фудбал

Компани и Анри главни кандидати за нов белгиски селектор

Тиери Анри, Винсент Компани и Филип Клеман се тројцата претенденти за селекторското место во белгиската репрезентација, после заминувањето на Роберто Мартинез. 

Мартинез го објави заминувањето од кормилото на Белгија по вчерашната елиминацуја на „ѓаволите“ во групната фаза од Мундијалот.

Анри беше дел од тренерскиот тим на Мартинес, додека Компани е бивш капитен на репрезентацијата и актуелен тренер на Барнли. Меѓу кандидатите е и Филип Клеман, кој сега работи во Монако.

Мартинес седна на кормилото на Белгија во август 2016 година и под негово раководство репрезентацијата го освои третото место на Светското првенство во 2018 година.


Најскапиот селектор на Мундијалот не ја мина групната фаза

Најскапоплатениот селектор на Светското првенство во Катар го заврши учеството во групната фаза на турнирот, пишува „АС“. Станува збор за селекторот на Германија Ханзи Флик.

Платата на селекторот на Германија е 6,5 милиони евра годишно. Сепак, тој не успеа да го одведе националниот тим на оваа земја до елиминациите на првото големо првенство во кое го предводеше тимот. Германците завршија само трети во групата Е зад првопласираната Јапонија и второпласираната Шпанија.

Останатите тренери во топ 5 според платата која ја добиваат се: Герет Саутгејт од Англија (5,8 милиони евра годишно), Дидие Дешамп од Франција (3,8 милиони), Тите од Бразил (3,6 милиони) и Луј ван Гал од Холандија (2,9 милиони), а истите успеаја да ги квалификуваат своите тимови во осминафиналето.


Митровиќ: Ова е еден од најтешките порази во мојата кариера

Александар Митровиќ е разочаран од настапот на Србија на Светското првенство, вели дека треба да се анализираат добро работите, Мундијалот бара многу повеќе отколку квалификациите.

Србија имаше разочарувачки настап на Светското првенство, освои само еден бод и како последна го заврши Мундијалот. Особено тежок за Србите е поразот од Швајцарија на која сакаа да ѝ се одмаздат за поразот на претходното првенство.

„Зад нас е тежок натпревар, исто така тежок ден за нашиот тим, народ… Очекувавме повеќе, ова е еден од најтешките порази во мојата кариера. Не знам што би кажал… Се чувствувам празно, сега ни останува сериозно да ги анализираме причините за неуспехот. Во второто полувреме мораше многу подобро да играме. Физички имавме доволно енергија, но… Направивме многу грешки, недозволени за оваа фаза од натпреварувањето. Не би се сложил дека бевме под нивото на квалификациите, Мундијалот бара многу повеќе. Тука се кријат некои од причините, ни останува сериозна анализа. Тешко е сега да зборуваме. Имавме одличен амбиент, како ниту една генерација досега“.


Маркус Турам преговара со Баерн Минхен

Баерн Минхен се вклучи во трката за францускиот репрезентативец и
напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам. Турам оваа сезона
игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а Баварците
внимателно ја следат неговата ситуација.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам истакна
дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на
шампиони.
Баерн сака да го донесе на лето без обештетување бидејќи е во
потрага по квалитетен напаѓач, но ќе мора да ја победи
конкуренцијата бидејќи за Турам интерес покажува и Интер.


Милан преговара за враќање на Португалецот Далот

Италијанските медиуми пренесуваат дека португалскиот
репрезентативец Диого Далот може да се врати во Милан. Далот
влезе во последната година од договорот, но Јунајтед има опција за
еднострано продолжување до 2024 година.
Далот игра добро под водство на Тен Хаг од почетокот на сезоната и
„црвените ѓаволи“ сигурно ќе ја актувираат опцијата за
продолжување на договорот.
Меѓутоа, Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака на
лето да го врати на „Сан Сиро“.
Португалецот пред две години одигра една сезона на позајмица во
Милан каде и ја доживеа својата афирмација, па е спремен да се врати
во Милано.


Нејмар може да игра само во хипотетичко финале на Мундијалот

Ситуацијата со повредата на Нејмар изгледа посериозна отколку се
сметаше на почетокот. Ѕвездата на Бразил се здоби со повреда на
глуждот во првиот меч против Србија. Се очекуваше Нејмар да ги
пропутши само второто и третото коло од групната фаза, но
ситуацијата е далеку полоша.
Вестите кои прво ги пласираа медиумите сега ги потврди таткото на
Нејмар.
„Нејмар мислам дека ќе се врати за финалето. Тој ќе направи се за да
му помогне на тимот да стигнат до златниот пехар. Најважно е да се
врати тогаш кога ќе биде максимално спремен. Нејмар има големо
влијание на играта на Бразил“, изјави таткото на фудбалерот.


Два англиски гиганти го посакуваат Асенсио

Арсенал и Ливерпул внимателно ја следат ситуацијата со шпанскиот
репрезентативец, Мако Асенсио. Асенсио влезе во последната година
од договорот и на лето сигирно ќе си замине како слободен агент.
Интерес за Асенсио покажуваат неколку европски гиганти, но
најсилен е интересот на Арсенал и Ливерпул.
Тие сакаат да го доведат без обештетување на крајот на сезоната и
веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Асенсио се уште нема донесено конечна одлука, а се очекува
преговорите да се интензивираат после Мундијалот.


Страхиња Павловиќ на мета на многу европски гиганти

Европските гиганти покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на
Салцбург и српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ. 21-
годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а на Мунијалот
покажа дека е еден од најдобрите млади дефанзивци.
Интерес за Павловиќ покажуваат Јувентус, Рома, Арсенал и Атлетико
Мадрид, кои се очекува да водат голема битка за неговиот потпис.
Павловиќ пристигна во Салцбург од Монако за 10 милиони евра, но
неговата цена драстично порасна со неговите одлични настапи.
Се очекува на лето сигурно да ја промени средината, а споменатите
клубови се спремни да понудат 30 милиони евра.


Мартинез експресно си замина од белгиската клупа по мундијалскиот неуспех

Роберто Мартинез повеќе не е селектор на Белгија. Искусниот стратег
на прес-конференцијата по ремито со Хрватска со кое Белгија го

заврши настапот на ова Светско првенство потврди дека си заминува
од селекторската позиција.
„Ова беше мојот последен натпревар на клупата на Белгија. Има
емоции, како што може да замислиете“, изјави Мартинез.
Договорот на Роберто Мартинез истекува и тој нема да биде
продолжен. Иако е јасно дека елиминацијата во групната фаза за
Белгија е големо разочарување, сепак ова беше одлука која е донесена
претходно.


Ливерпул се вклучува во трката за потпис со Коди Гакпо

Новата ѕвезда на Холандија, Коди Гакпо се очекува да биде најбараниот фудбалер на трансфер пазарот. Гакпо оваа сезона има 9 гола и 12 асистенции во холандската Прва лига и направи вистински бум на Светското првенство во Катар, постигнувајќи по еден гол на трите натпревари на Холандија во групната фаза против Сенегал, Еквадор и Катар.

Неговата форма веројатно нема да му помогне на неговиот клуб ПСВ Ајндховен да го задржи до крајот на сезоната. Медиумите од Холандија тврдат дека напаѓачот стана трансфер цел на Ливерпул. Екипата од Енфилд се подготвува да започне преговори со претставниците на 23-годишниот фудбалер за да го доведат во јануари. Се очекува неговиот актуелен клуб ПСВ за негова продажба да бара минимум 50 милиони евра.