фудбал

Пирс Морган негира дека Роналдо ќе се пресели во Саудиска Арабија

Англискот новинар и човек од доверба на Кристиано Роналдо, Пирс
Морган ја коментираше веста дека Португалецот од 1 јануари ќе биде
играч на Ал Наср. „Марка“ вчера ја објави веста дека Роналдо ја
прифатил понудата од Саудиска Арабија каде ќе заработува
неверојатни 200 милиони евра по сезона.
Многу трансфер експерти потврдија дека вистина има официјална
понуда од Ал Наср за Роналдо, но Морган негира дека Португалецот
има ставено потпис на договорот.
Роналдо сега е фокусиран на Светското првенство, а по завршувањето
најверојатно ќе стави потпис на договорот и ќе стане најплатениот
фудбалер на сите времиња.


Пепе е највозрасниот стрелец на гол за Португалија

Португалскиот фудбалски репрезентативец, Пепе, беше стрелец на гол за својата екипа во победата од 6:1 над Швајцарија во осминафиналето од Светското првенство во Катар.

Пепе со неговиот гол со глава на оваа средба стана највозрасниот стрелец на Португалија, и втор највозрасен стрелец во историјата на светските првенства.

Пепе кој има 39 години и девет месеци го престигна сонародникот Кристијано Роналдо кој има 37 години и на Мундијалот постигна гол против Гана. Рекордер на светските првенства е Камерунецот Роже Мила кој на првенството во 1994 година постигна гол против Русија на 42 години и 39 дена.


Одбиена жалбата на Барса, останува суспензијата на Левандовски од три натпревари

Комтитетот за жалби на Фудбалската федерација на Шпанија ја одби
жалбата на Барселона.
Барселона се жалеше на суспензијата од три натпревари за својот
напаѓач Роберт Левандовски поради двата жолти картони. Полјакот
доби еден натпревар суспензија за двата картони и исклучувањето,
плус казна уште два меча поради недоличниот гест кон судиите
додека го напушташе теренот.
Во Барселона не се согласуваа и се жалеа на првиот картон кој го
доби Левандовски, меѓутоа од Фудбалскиот сојуз на Шпанија само ја
потврдија казната.
Следен потег на Барселона би бил ако се одлучи да се жалат пред
Судот за спортска арбитража, но во овој момент како што стојат
работите тој нема да игра против Еспањол, Атлетико и Гетафе.


Тиаго Силва го собори рекордот на Мила

Бразил лесно ја победи Јужна Кореја и обезбеди четвртфинале
во кое ќе игра против Хрватска. Корејците не беа закана за
„Кариоките“ и натпреарот беше решен после половина час.
При голот после на Ричарлисон кој беше трет за Бразил на
натпреварот историја испиша Тијаго Силва. Силва стана најстариот
асистент на Светските првенства. Силва до асистенцијата стигна на
38 години и 74 дена, па за 32 дена го надмина рекордот на Мила.
До вчерашниот натпревар Камерунецот го држеше рекордот со 38
години и 42 дена кој го оствари на СП во Италија во 1990 година.
Треба да се додаде дека Мила останува на врвот кога во прашање е
најстар стрелец на Мундијалите, тој рекорд го држи со 42 години.


Енрике разочаран од елиминацијата, но е горд на својата екипа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, истакнува дека е разочаран од елиминацијата на Светското првенство во Катар, но дека и понатаму е горд на својата екипа.

Шпанија во осминафиналето на Мундијалот во Катар загуби од Мароко после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел и после продолженијата натпреварот заврши 0:0.

Шпанскиот тим на дуелот со Мароко имаше само еден шут во рамките на голот, а ги промаши и сите три пенали. Шпанија е првата репрезентација која на светските првенства дури четири пати е елиминирана после изведување на пенали.


ПСЖ фаворит за потписот на Жоао Феликс

Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс не е задоволен и сака да го напушти клубот. Феликс не е задоволен во Атлетико и веќе го известил својот агент Жорге Мендеш да му бара нов клуб во јануари.

Како што стојат работите, најголеми шанси има Феликс кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, а францускиот шампион веќе ја бара вистинската формула за негово доведување во јануари.

Атлетико после елиминацијата од ЛШ е спремен да го продаде Португалецот, а Мендеш веќе започнал преговори со „светците“.

Интерес за Португалецот покажува уште Манчестер Јунајтед, но ПСЖ е фаворит за неговиот потпис.


Реграгуи: Испишавме историја, и сега сонуваме за титулата на Светското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мароко, Валид Реграгуи, изјави дека неговиот тим со пласманот во четвртфиналето на СП во Катар, испиша историја во оваа земја. 

Тој истакна и дека репрезентацијата има право да сонува и да се надева дека може да стигне до трофејот на Мундијалот во Катар.

Репрезентацијата на Мароко за прв пат во својата историја се пласира во четвртфинале на светско првенство во фудбал, откако после изведување на пенали успеа да ја елиминира Шпанија со 3:0.

Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе игра против Португалија.


Ван Гал: Имаме план како да го сопреме Меси

Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Луj ван Гал, има план како да се справи со Лионел Меси, но тој се уште не го открил целосно. Репрезентацијата на Холандија ќе се соочи со Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство, во петок 9 декември во 20:00 часот.

Меси, кој најверојатно ќе го игра последното Светско првенство во кариерата, има три гола на четири натпревари досега во Катар и е клучен играч во селекцијата на Аргентина. 

„Меси е најопасниот креативен играч, тој може да создаде многу шанси и да постигнува голови. Но, кога ја губат топката, тој не е многу вклучен во играта, тоа ни дава шанси. Имаме план како да го сопреме Меси и тоа ќе го видите во петок“, одговори Ван Гал на прашањето како Холандија ќе се брани од Меси.


Роналдо не ја има прифатено мега понудата од Саудиска Арабија

Дејли Мејл пренесува дека менаџментот на Кристијано Роналдо ги отфрли тврдењата дека напаѓачот ќе потпише договор со Саудискиот клуб Ал-Наср на 1 јануари.

Во понеделникот шпанскиот весник „Марка“ објави дека Роналдо се согласил да потпише две и пол годишен договор со саудискиот клуб, а неговата плата ќе биде 200 милиони евра по сезона. 

Сепак, извори блиски до Роналдо ги отфрлија овие гласини како чисти шпекулации. 37-годишниот Кристијано стана слободен играч на крајот на минатиот месец, откако со заедничка согласност го раскина договорот со Манчестер Јунајтед. Ова се случи по скандалозното интервју со новинарот Пирс Морган, во кое тој упати сериозни критики до раководството на клубот и изјави дека не го почитува тренерот Ерик тен Хаг.


Карсдорп пред преселба од Рим во Торино

Јувентус е силно заинтересиран за десниот бек на Рома, Рик Карсдорп, пренесуваат медиумите на Апенините. Карсдорп беше јавно критикуван од страна на Мурињо и е на излезна врата од клубот, па се очекува да замине во јануари.

Десниот бек не се појави на првиот тренинг после паузата и дал барање до раководството дека сака да ја промени средината.

Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе во Торино за симболична сума.

Рома е спремна да го пушти и веќе почна да бара негова замена, а прво име на списокот на Мурињо е Хектор Белерин.