фудбал

Стојковиќ: Фрустриран сум, ни се повторуваат грешките

Селекторот на фудбалерите на Србија, Драган Стоковиќ- Пикси, вели дека проблемите со повредите и натаму му создаваат проблeми на Мундијалот во Катар. Неговите играчи денеска ремизираа со Камерун 3-3 и максимално си ја искомпликуваа ситуацијата.

„Имавме повторно проблем, два централни стопери ни бараа измени и моравме да реагираме. Немаме среќа со тие повреди, здравствениот билтен не загрижува. Фрустриран сум поради резултатот, имаше убави акции, посебно за третиот гол но, тогаш дојдоа двата гола на Камерун. Штета , поради грешките останавме без победи“, изјави Стојковиќ.


Клоп се ослободува од двајца свои резервисти

Јирген Клоп им соопштил на двајца фудбалери дека не смета за идната сезона. Како што јавуваат медиумите во Англија, но и Фабрицио Романо, Окслејд Чембрлејн и Наби Кеита веќе биле во потрага по нови клубови, затоа што Клоп не сметал на нив веќе.

Романо е попознат како специјалист за трансфери, а сега ги предвидува овие две заминувања.

Кеита во Ливерпул дојде пред четири години и од него се очекуваше многу, но во клубот од Енфилд не се импресионирани. Неговата вредност е околу 20 милиони евра, но Ливерпул ќе го ослободи на крајот од сезоната како слободен фудбалер.

Чембрлејн дојде од Арсенал, а од доаѓањето во новиот клуб имаше постојани проблеми со повредите и не успеа да блесне на Енфилд.


Суарез потпишува за ЛА Галакси или за Интер Мајами?

Луис Суарез би можел да преговара за нов договор за време на Мундијалот. Суарез моментално е член на Национал од својата земја, но веќе подолго време се поврзува со голем број клубови. Тој се врати во Национал летото и му помогна на клубот да ја освои титулата во лигата.

Актуелниот договор е до крајот на оваа година, а уругвајскиот портал Релево наведува дека сопругата на Суарез и неговата сестра веќе преговараат со неколку клубови.

За неговите услуги се заинтересирани ЛА Галакси и Интер Мајами од МЛС, а на маса има понуда и од бразилски Гремио. Гремио се врати во елитните редови на бразилскиот фудбал и има големи планови.

Според некои информации, Суарез би можел дури и да се врати во Шпанија по само половина година, бидејќи за него огромен интерес покажала Севиља на која навистина и треба нов напаѓач, а Хорхе Сампаоли наводно го сака Суарез.


Ходл: Ако не го освои Светското првенство, Меси секогаш ќе биде во сенка на Марадона

Поранешниот англиски фудбалер и селектор Глен Ходл смета дека аргентинскиот напаѓач Лионел Меси секогаш ќе биде во сенка на легендарниот Диего Марадона доколку не успее да го освои Светското првенство.

„За мене, Марадона е најдобриот играч што светот некогаш го имал, подобар од Меси, Кристијано Роналдо, Пеле, Јохан Кројф, кој било. Мислам дека беше чист гениј. Светското првенство во Катар е последната шанса на Меси да го надмине или да се искачи на нивото на Марадона, инаку тој секогаш ќе биде во негова сенка“, изјави Ходл за „Дејли Стар“.

35-годишниот Меси учествува на петтото светско првенство во кариерата. Марадона имаше четири вакви турнири на своето конто, но за разлика од напаѓачот на ПСЖ, тој успеа да освои еден од нив во 1986 година.


Катар ќе ја стави Португалија на црната листа веднаш по Мундијалот

Катарските власти ќе ја стават на црна листа на Португалија на крајот на Светското првенство поради изјавите на претседателот Марсело Ребело де Соуза и премиерот Антонио Коста.

