фудбал

Германската јавност бара смена на селекторот Флик

Германските медиуми најавуваат дека селекторот на репрезентацијата, Ханси Флик, нема уште долго да се задржи на функцијата, бидејќи се зголемува притисокот од јавноста за негова смена.

Ако Флик навистина биде сменет од функцијата, тогаш тој ќе биде запаметен како селектор со најкраток стаж во германскиот фудбал. Тој на селекторската позиција е од август 2021, а натпреварот против Костарика кој беше последен за Германија на Мундијалот, беше 13.натпревар за Флик на клупата.

Според информациите од медиумите, за најпосакуван иден селектор на Германија се споменува тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Некои новинарски извори пренесуваат дека Фудбалскиот сојуз на Германија веќе упатил покана за разговор до Клоп, но менаџерот на тренерот тоа го демантира, и наведува дека тоа се само новинарски шпекулации.


Хименез ризикува казна од 15 натпревари заради удар врз директорот на ФИФА

Уругвајскиот дефанзивец Хозе Марија Хименез би можел да биде суспендиран на 15 натпревари откако удри со лакт еден од директорите на натпреварувањето на ФИФА за време на протестот по мечот со Гана, пишуваат европските медиуми.

Уругвајците го одработија својот дел во последното коло против Гана, за краток период постигнаа два гола и мислеа дека е готово. Дека Јужна Кореја не може да направи пресврт против Португалија и дека нивниот премин во осминафиналето е обезбеден. И токму тоа се случи, азискиот тим победи во судиското надополнување и со тоа ги елиминираше Урусите од Светското првенство.

Очекувано, избраниците на Диего Алонсо беа разочарани и лути, но не на себе, што не го постигнаа третиот гол и со тоа останаа независни од резултатите на вториот натпревар, туку на главниот судија и неговите помошници. Јужноамериканската крв зовре на последниот судиски свиреж и неколку уругвајски интернационалци се упатија кон судијата Даниел Зиберт и неговите помошници за да го изразат своето незадоволство од недосудените пенали врз Дарвин Нуњез и Единсон Кавани.


Ракитиќ: Загубив пет килограми гледајќи го натпреварот против Белгија

Натпреварот Хрватска – Белгија бил доста стресен за еден поранешен играч на „коцкестите“, кој тврди дека загубил барем 5 години од животот.

Во разговор за порталот на ФИФА, Иван Ракитиќ тврди дека овој натпревар доста негативно влијаел на него во финишот, кога нивниот гол висеше во воздухот, откако Лукаку промашуваше како на филмска лента.

Ракитиќ за Хрватска настапуваше од 2007 до 2019 година, во 106 настапи успеа да постигне и 15 голови и да биде важен играч на тогашната генерација на Хрватска.

„Многу беше тешко да се гледа натпреварот, потешко отколку да се игра верувајте. Мислам дека на натпреварот против Белгија, изгубив пет години од животот. Бев доста нервозен, затоа што бев дел од репрезентацијата многу години“.

„Во контакт сум со играчите и тренерот пред и по секој натпревар. Во срцето ми е секогаш да успее Хрватска. Им посакувам среќа на следниот натпревар и се надевам дека до крај ќе стигнеме на овој Мундијал“, порача Ракитиќ.


Заврши Мундијалот за Габриел Жесус и Алекс Телеш

Бразил пред два дена загуби од Камерун, но поголема грижа за селекторот Тите е фактот што остана без двајца важни фудбалери. Напаѓачот Габриел Жесус и левиот бек Алекс Телеш се повредени и според информациите тие нема да можат да играат до крајот на Светското првенство.

Напаѓачот Габриел Жесус доби незгоден удар и мораше да го напушти теренот во 64 минута, а прогнозите се дека ќе биде надвор од терените еден месец.

Според докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар, многу побрзо се опоравува Данило и тој би можел да биде во тимот и за осминафиналниот меч со Јужна Кореја.


Белгијците се разединети, дури и од Катар не се вратија со ист авион

Репрезентацијата на Белгија е едно од најголемите разочарувања на Мундијалот, откако испадна во групната фаза, а беше еден од фаворитите. Уште за време на групната фаза се појавија информации за лоша атмосфера во тимот, а поделбите и расколот продолжува и после елиминацијата.

Имено, петмина фудбалери одлучиле да не патуваат со тимот дома и си вратиле со индивидуални авионски билети. Станува збор за Томас Муние, Аксел Витсел, Џереми Доку, Артур Тете и Луис Опенда.

