фудбал

Роналдо ќе игра и на следното Светско првенство

Кристијано Роналдо сака да го продолжи договорот со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2027 година.

Роналдо, кој веќе има 38 години, на крајот на минатата година потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година.

Роналдо сега им порачал на клупските челници дека сака да остане. Тој планира да игра на Светското првенство во 2026 година како играч на Ал Наср. Неговата намера според најавијте е да стави крај на кариерата по тој Мундијал. Кога е клупската кариера во прашање, Роналдо е среќен во Ал Наср и задоволен од животот, па не размислува за промена.

Во репрезентативната пауза која следи Роналдо ќе ја предводи селекцијата на Португалија во квалификациските натпревари за ЕП 2024 против Словачка и Босна и Херцеговина.


Баерн ги обнови преговорите со Палиња

Во последниот ден од преодниот рок на на Баерн Минхен му пропадна трансферот на играчот на Фулам, Жоао Паљиња, но Баварците не се откажуваат од Португалецот.

Фулам во август не успеа да најде соодветна замена, па клубот од Лондон не дал зелено светло за комплетирање на трансферот вреден 65 милиони евра. Баерн има комплетен договор со играчот, но и со Фулам и понудата од 65 милиони евра се уште стои на маса, па се надева дека ќе го комплетира трансферот во јануари.

Џошуа Кимих не е во плановите на тренерот Тухел, кој инсистира да го засили средниот ред токму со Паљиња.


Јуве ја спасува кариерата на Џејдон Санчо

Џејдон Санчо е во центарот на вниманието откако влезе во конфликт со тренерот Тен Хаг и сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината. Најсилен интерес за него покажуваше Борусија Дортмунд, но „милионерите“ се откажаа бидејќи се загрижени за неговата дисциплина.

Јунајтед сака по секоја цена да се ослободи од Санчо и е спремен да го пушти на позајмица плајќајќи дел од неговата плата.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, кој е спремен да го доведе Англичанецот во јануари на позајмица со можност за откуп.


Диего Алонсо е нов тренер на Севиља

Диего Алонсо од денеска е нов предводик на екипата на Севиља. Уругваецот потпишал договор до крајот на сезоната, во обид да го врати тимот на здрави нозе откако досега Севиља има само две победи од осум меча во Ла Лига.

Алонсо доаѓа на местото на Хозе Луис Мендилибар. Тој доаѓа откако ја заврши соработката со репрезентацијата на Уругвај по СП во Катар.


Двата мадридски гиганти го сакаат Скалвини од Аталанта

Реал Мадрид и Атлетико се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Аталанта, Џорџо Скалвини.

Скалвини иако има само 19 години веќе стора сезона е стандаеден во дресот на Аталанта, а дебитираше и за италијанската репрезентација. Скалвини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а многумина го споредуваат со легендарниот Паоло Малдини.

Може да игра како централен дефанзивец и бек, а Реал веќе подолго време ги следи неговите настапи.

На лето двата клуба од Мадрид ќе се борат за неговиот потпис, а Аталанта за слободата на младата ѕвезда бара најмалку 40 милиони евра.


Два премиерлигаши го сакаат Калвин Филипс

Арсенал и Ливерпул сакаат во зимскиот преоден рок да го засилат средниот ред со играчот на Манчестер Сити, Калвин Филипс.

Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити е спремен да го пушти уште во јануари и чека понуди за Англичанецот. Најсилен интерес покажуваат двата големи ривали, Арсенал и Ливерпул, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Арсенал верува дека идеално ќе се клопи во тимот на Артета и ќе помоге во трката за титулата. Од друга страна Клоп има потреба од уште еден играч за врска.


Двата мадридски гиганти го сакаат Скалвини од Аталанта

Реал Мадрид и Атлетико се силно заинтересирани за младиот
дефанзивец на Аталанта, Џорџо Скалвини.
Скалвини иако има само 19 години веќе стора сезона е стандаеден во
дресот на Аталанта, а дебитираше и за италијанската репрезентација.
Скалвини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а
многумина го споредуваат со легендарниот Паоло Малдини.
Може да игра како централен дефанзивец и бек, а Реал веќе подолго
време ги следи неговите настапи.
На лето двата клуба од Мадрид ќе се борат за неговиот потпис, а
Аталанта за слободата на младата ѕвезда бара најмалку 40 милиони
евра.


Два премиерлигаши го сакаат Калвин Филипс

Арсенал и Ливерпул сакаат во зимскиот преоден рок да го засилат
средниот ред со играчот на Манчестер Сити, Калвин Филипс.
Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола,
но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити е спремен да го пушти
уште во јануари и чека понуди за Англичанецот. Најсилен интерес
покажуваат двата големи ривали, Арсенал и Ливерпул, кои веќе ја
започнаа битката за неговиот потпис.
Арсенал верува дека идеално ќе се клопи во тимот на Артета и ќе
помоге во трката за титулата. Од друга страна Клоп има потреба од
уште еден играч за врска.


Мбапе никогаш немал голгетерски послаб старт на сезоната

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е во својата најлоша
серија без голови во последните пет сезони.
Францускиот напаѓач нема постигнато гол на четири натпревари по
ред на ПСЖ. Ова е најлошата серија на Килијан Мбапе од пролетта
2018 година. Тогаш Мбапе не постигна гол на пет натпревари по ред.
По осум кола, ПСЖ е на третото место на табелата во францускиот
шампионат со 15 бодови. Тимот заостанува два бода зад водечкиот
Монако. Во следното коло ПСЖ ќе се сретне со Стразбур.
Натпреварот ќе се одигра на 21 октомври.
Оваа сезона Килијан Мбапе учествуваше на девет натпревари во сите
натпреварувања, на кои постигна осум гола.


Аугсбург го отпушти тренерот Маасен

Германскиот клуб Аугсбург објави раскин на договорот со тренерот
на тимот Енрико Маасен.
„По првите седум натпревари и поразот на домашен терен од
Дармштад, одвоивме време да ја оцениме моменталната спортска
ситуација и развојот на нашиот тим. По отворените разговори со
Енрико Маасен, сметаме дека треба да го смениме главниот тренер. И
покрај сета нивна решителност и напорна работа, Енрико и тимот не
можеа да го променат трендот и да постигнат успех на теренот“,
изјави спортскиот директор Маринко Јурендиќ за официјалната веб-
страницата на клубот.
„Нормално, разочаран сум од оваа одлука, бидејќи сум убеден дека
заедно можеме да ја промениме ситуацијата. Благодарен сум на
Аугсбург и на управата на клубот што ми ја дадоа можноста да бидам
тренер во Бундеслигата. На клубот му посакувам се најдобро во
иднина и се надевам дека темелите што ги поставивме заедно ќе
помогнат да постигнат успех“, рече Маасен.