Да потсетиме дека Де Соуза даде изјава за човековите права на конференцијата во Доха, на маргините на натпреварот помеѓу Португалија и Гана. Иако овие зборови беа прилично благи, владата на Катар веќе ги разгледа претходните изјави на лидерите на земјата, по што португалскиот амбасадор во земјава беше повикан кај вицепремиерот на Катар.

Црната листа може да има политички и економски импликации и да влијае на движењето на луѓето меѓу двете земји. На Катар, исто така, наводно не му се допаѓаат јавните критики од Данска, Германија и Франција.


Бензема ќе добие медал ако Франција заврши на пиедесталот

Францускиот напаѓач Карим Бензема ќе биде меѓу играчите кои ќе добијат медал на Светското првенство доколку неговата репрезентација го освои турнирот во Катар.

Според изворот, ФИФА ќе додели 26 медали на играчите на тимот што ќе го освои турнирот. Карим Бензема, кој не беше во можност да настапи за француската репрезентација, беше во нејзиниот состав за турнирот, но поради повреда беше принуден да се откаже од учеството на Светското првенство. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп можеше да побара замена, но одлучи да не го стори тоа.

Да потсетиме дека Франција е актуелен шампион од претходното СП вп Русија 2018 година. Светското првенство во Катар ќе трае до 18 декември.


Три фудбалски легенди пред трансфер во Интер Мајами

Англискиот весник Тајмс пренесува дека фудбалерот на ПСЖ и капитен на Аргентина, Лионел Меси, е многу блиску до трансфер во Интер од Мајами.

35-годишниот Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, и наводно веќе одби продолжување на истиот. Аргентинецот имал понуда и за враќање во Барселона, но според најновите информациите тој е блиску до заминување во американската МЛС лига и потпис со Интер од Мајами каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам.

Освен Меси, челниците на Интер се очекува да ги доведат и Сеск Фабрегас и Луис Суарез, кои се поранешни соиграчи на Аргентинецот од периодот во Барселона.


ПСЖ нуди богатство за Пјер Калулу

ПСЖ покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Милан, Пјер Калулу, пренесуваат француските медиуми. Спортскиот директор Кампос потврди дека клубот работи на доведување на нов дефанзивец, а прво име во списокот на „светците“ е Пјер Калулу од Милан.

21-годишниот Французин буквално „експлодира“ минатата сезона во дресот на Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци.

ПСЖ сака да го доведе во јануари и веќе спремил понуда од 50 милиони евра, но тешко дека ќе може да го убеди Милан да го пушти Калулу кој е еден од најважните играчи во тимот.

Французинот минатиот месец стави потпис на нов договор со „росонерите“ до 2027 година, а Милан е спремен да ја одбие понудата од ПСЖ.


Се повреди капитенот на Саудиска Арабија, заврши Мундијалот за Фарај

Капитенот на Саудијска Арабија, Салман Ал Фарај, кој се повреди на мечот со Аргентина во првото коло на Мундијалот во Катар, ја напушти селекцијата и се врати во татковината.

„Ерве Ренард му даде дозвола на капитенот Салман Ал Фарај официјално да го напушти кампот по проценката на лекарскиот тим дека повеќе нема да може да игра“, се вели во соопштението на националната федерација објавено на Твитер.

Саудиска Арабија ќе мора да го победи Мексико во последниот натпревар од групата в среда за да обезбеди пласман во осминафиналето без разлика на исходот од натпреварот меѓу Полска и Аргентина.


Тадиќ: Мора да останеме позитивни до крај

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Душан Тадиќ, после ремито со Камерун 3:3, истакнува дека има работи кои треба да се поправат во играта на селекцијата, но постојат и добри елементи во играта на српските фудбалери.

„Примивме два гола за две минути. Мораме да ги подигнеме главите и да бидеме позитивни до крај. Имаше доста добри работи, но и работи кои треба да ги поправиме. Се надевам дека во последното коло од групната фаза се ќе биде во нашите раце. Радува офанзивната игра и големиот број на постигнати голови“, изјави Тадиќ.

Србија својот последен натпревар од групната фаза ќе го има против Швајцарија.