фудбал

Смолинг заздравува, се очекува на теренот кон крајот на октомври

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, се надева дека искусниот дефанзивец, Крис Смолинг, ќе успее пред време да ја санира повредата на тетивата и дека набрзо ќе се врати на терените.

Англискиот интернационалец е во процес на рехабилитација повеќе од еден месец или гледано од дербито со Милан.

„Кориере дело Спорт“ наведува, дека Смолинг веројатно нема да игра в недела на мечот со Калјари. Неговото враќање на теренот се очекува на средбата против Монца на 20 октомври.


Халанд ќе добие зголемување на платата во Сити

Manchester City’s Erling Haaland celebrates after scoring his side’s third goal during the English Premier League soccer match between Manchester City and Manchester United at Etihad stadium in Manchester, England, Sunday, Oct. 2, 2022. (Martin Rickett/PA via AP)

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе му понуда нов договор на голгетерот Ерлинг Халанд до 2028 година, наведува денес весникот „Дејли Мејл“.

Норвешкиот репрезентативец ќе добие зголемување на платата до 400.000 фунти неделно и значителни бонуси. Актуелниот договор на напаѓачот со „граѓаните“ е до 2027 година.

Тој беше купен минатата година од Борусија Дортмунд. Халанд има 42 настапи и 44 голови во Премиер лигата.


Фановите на Интер му спремаат „жежок пречек“ на Лукаку

Ромелу Лукаку нема да биде пријателски дочекан на гостувањето во Милано кога Рома ќе игра против Интер.

Навивачите на Интер никогаш нема да му го простат предавството на Белгиецот, па одлучиле да го дочекаат со 50.000 свирчиња.

„Датумот 29 октомври би требало со црвена боја да го заокружиме во календарите и така да бидеме спремени да направиме да слушне колкуни се гади што ни го сврте грбот на најсрамниот можен начин. Покажа дека е мал човек и дека не се држи до своите зборови.

Го браневме додека беше тука, а тој ни го сврте грбот. Пред натпреварот против Рома ќе бидат поделени 50.000 свирчиња кои ќе ги користиме секогаш кога ќе ја допре топката“,  стои во соопштението на ултрасите на Интер.


Бруно Фернандеш со несекојдневен рекорд

Бруно Фернандеш, беше најдолго на теренот меѓу елитните играчи во изминатата година, соопшти Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери (FIFPro).

29-годишниот капитен на „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 6.666 минути во 72 натпревари помеѓу 15 септември 2022 и 15 септември 2023 година за Манчестер Јунајтед и Португалија.

ФИФПро пресмета дека Фернандеш бил на теренот 29.486 минути од крајот на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Ајтана Бонмати од Барселона е на првата позиција кај жените со 242 одиграни натпревари од јули 2018 година.

„Интензивниот обем на работа останува едно од најважните прашања за фудбалерите на турнирите на највисоко ниво. Календарот продолжува да се шири и нема доволно заштитни мерки за заштита на здравјето, благосостојбата и долговечноста во спортот на играчите“, рече претседателот на ФИФПро, Дејвид Агансо во септември.


Симеоне ќе ја намали платата, но ќе добие нов договор во Мадрид

Диего Симеоне постигна договор со Атлетико Мадрид за нов тригодишен договор, објавија шпанските медиуми.

Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, му донесе многу успеси на „јорганџиите“, па клубот сака да го задржи и во наредните три години. Интересно е што Симеоне се согласил драстично да му биде намалена платата, дури за 45%, со што повеќе нема да биде најплатен тренер на светот.

Симеоне откако седна на клупата буквално го препороди Атлетико освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони.

Со тоа Аргентинецот си заработи најбогат договор, но сега прифати да остане во клубот за многу помала плата.


Агентот на Алфонсо Дејвис не го крие интересо на Реал за Канаѓанецот

Алфонсо Дејвис е еден од играчите кои се поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, а сега неговиот агент проговори на оваа тема.

Реал Мадрид на лето сака да се засили на позицијата лев бек, а еден од играчите за кои е заинтересиран овој клуб е Алфонсо Дејвис.

Канадскиот репрезентативец е член на Баерн, но се може да се промени многу брзо и тоа да биде преку Давид Алаба.

„Има многу клубови кои се заинтересирани за Дејвис, Реал Мадрид сигурно е еден од нив. Тој е еден од најдобрите леви бекови во светот, ќе видиме што ќе се случи“, изјави агентот.


Мехди Тареми од Порто се сели во Интер

Напаѓачот на Порто, Мехди Тареми ова лето беше на чекор до Милан, но трансферот не се реализираше во последен момент.

Милан и Порто постигнаа договор, но агентот на Тареми не успеа да постигне договор со „росонерите“ околу висината на платата. Сега 30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и на лето би можел да се пресели во Милано, но во дресот на Интер.

„Нероаѕурите“ се силно заинтересирани за иранскиот напаѓач и сакаат да го доведат без обештетување, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.


Aрсенал го сака помладиот брат Вилијамс од Билбао

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал има ново име на трансфер списокот за следната сезона, а тоа е бисерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.

Вилијамс игра одлично во дресот на баскискиот клуб, но ова ќе биде тешка мисија за Арсенал со оглед на фактот дека Билбао е клуб кој тешко ги продава своите фудбалери. Нико е брат на Инаки Вилијамс, важи за еден од најголемите шпански таленти во моментов и веќе има 10 настапи за шпанската репрезентација.

Тој е дете на Атлетик Билбао и има договор со клубот до 2024 година, а баскискиот клуб прави се за да го задржи во своите редови.

Арсенал ќе има жестока конкуренција бидејќи за Вилијамс се заинтересирани многу европски гиганти.


Саудиска Арабија се кандидира за организација на СП 2034

Она што се очекуваше веќе е потврдено, Саудиска Арабија и официјално најави дека ќе се кандидира да биде домаќин на Светското првенство (СП) во фудбал кое ќе се игра во 2034 година.

Фудбалската федерација кажа дека сака да го донесе турнирот од светска класа и дека е подготвена да биде организатор на овој грандиозен настан. Инспирација ќе биде „длабоката страст кон фудбалот“ во земјата.

Арапите веќе ќе го имаат првиот предизвик оваа година на организациски план, затоа што во Саудиска Арабија ќе се игра Светското клупско првенство, на кое домаќин ќе биде Џеда во месец декември.Овој настан ќе биде еден вид тест за Саудиска Арабија дали ќе се покаже како добар организатор, но исто така и каков ќе биде интересот на гледачите за овој настан.


Велика Британија и Ирска домаќини на ЕП 2028

Европското фудбалско првенство во 2028 година ќе се одржи во Велика Британија и Ирска, oва наскоро треба да биде официјално потврдено, јавуваат медиумите од Островите.

Откако Турција официјално ја повлече својата кандидатура со порака од Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) дека турнирот може да се организира само со поддршка на уште една земја, во овој случај Италија, стана јасно дека единствените преостанати кандидати се Велика Британија и Ирска. Одлуката УЕФА ќе ја потврди на 10 октомври.

Ова значи дека Турција и Италија би можеле да конкурираат за ЕВРО 2032 година.

Потсетуваме дека ЕУРО 2020 се играше на тлото на Англија, односно на стадионот „Вембли“ каде што се одржа финалето.