти чии скаути ги следат неговите настапи.

Многу европски гиганти се борат за неговиот потпис, а последните информации се дека Реал Мадрид ја добил битката за неговиот потпис.

Бразилските медиуми пренесуваат дека Реал за неговиот потпис со вклучени бонуси ќе плати 60 милиони евра.


Тухел ќе биде новиот селектор на Германија?

Германските медиуми пренесуваат дека поранешниот тренер на Челзи, Томас Тухел, би можел да стане нов селектор на фудбалската репрезентација на Германија.

Актуелниот селектор на германците, Ханси Флик, се наоѓа под големи критики после елиминацијата на репрезентацијата уште во групната фаза од Светското првенство во Катар. Германските медиуми објавуваат дека 57-годишниот Флик размислува за напуштање на селекторското место, а како најсериозен кандидат за негов наследник се наведува Томас Тухел.

Тухел пред Челзи, беше тренер на ПСЖ, Борусија Дортмунд, Мајнц и Аугсбург.


Јан Облак ќе биде замената за Де Хеа во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед неколку недели е концентриран на потрагата по
нов голман. Де Хеа од почетокот на сезоната е мета на гласини дека ја
игра последната сеозна на „Олд Трафорд“. Шпанскиот голман би
можел многу брзо да ги спакува куферите и да си замине, па затоа
управата на Манчестер Ј. е во потрага по негов наследник.
Во оваа ситуација црвените ѓаволи решија да се концентрираат на
словенечкиот голман од екипата на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Покрај него, интерес има и за Влаходимос од Бенфика, но засега се
прават првите контакти со менаџерскиот тим на Облак.


Азар стави крај на репрезентативната кариера

Досегашниот капитен на белгиската фудбалска репрезентација, Еден Азар, соопштува дека нема повеќе да настапува за националниот тим.

„Отворам нова страница. Му благодарам на сите за големата љубов, поддршка и среќа која заедно ја делевме од 2008 година. Одлучив да ја завршам својата репрезентативна кариера, бидејќи е време за нови играчи“, напиша Азар на социјалните мрежи.

31-годишниот Азар, своето деби за белгиската репрезентација ја имаше во 2008 година на пријателскиот натпревар со Луксембург. Во националниот дрес одигра 126 натпревари и постигна 33 гола. Својот последен натпревар за Белгија го одигра на Мундијалот во Катар против репрезентацијата на Хрватска. Најголемиот успех со Белгија го оствари на СП во Русија пред четири години кога го освои третото место.


Ливерпул и Сити во голема борба за Џуд Белингем

Реал Мадрид нема да се натпреварува за потписот на младиот
англиски репрезентативец Џуд Белингем. Причина е високата сума
која за него ја бара Борусија Дортмунд.
На првите луѓе на кралскиот клуб им е јасно дека значајна
инвестиција ќе треба да се направи доколку сакаат да го видат

Белингем во Мадрид, но сумата од околу 125 милиони евра е
преголема за овој англиски талент.
Белингем е една од потенцијалните европски фудбалски ѕвезди за
кого во моментов главни фаворити се Ливерпул и Манчестер Сити.
Борусија Дортмунд во моментов за него бара 150 милиони, но сумата
може да се спушти до 125 милиони евра.