Се појавија информации дури и за физички пресметки по поразот од Мароко, но беа демантирани, а селекторот Мартинес си поднесе оставка после елиминацијата.


Луис Суарез: ФИФА секогаш е против Уругвај

Луис Суарез ја обвини ФИФА дека „секогаш е против Уругвај“. Учеството на напаѓачот во репрезентацијата на Уругвај на Светското првенство во Катар заврши во солзи и покрај победата од 2-0 против Гана во последниот натпревар од групната фаза во петокот.

Уругвај протестираше бидејќи со имаше сериозни претензии за пенал по контактот на Дарвин Нуњес и Даниел Амарти во шеснаесетникот на африканскиот тим, но судиите не покажаа на белата точка, а Уругвај остана без третиот гол кој им беше потребен за пат понатаму.

„Пеналот над Дарвин беше многу чист. Имаше контакт. По мечот сакав да го прегрнам семејството, но луѓето од ФИФА не ми дозволија. Се чини дека Уругвај нема симпатии во ФИФА. Очигледно, тие секогаш се против нас“, рече Суарез.


Меси: Направивме уште еден чекор до целта

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, после победата над Австралија и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство, изјави дека е пресреќен од остварената победа и дека тоа е уште еден чекор кон мундијалската титула.

Аргентина се пласира во четвртфиналето од Мундијалот, победувајќи ја селекцијата на Австралија со 2:1.

„Ова беше физички тежок меч. Многу сум среќен поради победата, тоа е уште еден важен чекор до целта. Посакувавме да се најдеме овде и да осетиме што чувствуваат луѓето, да ја осетиме нивната енергија. Најважно е да останеме обединети до крајот“, порачува Меси.

Натпреварот против Австралија беше 1000-ти натпревар кој Меси го одиграл во сениорската кариера. Аргентина во четвртфиналето ќе игра против Холандија.


Ван Гал: Можеме да станеме светски прваци

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, после победата над селекцијата на САД, изјави дека и покрај победата тој имал критики за играта на неговите фудбалери, посебно во првото полувреме.

Холандија избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако ја совлада САД со резултат 3:1.

„На полувремето од дуелот бев доста критичен, Иако водевме со 2:0, и постигнавме фантастични голови, имавме доста проблеми, а противникот често ни ја одземаше топката и тоа е неприфатливо на Светско првенство. Во вториот дел имавме поголем посед на топката, и го завршивме натпреварот без поголеми проблеми. Изминатава година често изјавував дека можеме да бидеме прваци. Не реков дека ќе бидеме, но мислам дека можеме“, заклучува Ван Гал.

Репрезентацијата на Холандија за противник во четвртфиналето од Мундијалот во Катар, ќе ја има селекцијата на Аргентина.


Антонио Силва од Бенфика најнова желба на големите европски клубови

Европските гиганти веќе подолго време го следат развојот на талентот на Бенфика, Антонио Силва. Скаутите на Реал, ПСЖ и клубовите од Манчестер Сити се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.

Станува збор за 18-годишен централент дефанзивец, кој игра фантастично оваа сезона. Посебно импресионираше на мечот против ПСЖ каде имаше задача да го чува Меси.

Силва е дел од португалската репрезентација на Мундијалот и се очекува вечерва да биде во стартниот состав, па ќе го следат скаути на Реал и ПСЖ. Токму овие два клуба на лето ќе водат голема битка за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Силва има договор со Бенфика до 2027 година и откупна клаузула од 100 милиони евра, па португалскиот клуб нема лесно да го продаде.


Биелса пред промоција за нов селектор на Уругвај

Уругвај имаше разочарувачко Светско првенство, репрезентација има огромен потенцијал доколку се види кои се играчи ги има во составот, но на Мундијалот во Катар не ја поминаа ниту групата. Јасно е дека со овој неуспех завршува работата на Диего Алонсо како селектор на Уругвај, а јужноамериканските медиуми веќе најавија кој ќе биде неговиот наследник.

Тоа е Марсело Биелса, Аргентинецот кој ужива култен статус не само во Јужна Америка, туку и во целиот свет.

Официјално за селектор би требало да биде назначен следната година, а негова главна цел ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година.

Уругвај ќе биде трета селекција од Јужна Америка која ќе ја води Биелса, претходно беше селектор на Аргентина и Чиле.